Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Имаше најјак јузернејм на времето :D
Туку од сите ликови што поминале на форумов и што сум се запознал, ме копка каде е и што прави Марјан Мики (или како и да беше јузернејмот) :D
Беше бајаги помал од мене, ама стално спамавме на мсн (секој муабет почнуваше со awe malak), плус се гледавме во маало цело време, а играше некое време и за Славија.
Дојчланд. Tebe u avtobus nakaj zenskata te imam zapoznaeno. Papucar si beshe haha
@Just Do It me ima naterano na utakmica vardar da otidam. Ubavi vreminja
 
Еј, 20 години, а јас 19 тука...

Време во кое ретко се наоѓаше содржина на македонски јазик на интернет, на една рака се броеја наши портали, за социјални мрежи уште не стануваше ни збор.

По последниов долг пад и враќањето на форумов видов некои луѓе онлајн со кои пред 10-15 години сме се дружеле активно и сме дремеле до 5-6 сабајле на MSN и го имав тоа чувство „ко да било во некој друг живот“.

Форумот ми беше од огромна помош од аспект на социјализација во Скопје во студентските години кога не познавав никој, тазе преселена. Собиранки во Бариста, билјард дружби, кафе дружби, хуманитарни собиранки, театарски претстави, кино проекции, stand up настани, концерт на Архангел, секогаш имало луѓе за сегде. Криво ми е што речиси 90% од тие луѓе веќе не се активни на форум, но дел од нив се вклучени и во јавниот живот, па често ќе видам некој на ТВ или некој настан и ќе си речам „еј овој го знам од кајгана, сме седеле на кафе таму и таму“ и ми доаѓа убаво на душата.

Посебно убаво е тоа што си наоѓаш луѓе со кои делиш слични афинитети, што во реалност е баш тешко. А тука имаше луѓе од секакви профили, од универзитетски професори, актери, режисери, писатели, лекари, до провокатори, тролачи, дудлачи, безделничари, до луѓе кои градат репутација на форум, оти ја немаат во реален живот итн. итн.

Ко Македонија во мало го доживувам форумот. Порано на пример ќе прашаш нешто и 20 луѓе ќе ти реплицираат во обид да ти помогнат да ја добиеш таа информација, на 53 страница веќе ќе се испокараат меѓу себе, а ти ќе добиеш различни перспективи за темата. :D

Игравме онлајн „не лути се човече“, „бесилка“ во посебни кајгана групи и се смеевме до сабајле. Имавме и форумски весник КФВ кој излегуваше еднаш месечно и посебен подфорум во кој се договаравме за следниот број.
ККК - кајганџиски книжевен каталог со кој несвесно им помогнавме на многу средношколци да се извадат на час по лектира. Многу предлози за серии, филмови, книги, музика, корисно трошење на времето.

Активноста, посебно пишувањето по теми многу ми се намали последниве години, но кајгана е еден голем дел од градењето на мојата личност и се надевам ќе опстојува до прославување на барем 100-тиот роденден. :pipi:
 
Последно уредено:
Да може само да видите каква блажена фаца имам додека ве читам сите:), насмевка искрена и убавина во душа:love::)

Браво, Браво @Acid за прекрасниот бесмртен форум.
Дефинитивно е дека кајгана форумот со сите негови членови е најнај добар форум во Македонија и надвор од неа.


Убаво е да се прочита какви убави дружења сте имале, па и смешки, заебанции, сеири, хуманитарни акции...БРАВО ЛУЃЕ!!!!!!

Нема да се срамам, си признавам.....
Дојдов на форумов тотално неписмена...хахааа...не знаев уште што е ник, аватар, постирање( јас велев простирање, синкир алишта спростирам)...учев поими што е бот, што е бан, офтопик и многу други работи.
Не е битно како бев дочекана или на нож пречекана...
ОСТАВАМ НА ФОРУМОВ БЕЛЕГ КАКО ЕДНА ОД ТЕТКИТЕ

....осознав дека имам краток фитил и брзо експлодирам....но сепак и со тие што се расправаме, на некој начин си фалиме ако не нема.
Ми фалат Мики, Летко, Алф, Хепта, алмеида идр.


Посакувам уште мнооооогу години успешна работа.
 
Фала Тончи за трудот вложен во постот, ме врати во една фаза од животот која ми се чини дека била "во друг живот" :aplauz::pijani::zver:

Инаку, ја имам барано легендарната слика "со 2 бутилки Каменитza", ама мислам дека е трајно избришана. Ако некој случајно ја најде, нека ја сподели, ќе му бидам благодарен! :)
Прегледај го приврзокот 452165

Ова е една слика од "продолженијата" после фудбал со фрижидерчето на Lou Weed (долу-лево) :pos:
Прегледај го приврзокот 452161

Ова е од Пиволенд (Кале), од лево кон десно: Тончи, Џиш, Кире Мали, Serpico, Acid.

Прегледај го приврзокот 452162

И од фудбалска пресметка :)
Прегледај го приврзокот 452163
Прегледај го приврзокот 452164

Прегледај го приврзокот 452166
Кој фудбал, врска немате!
Гледав неколку видеа, од цела екипа 1-2 се разбираа од фудбал, другите вежбаа карактер.
 
Било какви нови социјални мрежи да никнат, ниедна од нив нема да го замени форумот како медиум.
Било да е за забава, за сериозни дискусии, за прашања форумот ми е број 1 место. Организирано, различни профили на луѓе поделени по различни подфоруми. Можеш да влезеш клизачи, без да има опција да те избрише :D


Член 15 години, првото мислење пред 14 години, официјално активен 13 години.

Форумската кариера ја почнав на Бадијала 2009та година. 2011 имаше еден период кога беше паднат форумот и дојдов тука за да се најдам со другарчињата бадијалџии што не имаше во доста голем број.
Тогаш сум го пишал и мојот прв пост во тема "Максимална брзина со која сте возеле моторно возило?", какво лошо хехенце :facepalm:
220 со Рено 4 :pos:

...сеуште немам возено моторно возило
:)

Негде една година подоцна згасна комплетно Бадијала и добар дел се префливме на Кајгана. Така што официјално активен член се рачунам од 2 јули 2012 (да, скролав назад низ постовите за да проверам).

Од тогаш наваму 25000 постови, 200 отворени теми, 60000 допаѓања и куп нови пријателства од кои дел и во реалниот свет.
Во еден период дел од администрацијата задолжен за "Интернет" подфорумот. Одлични неколку месеци дел од кајгана форумската редакција задолжена за весникот (поздрав во сите инволвирани во него, дали како уредници, дали како гости). Се на се, убави 13 години поминати тука.


Една од легендарните теми што треба да се спомнат е и Фан Клуб Бамбер Бриџ. Уште не ми се верува дека работата стигна до таму Рики да има интервју за BBC :D

1754128744848.png

Kajgana Memes, Пцовките на Џонтра... а бе цел подфорум фудбал изобилуваше со позитивни дечки. Жал ми е што добар дел од нив заминаа (или само се на пауза) од форумов.
 
Ич не ми е чудно за 20 годишнината :cool:
Одамна сум тука, мислам од 2007. Славно паднав како жртва на мојот сенс за правдина и тоа двапати! И двата пати за една иста работа, клима уредот во Маврово:facepalm: Оттогаш и не одам на темата најекономично греење.
Тука сум поради спортските теми и по некоја бош тема од општиот живот. Не можам да се пожалам на ништо во врска со форумов, напротив!
Ај па да даде госпо и 30 и 40 годишнина да си дочекаме!
 
@Stefan-kobe брат куде ке се сеќаш кд пиеш "дај шта даш" и незнаеше глава куде ти а не па сако.
Само Клипче знаеше куде му е глава хаха.

Иначе ја никад нема да гу забраву слику од тебе кд те виде како праиш скришно дакфејс селфи потпрен на ѕд сс ногу на назад, како некоја проститутка од амерички филм у девеести.

А Џонтра е посеба прича, капку крф нема у туј велешку фацу.

Никад нема да га забраву и момент Клипче кд извади џоинт за дваес душе, а џоинт помал од на сина ми куре.


