Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Да беше сега мрме 6 бода дали ќе имавме со овие играчи. Али тоа македонче толку разбира.
Автоматски споено мислење:

Да не беше Боби, Мрме ќе беше селектор од рангот на Џиџи, Канатларовски и остали квази тренери. Мрме си губеше со Ерменија,Албанија, реми со ебена Естонија, лошо европско со најдобар тим кој сме го имале( играчи во топ клубови со добра минутажа) и згора на се неговите клубски авантури. Али Боби е крив што ги произведе пола играчи, што беше 2 во група,што во бараж ја тепа Италија и машки игравме со Португалија,за да на крај во најтешката група каде што има какви такви шанси за пласман на европско и игра ТОП фудбал со играчи без клубови и чкљ клубови, да е направен најголем кривец како упропастил сјајна генерација и бил најлош селектор. Класични размислувања на луѓе кои пратат Мак фудбал три пати годишно и немаат појма што се случува и Мрме го замислуваат дека ќе ги реши проблемите и ќе играме уште едно европско.
Пред 2 год иста прича
 
Да ја тргнеме политиката на страна, ако се гледаат само тренерските квалитети, за мене секогаш Боби е пред Мрме.

Знам сега некој ќе го разбере ова погрешно, како јас да тврдам дека Милевски е Гвардиола, далеку од тоа, само сакам да кажам дека го вади максимумот од овие играчи што ги има и дека во голема мера трпеше критики кои реално не ги заслужи.

Во цел негов мандат на клупата му замерувам само за поразот од Бугарија на домашен терен, не знам колку е и тоа негова кривица ама едноставно во тој период поради политичките случувања мораше да ги добиеме комшиите на домашен терен.
Ние изедовме црвен во 10та минута и после одиграме како пичиња, никогаш на цела оваа генерација нема да им го заборавам тој пораз.
Па искрено Милевски е квалитетен тренер. Само што кај нас се гледа така затоа што е нашинец. Еден Гвардиола, дете на Барселона, цела тренерска кариера си ја има трасирано преку Барселона, Баерн и Сити - топ клубови кои стално имале пари и можеле да си донесат кого сакаат да игра за нив. Еве сега Фернандо Сантош доби отказ од Азербејџан откако загубија од Исланд на гости со 5-0. ПЕТ НУЛА! Башка што имаа пораз дома од Хаити во пријателска со 0-3 и изиграа тиња во лига нации (еден пораз и од 6-0). па ете Сантош освои европско со Португалија (ако не го бива нешто посебно како тренер). Боби баш дека со тим чии играчи постојано бараат клубови и се вон-форма прави добри резултати. Еден другар мој англичанец после утакмицата наша со Англија во Скопје се чудеше како влегол Ашковски без да игра во некој клуб и пак се трудел на терен, а Англија и зела бод на Македонија, а не обратно.
До октомври има време. Доста играчи најдоа клубови, тренираат и почнуваат да играат за своите клубови. Да, Белгија е квалитетно подобра, тука нема збор, ама па и не е тоа што беше пред 4, пред 8, пред 10 години. Сега ќе го немаат Лукаку, што за мене е голем плус затоа што е тежок да се чува. Може и три-четири да примиме, може и 0-1 да тепаме, се бива. Кај дечките има голема волја и мислам дека сите посакуваат пласман на СП. А таа волја некогаш може да е и фактор плус. Реално или не, постои шанса и треба да се проба и да се искористи. Ако ја добијат Белгија, ќе им треба само бод во Кардиф против Велс за прво место. Баражот секако стои, дури и мислам ако е бараж подобро преку ЛН, поповолни екипи за противници би имале од тие во првиот шешир.
 
Оваа генерација на младинци според мене е најслабата цо историјата и предходната со Диме Тодоровски,Станковски,Максимов беше подобра.Јас не видов некој да се издвојува да биде лидер
 
Оваа генерација на младинци според мене е најслабата цо историјата и предходната со Диме Тодоровски,Станковски,Максимов беше подобра.Јас не видов некој да се издвојува да биде лидер
Дечкото од Ѕвезда е добар,седмицата. Оние брачата многу слаби.
 
Тој од Ѕвезда уште на полувреме требаше да го извади, добар е по душа можи, нешто во филм е си мисли Ибрахимовиќ е, преслаб играч, многу порано требаше Ѓорѓиевски да влези, според мене најзадоволително изигра Хамза од Струга, другите испод ниво.
И како шо пишаја погоре ова е најслабата генерација на младинци, овде играч за сениори немаме во следните години.
 
Добар е Гаштаров имајте во предвид дека е најмладиот во репрезентацијата. Има уште време да напредува и верувам дека многу од вас ќе го променат мислењето за некоја година.
 
Со 2 нерешени до крајот со Белгија и Велс и победа со Казакстан ќе бидеме ли први или мора сплет на околности? Идеално би било две победи и реми ама тоа е многу тешко, со Белгија мислам дека можеме реми,Велс ми е без везе не ни оди против такви држави.
 
Во поглед на вчерашната утакмица Србија Англија, ние со Англија имаме 3 нерешени и 3 порази и тоа 2 минимални и таа 7-0 :coffee:
Со тое А репрезентации добри сме, поише ни праат проблем тие Б репрезентации.
 
Со 2 нерешени до крајот со Белгија и Велс и победа со Казакстан ќе бидеме ли први или мора сплет на околности? Идеално би било две победи и реми ама тоа е многу тешко, со Белгија мислам дека можеме реми,Велс ми е без везе не ни оди против такви држави.
Со 2 нерешени и победа против Казахстан тешко да бидеме први. Ние имаме сега 11 бода од 5 натпревари. Тогаш би имале 16. Белгија има 10 од 4 натпревари, со нас ако изигра нерешено = 11, значи на другите 3 натпревари треба да освои максимум 5 бода, значи 1 да победи и два нерешено, за да имаме ист број бодови, па и тогаш пак ќе се пред нас заради гол разликата. Ете да речеме да изгуби од Велс, пак има натпревар против Лихтенштајн кој сигурно го добива, а со истиот оној Казахстан кој го победи 6:0 треба да изигра минимум нерешено за да има помалце бодови од нас. Значи практично невозможна мисија е тоа прво место. Евентуално со 3 победи е остварливо.
 
Охоо немаме шанси реално,бараж е плафон тука значи,Велс ако се вмеша ама и тоа е недоволно,нас плафон ни е нерешено кај Велс и Белгија и победа рачунам врз Казакстан кој ќе има нов тренер и може ќе имат некоја мотивација повеќе,дај боже ама тешко директно да одиме.
Автоматски споено мислење:

Мораше Велс да го тепаме дома
 
Тоа второ место во групата би било премија. Не заради баражот, ние секако ќе играме бараж, дури и петти да сме во група, туку зашто во истиот бараж се добива поповолна позиција. Најдобрите 4 второпласирани репрезентации ќе бидат ставени во прв шешир, тие од 5-8 место во втор шешир, тие од 9-12 во трет шешир и четирите од Лига на нации во 4 шешир. Во полуфиналето на баражот тие од 1 шешир добиваат репрезентација од 4 шешир (теоретски таму би можел да биде и Сан Марино), а тие од 2 добиваат репрезентација од 3 шешир. Значи за нас најдобро би било да завршиме 2 во групата и да сме меѓу четирите најдобри второпласирани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom