Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ништо друго, ликот изгубил саат време да го напише постот, треба барем тоа да му се цени. Не е класичен оф топик, туку има бајаги корисни информации за инвестирање.

da ali ne e vo soodvetna tema. ima miljon aspekti koj ne se opfateni i samo ke se odi oftopik ako se diskutira toa.
 
Сакаш да кажеш дека ако не планирам да инвестирам во станови по Скопјето, тогаш не смеам да имам мислење и да го кажам истото?
Стварно не знам како дојде до тој заклучок… мисли и пишувај што ти душа сака, само гледај тоа да биде на правилната тема за да има повеќе ефект. Пример ова погоре што си го напишал и објаснуваш, можеби е супер, ама е во погрешна тема и нема да има толку голем ефект и да стигне до луѓе што таа тематика им е предмет од интерес пошо е во скроз различна тема.

И оваа тема ја полниш со оф-топик дискусии, и другата тема за инвестирање останува посиромашна од квалитетни и детални информации…

А за мислењето во однос на другите што прават, пак ќе ти кажам, поубаво е да ги пофалиш, наместо да мудруваш кој каде како ако инвестирал што ќе постигнел… не разбирам која е потребата од таков чуден коментар.
Автоматски споено мислење:

Ако ништо друго, ликот изгубил саат време да го напише постот, треба барем тоа да му се цени. Не е класичен оф топик, туку има бајаги корисни информации за инвестирање.
Тоа што изгубил време он, не значи дека сите други идни членови што ќе прочитаат што се пишува тука ќе мораат да изгубат и од нивното време за оф-топик дискусии. Контра ефект има постот погоре за жал…
 
45-55% e маржата денес, инфо од прва рака, од луѓе што градат згради.
Ова е во најмала рака, да речеме некој просек, иначе и повеќе одат. Лично имам правено муабет со инвеститор и го прашував што мисли за цениве на становиве, не само во Центар него општо, самиот ми рече дека се над 1000 евра (во периферните средини) и 1200-1500 (во урбаните) е лудница и чиста кражба (овде правевме муабет на трошоци за материјали, плати на работници, комуналии и пропратни трошоци и пак на крај да излезат во ќар). Е сеа вие видете што праат оние што продаваат по 2000+ евра од квадрат во дупка, а да не зборуваме што 90 и кусур проценти градат со фуш материјали. Пепел.
Автоматски споено мислење:

Ти работиш со претпоставки, а не јас. Твои беа зборовите дека на 600к инвестирани ќе вратиш 300к за 10год., со еден куп претпоставки како тоа ќе се оствари преку кирии и пораст на вредноста. Јас само кажав дека истите пари ќе си ги добиел ако си ги ставел in the world's risk-free investment 10y US bond без никаква мака и труд.
А јас еве ти кажувам да вложел толку пари во садење компири 600к ќе врател за 10 години, не 300к, и сега кој е во право? Ти ја сфаќам поентата, ама мора да разбереш/ме дека не може сите луѓе да бидат брокери и да инвестираат на пазарот на хартии од вредност. Затоа и има различни индустрии, секој си тера таму каде што мисли дека е најдобар.
 
Последно уредено:
Трошоци за материјали се мање више исти и во Пехчево и во центар на Скопје и во Аеродром и во Карпош.
По таа логика треба исти да бидат цените, тоа ли алудираш?
 
Не сум тој што го пишал коментарот, ама претпоставувам дека комуналиите и другите давачки се различни во различни општини па затоа и цените би биле различни.
 
И митото е различно во Дебар Маало и во Богданци
 
Znaci cenite se razlicni vo bogdanci I centar na skopje zaradi mitoto. A inace po vase isti bi trebalo da bidat neli?
 
И митото е различно во Дебар Маало и во Богданци

Како „иде„ митото за Дебар махала а како за Богданци..ако не е тајна, нормално...:cautious:

За себе прашувам...не за другар.
 
50% маржа, машала. Ни за бурек не е толку ќарот.
Ама кога ќе видиш кои се се акционери, Надзорни и Управни одбори на банки (ко Адора, Настел или ЗСФ), има нешто, има. Кругот е малечок, а во него сме сите.
 
Ова е во најмала рака, да речеме некој просек, иначе и повеќе одат. Лично имам правено муабет со инвеститор и го прашував што мисли за цениве на становиве, не само во Центар него општо, самиот ми рече дека се над 1000 евра (во периферните средини) и 1200-1500 (во урбаните) е лудница и чиста кражба (овде правевме муабет на трошоци за материјали, плати на работници, комуналии и пропратни трошоци и пак на крај да излезат во ќар). Е сеа вие видете што праат оние што продаваат по 2000+ евра од квадрат во дупка, а да не зборуваме што 90 и кусур проценти градат со фуш материјали. Пепел.
Автоматски споено мислење:

А јас еве ти кажувам да вложел толку пари во садење компири 600к ќе врател за 10 години, не 300к, и сега кој е во право? Ти ја сфаќам поентата, ама мора да разбереш/ме дека не може сите луѓе да бидат брокери и да инвестираат на пазарот на хартии од вредност. Затоа и има различни индустрии, секој си тера таму каде што мисли дека е најдобар.

Друже, абе зашо вака прајме, ме влече да одговорам, ама ќе ми кажат дека сум бил вон темата. A како да објаснам дека имаТ ама и немаТ врска со темата, а да не ме разберете пак погрешно. Нејсе, се слагам да не ја расплинуваме....

п.с. Иначе, за 10год што ќе садиш компири, малку е 7,18% треба барем дупло од тоа да бараш, сериозно :)
п.п.с. Земав вчера NEO@5.50, ќе го чекам до кај 6.10-6.20 у следниве недела-две, ако некој сака да следи.
п.п.п.с. Не сум брокер, јес да имам фин бекграунд, ама обврзници ти се малтене исто ко депозит, не ти треба брокер ни за тоа :)

50% маржа, машала. Ни за бурек не е толку ќарот.
Ама кога ќе видиш кои се се акционери, Надзорни и Управни одбори на банки (ко Адора, Настел или ЗСФ), има нешто, има. Кругот е малечок, а во него сме сите.

Јок бате, грешно си прочитал. Ова 50% од цената е плус одозгора над регуларната маржа што ја има за да работи профитабилно.

Што ќе рече тоа треба да биде јаготката над шлагот.
Само што тие ставаат гајба јагоди, да не речам цела овошна салата малтене (n)
 
Друже, абе зашо вака прајме, ме влече да одговорам, ама ќе ми кажат дека сум бил вон темата. A како да објаснам дека имаТ ама и немаТ врска со темата, а да не ме разберете пак погрешно. Нејсе, се слагам да не ја расплинуваме....

п.с. Иначе, за 10год што ќе садиш компири, малку е 7,18% треба барем дупло од тоа да бараш, сериозно :)
п.п.с. Земав вчера NEO@5.50, ќе го чекам до кај 6.10-6.20 у следниве недела-две, ако некој сака да следи.
п.п.п.с. Не сум брокер, јес да имам фин бекграунд, ама обврзници ти се малтене исто ко депозит, не ти треба брокер ни за тоа :)
Види го, пак не разбра. Ај да ти доловам пластично, мислам, ќе пробам. Тоа со компирите беа фиктивни бројки секако, нит садам компири нит знам како иде приносот од нив, ама она што сакав да ти го кажам е дека човекот можеби купил 6 стана во тоа време затоа што во тој домен ги имал информациите и сакал тука да ги вложи парите. Секогаш ќе има подобар начин да вложиш пари, верувам и од твоето има подобар начин кој ниту ти ниту јас го знаеме, ама сигурно нема да ти солам памет дека требало да ги вложиш во нешто друго кога тоа ти носи профит.

Иначе да не ме сфатиш погрешно не ти викам дека ти правиш нешто погрешно или дека е лошо тоа што го правиш со обврзниците. Лани нашиве извадија добра државна обврзница со 5,5% ако не се лажам, ако некој искористил топ.
 
Добро стварно мислиш дека озбилно те сфатив за тоа со компирите? Олабави друже, грешка си и ти, а и другите ако мислите дека солам памет. Го здоболе ликот со 600к на сметка за моето мислење, и за тоа што јас пишувам, мислам сериозно. Со него се разбрав во 3 поста, а со некои од вас во 30 треба да се дообјаснувам.

Ако сум дошол да мавам рецки за право/криво, налет нека е пишувањето, немам друга работа да си арчам време. Али дека мислам дека е нон-сенс некој да инвестира во циглите во Скопје и да се надева на 4% поврат -- апсољутли е нон-сенс. Боље оди тури ги у УС обврзница и накриви капа. Дали некој можда ќе прочита и така ќе направи, поим немам и не ме интересира. Ама, ако ништо друго ене го, пишано е погоре, ако некој сака малце повеќе да прочачка. Е тоа е идејата на форумот, барем за мене, не знам за вас. Изгледа борби тука се водат, барем да знам за следниот пат со гајдата да дојдам ако не, сукња секако носам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom