Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен каст на продукцијата и режисерот, David Corenset супер си ја одигра улогата, по мене не е најдобар ама проаѓа дефинитивно.

Не е тоа нешто што почна да се случува тогаш кога си го навел. Уште одамна е дебатата у Америка за тоа што Бајден пушти 20 милиони имигранти.

Ако не се лажам, Супермен е илегален имигрант од 1938 година. Така да ни тоа не е ништо ново и не е инспирирано од тоа што се случува последниве неколку години. Но морам да признаам дека не читам многу стрипови, па можно е да сум го испуштил стрипот каде што има америчка амбасада на Криптон и родителите на Кал-Ел аплицирале за имиграциона виза.
 
Tака де, имигрант е сеа ради тоа дека е од Криптон, а веројатно и педер ти личи дека е зашто еднаш држеше некого за рака.

Не ми личи на педер, а искрено не ме ни интересира дали е педер. Не сум опседнат со тоа кој што прави во спална соба.
 
Здраво, дали ќе може мислење за топлинска пумпа за греење (за ладење имам клими).

Се работи за куќа од 2 спрата по 100м2 спрат. Имам радијатори на бакарни цевки па планирав на нив да ја поврзам топлинската. Пвц прозори со 10ка изолација.

Дали се исплаќа да се намести топлинска на радијатори? Ако да ,која големина и каков тип на топлинска е потребна за таа куќа. Дали топлинските од ЕНЕРГИЈА (toshiba) se dobri?

Поздрав
 
Освен toshiba провери ги и овие https://www.icsgroup.mk/product-category/altherma-топлотни-пумпи/греење/ само за греење се, штом имаш изолација задоволен ќе бидиш со топлинската пумпа со радијаторско греење.
а ако не е задоволен? Кај да те бара?!

Како бе вакви паушални совети девате на форум..?!? :confused:
Па и @zabiste за 7-8000€ прашува или слуша тука!

Радијаторите може гусани му се, може на 60ц минимум работат, ама да :rolleyes: задоволен ќе бил од ТП што неможе ни 55ц да постигне на +7 надворешна...
Бог да чува
 
@zabiste од претходниот линк што ти го дадоа ќе го гледаш моделот со ознака EPRA. Тоа ти е ознаката на надворешна и е најдоброто што Даикин го нуди како сплит систем од Алтерма 3 топлинска пумпа. Значи има и опција моноблок каде што има само надворешна меѓутоа сплит систем надворешна + внатрешна ти е подобро.

Надворешната EPRA има огромни димензии.

EPRA 18kW

Висина х ширина × должина (мм)
1003 х 1270 х 533
Тежина 146кг
Количество на фреон R34 - 4.20кг
Работна температура -28
Компресор Scroll

Доаѓа во две верзии од 14 до 18 kW моќност.
 MT Moderate Temperature - највисока температура на вода до 65 степени
HT High Temperature - највисока температура на вода до 70 степени.

Значи може да работи со радијатори како грејно тело, меѓутоа најдобро тие радијатори малку да бидат наддимензионирани. Колку помало е грејното тело толку поголема температура на вода треба за да зе загрее просторијата. И обратно, поголемо грејно тело пониска температура на вода. На тој принцип работи и подното греење, температура на вода 35 степени меѓутоа целиот под е грејно тело.
Како формула за пресметување димензија на радијатори ти е 1м2 : 1.2 ребро висина 60цм.

Значи пример грееш просторија од 35м2 тогаш 35×1.2 =42 ребра најмалку треба. Три радијатори од 14 ребра...

И сега доаѓаме до внатрешна пошто е сплит систем. Имаш две опции.

1. Само пумпа. Има мали димензии и дополнителна опција дали да биде со електрични греачи или не. Најдобро да ги има греачите. Доколку надворешната прави дефрост или не може да ги задоволи потребите, тогаш ги пали овие греачи за да помогне при загревањето на водата.

2. Пумпа + бафер. Доаѓа фино лепо спаковано во еден уред со бафер од 230 литри. Значи пример надворешната прави чести дефрости, голема влажност на воздух и слично, тогаш внатрешната ја користи оваа акумулирана топла вода. Дополнително може да има и електрични греачи. Исто може да се користи како техничка вода за туширање...

Тоа е најдоброто од Даикин. Претпоставувам и цената е "најдобра"
Цена: левиот бубрег и десната рака
 
Последно уредено:

Види.. се е ова океј во теорија.. земи ова и ова најдобро е!
Ама не оди така работава!

Прво нему, а и на било кој друг, му треба пресметка(проект). Стручно лице најчесто со машински. Потоа и финансиска пресметка за колку време би се исплатила таа ТП, а тоа се години во прашање.

Второ, и до сега ваљда го користел парното, па има почетна точка колку KW му требало, на која надворешна, на која Т на вода и слично. Или индиректно преку тоа колку пелети/дрва/нафта трошел до сега и како.

Трето, да точно дека има високотемпературни ТП-и, ама и Коп-от кај нив не е сјаен.. или па се враќаме на првата точка со пресметката за потребите и исплатливоста.

Четврто, тоа со радијаторите не оди така!
Намали температура, зголеми површина се приказни за лаици!
Може не си знаел, ама еве ќе ти кажам дека радијаторот работи на принцип на конвекција, иако ние често во муабет ги рачунаме како радијативни грејни тела.
Само мал процент од предадената топлина е оддадена преку зрачење, 90+% е преку конвекција низ ламелите!
Долга и широка е оваа да објаснувам... ама дали е панелен дали е класичен, принципот на работа е тој! Низ каналиците/ламелите се загрева воздухот и се крева како низ оџак! (има цуг што би се рекло)
И затоа секој радијатор си има препорачана минимална Т на вода! Ако водата е поладна, може и да не се случи конвекција! Дебели термодинамички пресметки се тоа, и не за џабе се пратат упатствата на производителот.
Се друго е лук и вода.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom