Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Нешто поново за потсетување од легендарните теми е темата што ваљда е закључена и скриена од сите (секако освен од администрација), а таа се викаше просечни кајганџија каде што беа правени мемиња со слики од фејсбук профилите на кајганџиите.
Тетките после оваа дешавка дојдоа до скапоцени информации и почна нивното златно доба на уцени, закани и клевети преку ПП.
 
Холи гауакамоли... 20 години, кога пројдоа... ваљда вчера...

Памтам кога се регистрирав јуни 2005та, работев во интернет кафе и си викам ајде да се регнам тука, може ќе биде океј место. Го видов @rymz со 70 мислења и си викам, аа сеа има да го стигнам :) И додека да искуцам 70 мислења видов дека форумов е мошне интересно место, различно од претходните форуми кои ги читав и ретко пишував на нив.

Првата собиранка ја пропуштив бидејќи бев ептен тазе член и срамежлив, ама затоа кога почна Кајгана фудбалската лига прв дојдов на терен со @Lou_Weed, фурумџија чија легендарност ќе биде надмината само од неговото фрижидерче (кој памти утре да си закаже редовен лекарски преглед, јер старост :pos: ). Lou исто така беше домаќин на првиот Кајгана роденден. Келнерката во неговиот кафиќ умре од работа :) Мислам дека околу 200 души дојдоа во место кое збира околу 120 луѓе :)

Вториот Кајгана роденден го славевме кај што е сегашна Буква (или некое од местата таму). И тогаш форумот беше паднат па по MSN се договаравме. Кога се врати форумот се врати со ГАЛЕРИЈА, каде што форумџии и пред се форумџики можеа да стават фотографии од себе, па имаше гласање која е најубава. Па KaiTekk напиша туторијал How to score a blonde in 10 steps... Инаку форумот пак за малку ќе паднеше од оваа фотографија...
Прегледај го приврзокот 452156
и коментарите на сите форумџики загрижени за модниот вкус и изгледаот на Ива Скорпија :)

Во овој период имаше и многу помали и поголеми собиранки. Кајгана фудбалската лига беше редовно нешто. Пиењето пиво после натпревар уште поредовно. Ме мрзи сеа да барам по интермец ако уште ја има фотографијата од @Acid со две шишиња Каменица споделена на бугарски портал со опис под неа „Мразат ни хората ама пијат ни бирата. Този човек е администратор на најголемиот македонски веб саит.“ :)

Во тоа време имаше многу луѓе кои не беа задоволни од модераторската политика на Кајгана па самите си формираа свои форуми. Најмасовен од сите тие беше Марифет кои дури и успеаја да организираат голема собиранка во Лондон (пред да стане Тренд). Истата вечер Macedalien дојде во Скопје, ама се појавивме јас, Ацева, Вирус (ако не грешам...) и го однесов на собиранката на Марифет. Тој ми викаше дека не знае никого на тој форум а јас му викав да не се грижи има неколку луѓе што го имаат читано на Кајгана. И кога се појави беше изненадување на вечерта бидејќи беше единствениот универзално сакан админ од Кајгана.

Интересно во тоа време беше што имаше и форуми кои воопшто не беа поврзани со Кајгана како X-MKD или dnb.com.mk а најголем хејт доаѓаше од Idividi :) за да се реши дилемата кој форум е најјак во фудбал се собравме во игралиштето во дворот на гимназијата ЈБТ каде што во првиот меч ги демолиравме X-MKD а во вториот меч се измешавме едни со други за и момците од dnb.com.mk да шутнат некоја топка. Idividi нормално не дојдоа.

Многу битен дел од историјата на Кајгана е и Здружението на Клабери на град Скопје.
Прегледај го приврзокот 452158
*Бушаф, Батистута, јас, Земзела, Воткамикс и Гижо (на фотографијата фалат Сусаро и почесната членка БејбиГрл од Штип)
Фотографијата е од 10 годишнината на Кајгана.


Јас сум роден, пораснав и уште живеам во Миладиновци. Во моето село имам еден комшија Никола кој слуша хаус музика и во другиот крај на селото имаше една Рената која слушаше се од убавите музики, ама ретко се гледав со неа. Кога почнав да пишувам на Кајгана нешто што највеќе ми се допадна е што се склопи екипава за клабинг. Мислам дека отидовме на се живо-диво што дојде во Македонија и прекрасно си поминавме.

Потоа Фејсбук стана популарен па форумов почна да намалува во популарност, меѓутоа сеуште е место број еден во македонскиот сајбер простор ако бараш некоја специфична информација.

Тоа што станав модератор на Кајгана во раната фаза индиректно влијаееше и на мојот сегашен живот. На почетокот немав воопшто компјутер дома. Се поврзував или од работа (интернет кафе) или од други интернет кафеа, најчесто интернет кафето во студентскиот дом Кузман каде што дел од вработените беа активни кајганџии. Во ова интернет кафе се идеше и бидејќи добар дел од јадрото на форумот беа со живеачка во близина на студентскиот дом или беа сместени во истиот. Како на пример Ване од Штип чиј јузер беше Анонимус ама бидејќи сите го знаевме лично го викавме Ванонимус :)
Сега овој пост го пишувам на лаптоп од 1500 долари :)

Памтам и на времето се натпреварувавме кој ќе запознае највеќе членови од форумот во живо и кога почнавме да надминуваме 100 веќе престанавме да броиме. Сега некои од тие луѓе се мошне познати на интермец. Некои не толку многу, меѓутоа од време на време ќе прочитам на нет или некој ќе ми каже во живо „еј те знам од Кајгана“.

Драги кајганџии и уште подраги кајганџики, ви праќам топли поздрави од ладното море северно од Исланд.
Фала Тончи за трудот вложен во постот, ме врати во една фаза од животот која ми се чини дека била "во друг живот" :aplauz::pijani::zver:

Инаку, ја имам барано легендарната слика "со 2 бутилки Каменитza", ама мислам дека е трајно избришана. Ако некој случајно ја најде, нека ја сподели, ќе му бидам благодарен! :)
1000035654.jpg

Ова е една слика од "продолженијата" после фудбал со фрижидерчето на Lou Weed (долу-лево) :pos:
FB_IMG_1754086037802.jpg

Ова е од Пиволенд (Кале), од лево кон десно: Тончи, Џиш, Кире Мали, Serpico, Acid.

1000035651.jpg

И од фудбалска пресметка :)
1000035650.jpg
1000035649.jpg

1000035656.jpg
 
Последно уредено:
Еве една фотка од 2009, организиравме хуманитарка со Црвен крст, и децата ми се на сликава :D
Прегледај го приврзокот 452160
Еве повеќе слики од таа хуманитарна акција :)

 
Еве повеќе слики од таа хуманитарна акција :)

Ауу какви спомени ти и @Tonchie (косата долга најубава)
Може една zoom собиранка да напрајме зашо многу од нас сме ван мк :D
 
Еее темава ме врати 17 години назад...Кога се зачленив под user makedonka 1985 само за да видам кога ќе се оддржи митингот против промена на името на плоштад Пела

https://forum.kajgana.com/threads/ploshtad-pela-sreda-27-mi-fevruari-19-00-miting.16445/page-48

Па редовен член на политика и вести, дур не отиде под клуч :pos: , многу банирања од страна на администратор и после банирањата нови подфоруми Туризам и патувања, Гурманско катче...

Убави собиранки се организиираа, + 25 год... па и пикник за 1мај :)
Многу луѓе запознаени, различни очи в очи од форумџиски препукувања...Доста пријателства, променети ставови - сончогледи од денешен аспект, исселувања од убавава ни Македонија
Сега "преживуваме" reels, shorts, facebook, insta, tik tok, но на Кајгана форум секогаш се враќаме...макар и по неколкугодишна "пауза"

П.С промена на име на форум уште се прави на полноќ за нова година :pos:?
 
Од 2005та сум член, но на првиот јузер си го заборавив пасвордот. Го регистрирав на меил штотуку напраен само за таа намена, искрено не планирав да сум активен :kafence: , но после формат, не можев никако да си го вратам јузерот (маилот беше веќе неактивен) и направив нов, до ден денешен.

20 години, енд коунтинг :)
 
Браво за истрајноста и за сите тука што придонеле на било каков начин низ годините за развивање и ширење на форумов.

Еве баш сега читајќи ја темава дознав дека од сликата на Тончи од 2015 на втора страна познавам 3ца од 6 души, кој преку трчање, кој преку планина. Немав појма дека биле форумџии, кујзнае уште колку луѓе ги знам од секојдневието што биле членови, а не сум свесен на тоа. Факт е дека форумов има оставено неизбришлива генерациска трага и буди драги спомени кај огромно мнозинство од членовите, така да тоа само по себе кажува многу.

Како што имам кажано еднаш, повремено форумот го следев од 2010-2013 година, мојот прв јузер тука датира некаде од 2011 година, оставив едно мислење и толку беше со тој акаунт. Завршив на форумов пред се поради Ширеја (Scirea) со кој водевме една Фб страница за Арсенал заедно (навивачите на клубот веројатно се сеќаваат на неа, се викаше “Колку фанови на Арсенал има во Македонија?“), тој постојано ми велеше дека треба да направам акаунт тука и да бидам активен, бидејќи тука е забавата. Јас дотогаш читав пасивно, ама кога немаш профил, немаш ни навика да проверуваш форумот, па памтам новата година 2012 према 2013 беше ултра досадно на местото каде што славевме и си реков дека ќе си направам акаунт да видам што е интересно толку, и стварно така и бидна 2013-2014 тука имаше многу интересни ликови кои не се активни повеќе. На почетокот и не оставав многу мислења, бидејќи за многу теми не бев доволно стручен и елоквентен, па не сакав мислењата да ми бидат како на Сунѓерот Боб, а темите за кои што имав познавања и интереси не беа активни, па малку стагнирав со мислења, но после се опуштив.

Околу дружење со членови во живо за жал немам фатено никаква собиранка, пред се поради разликата во години првично, а потоа и поради се пореткиот број собиранки во годините кои следуваа. Но, го имам преку форумов запознаено Гард, преку фан клубот на Арсенал, со кој сме другари до ден денес веќе добри 9 години. Кога и да дојде во Скопје или јас да одам во Гевгелија, радо се дружиме, имаме многу пати играно фудбал, тури со точаци, одличен другар, супер зрели ставови и човек со кој што може да правиш со часови муабет. Исто така ги имам запознаено Илумиус и Пеџа, кои не се веќе активни. Едно време се бодревме на тркиве низ Скопје, Фросе баш и ја видов на некоја рандом планинарска тура, супер ликови. И тоа е генерално тоа, но затоа има стотина безимени суперхерои кои во одредено време ти изнудиле насмевка со нивни мислења, ти помогнале за нешто или ти убиле досада читајќи ги тука.

Генерално често за форумов чувствувам дека само имам земено од него (позитивна енергија е нешто највредно што можеш да земеш), а малку имам дадено. Па последниве години имам оставам по темиве детални извештаи од патувања каде што одам, со информации кои би можеле да му послужат на некој кој планира да ги посети тие места. Исто и често кога некој во живо ќе ме праша за тоа и тоа место, јас си го барам мислењето на Кајгана и само му го праќам да го чита. Интересно е кај мене што имам некоја маана да вметнам некој збор што никаква логика не прави, но мозокот пишувајќи воопшто не го приметува тоа, така еднаш памтам доста луѓе насмеав со “оптичка јама“, наместо “септичка јама“, мислам заврши тоа и мислење во онаа темата “мислеања кои ве насмеале“, така да топ ако сум насмеал некој. И на македонски писмени на времето имав такви зборови вметнувано кои немаат смисла, пример водоводна мрежа, а сум пишал водоводна марка, не е буква утната, туку баш се исклучил мозокот на секунда. Сега одма препрочитувам што сум пишал, па едитувам скоро секогаш и навидум немам такви лапсуси повеќе.

Освен останатите ликови од фан клубот на Арсенал кои сакам да ги запознаам, би сакал и Сабер Рајдер да го запознаам и почастам пиво во живо некогаш, бидејќи ликот е енциклопедија за многу работи, радо сум му ги читал сите реферати, а е и пример за лојален навивач на Вардар, уште според муабетиве за Славија и Пржино претпоставувам дека учел во Кузман, така да би имале доста заеднички теми.

А и да пофалам уште некои ликови како Рики, Дани, Драгонскај, Злате, кои давале добри совети и објаснувале step by step работи по теми или пп, во категорија ликови кои радо помагаат би ги ставил. Ви посакувам уште многу мислења на форумов и да си го читате во добро здравје сите!
 
Последно уредено:
Еее темава ме врати 17 години назад...Кога се зачленив под user makedonka 1985 само за да видам кога ќе се оддржи митингот против промена на името на плоштад Пела

https://forum.kajgana.com/threads/ploshtad-pela-sreda-27-mi-fevruari-19-00-miting.16445/page-48

Па редовен член на политика и вести, дур не отиде под клуч :pos: , многу банирања од страна на администратор и после банирањата нови подфоруми Туризам и патувања, Гурманско катче...

Убави собиранки се организиираа, + 25 год... па и пикник за 1мај :)
Многу луѓе запознаени, различни очи в очи од форумџиски препукувања...Доста пријателства, променети ставови - сончогледи од денешен аспект, исселувања од убавава ни Македонија
Сега "преживуваме" reels, shorts, facebook, insta, tik tok, но на Кајгана форум секогаш се враќаме...макар и по неколкугодишна "пауза"

П.С промена на име на форум уште се прави на полноќ за нова година :pos:?
Леле за момент го заборавив овој протест, и оној не баш успешно организиран од Даденце и уште неколку форумџии по кој следеше овој на плоштадот Пела на кој јас, Трн во Око и уште еден форумџија делевме знамиња на луѓе... Па сите говори од млади говорници беа од кајганџии... Гуд ол' дејс...

Не се сеќавам дали пред или после овој протест беше „ОКТА чади, чадиме и ние“ кога @Acid возеше пунто и кажа дека е пријатно изненаден од недосстатокот на дупки по улиците низ општина Илинден. Тој како тогашен центарец беше навикнат да крши камен у бубрег по дупките по скопските улици и булевари :pos:
 
За 5 дена ќе бидат точно 20 години откако сум регистриран на форумов. Имаше извесен период кога воопшто не бев активен ( воопшто не го ни отворав да видам шо има ново ) , ама факт е дека во првите 7-8-9 години беше поинтересн за читање и дискутирање. Веројатно причина за тоа е што ги нема голем дел од старите членови ( или можи и да се тука ама немаат гукнато ништо со години ) .
 
Честитки @Acid и екипа! 20 години јавање низ македонскиот сајбер простор не се заебанција. Нека се множат! :ајнапиво:
Напиши нешто повеќе околу тоа како се роди идејата за Кајгана, би било интересно да се прочита.

Инаку сталкер сум од 2010 а прв јузер беше во далечната 2012. Се задржав неколку месеци како член па се префрлив во мод: Гостин, само на кафе поминував. Омилени за читкање ми беа Ставрогин, Серпико и Џену грл а и секој ден висев по фан клубови. Долго време бев гостин, па се вратив со пуна вреќа јузери кои јадеа банови како мајмун банана (не како Костиќ). Лош период за мене лично, па морав некако да се вентилирам. Операција: успешна.

Денес постојам како СтолеД, ширам позитива, бркам лоши духови, му се љутам на времето и шутирам по некој непукнат флеш.

Кајгана, наздравје 20ка! :pijani:
 
Член од 2007ма но тогаш под друг Јузернејм. До ден денес другар со неколку форумџии уште од тоа време, пријателства за навек. Редовно посетував собиранки во Бариста, Миднајт итн итн да не ги редам местата, а и не ми текнува кои беа искрено
А богами и по некоја љубовна авантура имаше од времето во teen годините. :D
Имаше најјак јузернејм на времето :D
Туку од сите ликови што поминале на форумов и што сум се запознал, ме копка каде е и што прави Марјан Мики (или како и да беше јузернејмот) :D
Беше бајаги помал од мене, ама стално спамавме на мсн (секој муабет почнуваше со awe malak), плус се гледавме во маало цело време, а играше некое време и за Славија.
 
Мене од постарите членови ми фалат само @anaveno и @Кариес беа смрт за историски теми и за шипојте поготово на тема „Потеклото на Албанците" и „Хеленизам европска измислица на 19-ти век".
 
Член од 23.08.2010. Тогаш завршив средно, Интер освои тројна круна, Надал имаше освоено два од трите Грен Слема во тој момент, подоцна го освои и УС Опен, МЗТ освои двојна круна, Лејкерс освои титула, буквално за се што навивав газеше. Од друга страна Сладоледџија гревот, фан на Јувентус, патем моја генерација и другар (поранешен хехе) ми вика абе зашо не се зачлениш на кајгана форумот, има доста добри дечки што пишуваат за фудбал, особено за Интер тој еден @Syn пишува добри постови. Нормално првата реакција ми беше негативна, ама потоа почнав да го отварам офлајн да видам што се дешава, па ќе видев мислење од некој кретен кое ќе ме извадеше од такт и решив да направам профил. Да знае Сладоледот кого фалел ќе му се стемни, ама ајде сеа тоа е, не може све да е совршено.

Малкумина знаат дека една година носев никнејм Потопо, а тоа беше резултат на изгубена кладба со другар кој доприна точка нема со кајгана ама знаеше дека многу дремам на форум, дека искачам со луѓе од форум и реши да ме оштети некако и ми даде никнејм Потопо. :pos: Ако се уште се чудите што е Потопо, во тоа време на фејсбук актуелни беа за постирање оние краткине вицови, и имаше еден: Како се вика Битолчанец што го удрила поплава? - Потопо :ROFLMAO: Нема везе не траеше многу тоа и речиси никој не го памти тој језив никнејм.

Да се навратам на почетокот, почнав само у фк Интер да пишувам, тогаш не ни знаев како функционира еден форум, и памтам дека изгорев еден гаден јувенташ у темата фк Интер, нешо имаше просрано и ја му пишав : дете на први братучеди, што сакаш поише. :D Подоцна, почнав и во другите спортски теми да пишувам, па дојдоа и собиранките, зашо реално не може од одма да влеташ во собиранките, мора и малце репутација да стекнеш на форум. :D

Од форумскиве теми и дешавки највеќе во сеќавање ми останува темата кај што праевме мемиња едни на други, јас на Џонтра, он на Пеја итн итн, буквално гроб си ебавме од ремет, а некои од тие слики и ден денес ги користиме за да се реметиме по социјалните мрежи. Еве еден пример:
Screenshot_20250802_104442_Messenger.jpg

Секако собиранките со баграва од тука, играњето фудбал кое сериозно го теравме 2-3 години без престан, а со некои момци сум верен комрад и ден денес, на Пеја му бев на свадба, и он беше на мојата, со Урко сме верни комради по интерашка вероисповед, со Чекич и Џонтра исто, Клипче такоџе иако он има две маани во животот, едната е што навива за Милан, а втората е што има голема глава али тоа е што да се праи битно наш човек е.

И морам да напоменам две собиранки, едната е кај Пеја у стан собрани 70 души, на фамозната улица ПЕТАР ДЕЛЈАН, коа се курчев дека ќе донесам топ вино, а донесов 5 литарка од 100 денари, Кастиел кога дојде со прљаво сако, патики за кошарка и педерка, Мојсо кога носеше звучник поголем од неговиот гепек и кога веројатно добивме 6 кривични пријави за нарушување јавен ред и мир за кои ден денес не сме известени. Другата е у тој кафичот на Ацид у Аеродром како и да се викаше, кога Митре од Струга (забораив никот како му беше) се појави у кожен мантил со залижана полуќелава коса, класичен сицилијански мафијаш, очекувавме да извади шмајзер и да не изрока сите по ред. На оваа собиранка многу се оштетивме, а имаме и една култна слика со Џонтра која беше окарактеризирана како геј слика од поголемиот дел од форумџиите, мајче им ебам btw. :D

Screenshot_20250802_110010_Facebook.jpg

Едноставно кајганава е еден вид зараза, позитивна секако, ќе наидеш на добри мислења, на ремет, на глупаци, на кретени, на образовани луѓе, буквално на се и сешто, ама сепак е еден непресушен извор на добивање информации и трошење на енергијата кое на сите ни е реално потребно.

Тоа е у кратки црти, останува со Парва да испиеме по пола литро ракија еден ден, зашо од претходната собиранка (таа у кафичот на Ацид) не го памтам премногу. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom