- Секој понеделник да се отвара тема за посебен жарн.
- Секој може да пријави песни што одговараат на дадениот жарн до четврток.
- Во петок се отвара тема за гласање. Првите 10/15/20 зависно од пријавените, влегуваат во листата.
И така ќе ја составиме комплетната листа. Оваа генерална тема може да стои за договарање на предлози, предлог жанрови, за дискусии кои албуми би требало да влезат во листата, а не влегле и зошто.
Против сум за да се делиме на 3-4 луѓе по жанрови, затоа што вака е потранспарентно. Моментот на „да бееееееее, како не се сетив на тој албум“. Повеќе луѓе даваат свои предлози, видувања. Сепак зборуваме за македонска музика, горе долу ни е позната, без разлика дали слушаме или не слушаме одреден жарн. Не станува збор за музика од Зимбабве, па не сме ја слушнале. Не треба да си љубител и експерт на народна музика, за да знаеш дека еден Гоце Арнаудов заслужува свое место на оваа листа, само како пример
Ова е само едно видување. Само предлог, идеа.