Само да се мрчело од дома. Ете си можел ти да одиш. Бев на сите три натпревари и посетеност има задоволителна, посебно со оглед на резултатите. Најмалце половина трибина е полна, можеби вчера и цела. Пољаци немаше повеќе од 50-тина, нормално семејството и гракаат Defense, Defense, NBA го уништува навивањето.
Што се однесува до играта, не ми е јасно како изгубивме од Кипар и Ирска, посебно што 30-35 минути бевме подобар противник, можеби требаше повеќе притисок да правиме како публика. Денес немавме шанса, не утепаа со тројки, а под кош бевме немоќни, нивниот центар е 212 см, ние немаме таков во сениори, не па до 16. Тоа е тоа. Не знам дали можам да издвојам некој играч, можеби Павел Ѓиновски на вчерашната утакмица. Солев е голем борец. Чучанов имаше добра прва утакмица, но некако немам надеж дека ќе стигнат до сениори. Тоа е тоа, спортот најдобро ни ја покажува сликата на државата, тонеме од ден во ден.