:icon_mrgr:
 
Среќна 20-ка Кајгана! Преубаво време, преубава енергија, преубави пишувачи, полемики и - пријатели. Форум кој формираше карактери и без кој немаше да сум она што сум денес, од секој аспект. Ќеиф и задоволство! Поздрав за сите одредум, од Дарко, Марјан (fala AciT za novio pass :) ), Дени, Црвен и цела кајгана фамилија. Да се множат! Ќе се вратит време форумско! :D
 
На форумов кога се зачленив не знам пошто првиот профил со кој се зачленив си го заборавив пасвордот и на акаунтот и на меилот па по втор пат се регистрирав ко Жешки Ице ама која година ебем ли га ама тука поминав средно и факултет, тоа знам сигурно па после правев огромна пауза и кога се вратив пола од форумот го снема или бар тие луѓе со кои си пишував и дружев.
Местото на форумов ради кое се зачленив беа дефинитивно темите за фудбал и фан клубовите и до денес мислам дека основна точка зошто пак се завраќам на форумов после толку време. Какви времиња и смеења поминав во тој златен подфорум тоа е непроценливо а времето таму ми почна со јадење константно опомени од прекалениот господин Пежантије кој одамна го нема, он беше мистер Бед Коп, а Фрос беше д Гуд Коп ама држеа перфектен баланс на темите кои стално идеа на тенка линија. :D Па после организираните дружења и заеднички гледања на утакмици, исто топ, тука би ги споменал прекалениот г-дин @Донев кој исто како мене во последно време забушава со форумов а тога беше многу поактивен, комрадот и маме ебачот на се што се вика Арсенал или Јунајтед фан, прекалениот господин Даворче:ROFLMAO::noze: и една чиста и пресмешна душа @dragonsky со кој еднаш не знам како се најдовме ама битно завршивме на биљарда и пиво. Сега не ми текнува на други, да не ми се лутат ама би ги спомнал сите од ФК Челзи како членови ради кои стално се враќам тука и господата од темата за Премиер лига, посебен поздрав до фановите на Арсенал и Јунајтед, ега никад не освоите ништо битно и пропаднете у блам како што сте почнале.

Друга ориентациона тачка ми беше подфорумот за Филм и ТВ, сега таму воопшто не сум активен пошто слабо гледам филмови и ТВ ама тогаш од стариот профил таму бев доста активен и би издвоил Io, Forest Gump, wot, џимеј, grande-juve, Anon и имаше уште еден куп кул ликови што дискутираа филмови и TВ и се правеа водичи за гледање, се пишуваа есеи од рецензии и ме навлекоа на Летербоксд :D

Од подоцни времиња би го издвоил прекалениот господин @Генерал со кој уште немам седнато во кафана и се договараме и одовлачаме двајцата ама он е оправдан, ја не :D Ама лик со кој можеш да направиш асален муабет на секоја тема, да добиеш конструктивна критика или мислење и ГЕНЕРАЛНО топ човек, за џабе не е Генерал.

Толко на брзо и на кратко, ако ми текне ќе допуну.

п.с поздрав и до симпатие што ми бесва од форум, живи биле куде и да сте, сакам ве још <3 Знаете си кои сте.
 
Иначе ја никад нема да гу забраву слику од тебе кд те виде како праиш скришно дакфејс селфи потпрен на ѕд сс ногу на назад, како некоја проститутка од амерички филм у девеести.
Лажеш како циган, ама од оние цигани што живеат под мост во картонски кутии. Кај сум праел ја дакфејс бе, немој да ме нервираш сеа ај ти се молам.
 
Член од 23 Декември 2011, четврта средно, пред тоа го читав онака. Овој акаунт го користев година дена и претежно пишував во теми за фудбал, кајгана музик контест и некоја игра и тоа е тоа.
После една година од тоа имавте една собиранка и мене ми беше срам да дојдам. Кога видов од мислења колку било јако решив да направам нов акаунт и да се вметнам некако до наредна собиранка.
Имаше една собиранка во Бисер но јас бев втора смена на работа и пропуштив, од тогаш до денес немало собиранка или јас не сум приметил. Тоа беше 2013 или 2014.

Од тогаш го користам константно форумот, со привремени паузи кога сум умирал од работа.
Вториот акаунт Ацид ми го банираш засекогаш зошто му реков дека повеќе се ангажирани за продавања дилда, него за средување на форумот. Па се вратив на првобитниот.
Од кога го вратија форумот пред месец дена мора да се пофали неговата ангажираност за враќање на старата слава.

Искрено криво ми е што го фатив форумов од кога поминаа најславните денови.
Би упатил порака до сите стари членови што читаат ама не се активни, знам дека ги има многу. Пробајте да се вратите, форумот е уште убаво катче за разонода и убави мисли. Заборавете на сите недорзбирања ако ги има и приклучете се повторно.

Додека до помладите би рекол, искочете од вашата зона и зачленете се, нови пријателства никогаш не се на одмет.
 
Лажеш како циган, ама од оние цигани што живеат под мост во картонски кутии. Кај сум праел ја дакфејс бе, немој да ме нервираш сеа ај ти се молам.
Хехехе не праеше?
Епа значи такфа ти е фаца 24/7 хахаха

Договорено брат, пиемо ракију до инфузију.
Ска,Сциреа,Дани и Џонтра ако има воз од Велес, праимо кафану!
 
На форумов кога се зачленив не знам пошто првиот профил со кој се зачленив си го заборавив пасвордот и на акаунтот и на меилот па по втор пат се регистрирав ко Жешки Ице ама која година ебем ли га ама тука поминав средно и факултет, тоа знам сигурно па после правев огромна пауза и кога се вратив пола од форумот го снема или бар тие луѓе со кои си пишував и дружев.
Местото на форумов ради кое се зачленив беа дефинитивно темите за фудбал и фан клубовите и до денес мислам дека основна точка зошто пак се завраќам на форумов после толку време. Какви времиња и смеења поминав во тој златен подфорум тоа е непроценливо а времето таму ми почна со јадење константно опомени од прекалениот господин Пежантије кој одамна го нема, он беше мистер Бед Коп, а Фрос беше д Гуд Коп ама држеа перфектен баланс на темите кои стално идеа на тенка линија. :D Па после организираните дружења и заеднички гледања на утакмици, исто топ, тука би ги споменал прекалениот г-дин @Донев кој исто како мене во последно време забушава со форумов а тога беше многу поактивен, комрадот и маме ебачот на се што се вика Арсенал или Јунајтед фан, прекалениот господин Даворче:ROFLMAO::noze: и една чиста и пресмешна душа @dragonsky со кој еднаш не знам како се најдовме ама битно завршивме на биљарда и пиво. Сега не ми текнува на други, да не ми се лутат ама би ги спомнал сите од ФК Челзи како членови ради кои стално се враќам тука и господата од темата за Премиер лига, посебен поздрав до фановите на Арсенал и Јунајтед, ега никад не освоите ништо битно и пропаднете у блам како што сте почнале.

Друга ориентациона тачка ми беше подфорумот за Филм и ТВ, сега таму воопшто не сум активен пошто слабо гледам филмови и ТВ ама тогаш од стариот профил таму бев доста активен и би издвоил Io, Forest Gump, wot, џимеј, grande-juve, Anon и имаше уште еден куп кул ликови што дискутираа филмови и TВ и се правеа водичи за гледање, се пишуваа есеи од рецензии и ме навлекоа на Летербоксд :D

Од подоцни времиња би го издвоил прекалениот господин @Генерал со кој уште немам седнато во кафана и се договараме и одовлачаме двајцата ама он е оправдан, ја не :D Ама лик со кој можеш да направиш асален муабет на секоја тема, да добиеш конструктивна критика или мислење и ГЕНЕРАЛНО топ човек, за џабе не е Генерал.

Толко на брзо и на кратко, ако ми текне ќе допуну.

п.с поздрав и до симпатие што ми бесва од форум, живи биле куде и да сте, сакам ве још <3 Знаете си кои сте.
Донев ти беше досада жива, гњаватор од невидени размери. Не да сам имаја конфликти, али тип отров. Ти напишеш два збора, он у одговор Толстоја га поебе!
За разлику од тебе, ја на Челзи му посакују сваку годину да бидне сФецки шампион. С'с 200 фудбалери на платан списак и бар пола од њима да и ги продавате на комшије, сваку годину!
 
Член од втора средно, 2009та како и сите други, го отварав форумов само од школо, знам дека најмногу читав во темата "Случки во ЈСП" :pos: , фан клуб Вардар и Јунајтед.

Форумов би го карактеризирал како еден вид зараза, опсесија, порок. Доколку некогаш жена ми ме остави ќе биде ради форумов, затоа што дремам цело време и читам што се пишува.

Два месеци кризиравме со @Комити Лисиче кога беше угасен форумов, јас бидејќи најмногу се информирам од тука, он затоа што не можеше да се пцуе со Битолчани. :icon_lol:

Освен него и @Saber Rider не знам никој, а би сакал да ја запознаам Комити Форум екипата. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom