Голема молитва, 40 дена на новородено бебе

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ме враќа на муабетот: "Плаче детето зошто не ти е крстено"

Затоа што крстените деца не плачат?!

Инаку, по мене, да, треба детето да стои изолирано со првите 40тина дена, ама како што кажа некој во првите одговори - од медицинско/биолошки причини. Затоа што сепак има 88% луѓе на планетава кои што не се православни, а и за нив важи истата препорака.

Резимирано, за многу вакви верски правила наоѓам медицинска позадина, претпоставувам дека луѓето уште на времето го сфатиле здравствениот бенефит од нештото и го преточиле во верско правило.
 
Ocajna , јас сум кум на детето на другар ми , и кога беше крштевката попот ме праша дали сум крстен . Му реков дека сум и продолживме со крштевката , нит крштеница ми побара нит ништо. Како прво е идиотски да лажиш дека си крстен ако не си , башка шо сигурно правиш грев ако си кум и не си крстен . Муабетов ми е дека не би требало да бараат докази од МПЦ за тоа дали си крстен или не , ако лажиш на тебе паѓа гревот за тоа.Не верувам дека има толку ментални луѓе кои прифатиле да бидат кум некому а лажат дека се крстени .

Свештенството со право бара документ од кумот, за да се увиди дали самиот кум е крстен и уште повеќе, дали има абер која вера ја исповеда.

Јас сум сведок кога на крштевка, кумот не го знаеше симболот од верата (!!!)...а замисли, истиот тој кум треба(ше) да се откаже од влијанието од ѓаволот (кој ли е тој?...), а според својата улога, кумот треба да го води и упатува кумашинчето во верата Христова, за која кумот си нема абер...

Свештениците ќе одговараат не пред Стефана епископот, туку пред сам Христос Бог ако крштевањето, како Света Тајна, го изведат надвор од црковната пракса за крштевање и/со миропомазание.
 
Последно уредено:

Огромен број од луѓето се атеисти и им е гајле за све тоа. Само сакаат кумови да бидат и лажат, затоа што не веруваат во грев, религија и тн. За нив све тоа е ништо.
Ти кога прашуваш - како може да прави таков грев, треба да сфатиш дека грев, како таков, не постои у неговата глава.
 
Свештенството со право бара документ од кумот, за да се увиди дали самиот кум е крстен и уште повеќе, дали има абер која вера ја исповеда.

Јас сум сведок кога на крштевка, кумот не го знаеше симболот од верата (!!!)...а замисли, истиот тој кум треба(ше) да се откаже од влијанието од ѓаволот (кој ли е тој?...), а според својата улога, кумот треба да го води и упатува кумашинчето во верата Христова, за која кумот си нема абер...

Свештениците ќе одговараат не пред Стефана епископот, туку пред сам Христос Бог ако крштевањето, како Света Тајна, го изведат надвор од црковната пракса за крштевање и/со миропомазание.

Абе ок, ама ко шо реков не му покажав крштеница ( не мислев дека ќе треба да му ја покажам на попот башка шо незнам ни кај ми е :) ) , ме праша дали сум крстен , му кажав дека сум и се заврши работата . Ова се случи во Прилеп пред некои 11-12 години . Тоа шо велиш дека попот ќе одговара пред Бог ако не е правилно крштевањето веројатно е така , ама во случај некој лажно да се претставува дека е крстен тогаш гревот е на него не на попот .
 
Во случајов, свештеникот (ти) поверувал „на збор„, но еве велиш има години поминато од тој настан.

Ако кумот излаже дека е крстен а не е, тогаш гревот е само негов, не е од свештеникот, нормално...

Последниве години, свештенството бара документи за одредени верски потреби како што напишав, основано и со причина.

На пример, бараат и документи за основано сомнителни случаи од покојни, кои отишле од овој свет на сомнителен начин, како што е на пример самоубиството, кое во црковното учење е неприфатливо и врз самоубијци не се вршат сите потребни црковно-погребни дејанија.
 
Кои документи се официјално потребни за крштевка??? Можеш ли да ги наброиш?
Не можеш ни ти ни ниту еден поп православен, зашто на секој поп како ќе му текне такви документи бара.
А што ако кумот ја изгубил крштеницата, реално кој чува крштеница толку долго време.
 
Тркни до најблиската црква, обрати се до свештеството од црквата и ќе ти посочат кои документи ги бараат, согласно одредено црковно дејание.

Нормално дека не можам да ги набројам, оти не сум свештеник и од никого не барам документи.
 
https://preminportal.com.mk/266-vesti/2741-golema-molitva-blagodarnost-kon-boga-za-daruvanata-rozhba
Еве некои информации што се пишани овде околу големата молитва.
Исто така, може по 40 дена детето да се крсти според кажувањата на одредени свештеници, а и по одредени предели во светот каде што ги крштеваат децата по големата молитва.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom