Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да бил во Јерисос (Ierissos) или Офриниу (Paralia Ofriniou) да каже збор два за нив? Конкретно ме интересираат плажите (песок, ширина, гужва) и водата (длабочина, чистота, бранови).
Зависи што бараш од одморот, ако ти е цел забава и журки тогаш не оди во Јерисос, а ако сакаш лаган одмор тогаш идеално место е за тоа.

Плажата е со крупен песок, не оној сахарскиот, длабочина постепена, не е одма 8 метра длабоко, не е ни 50 километри плитко па после да почнува длабокото. Бранови нема, освен нели ако не убодеш лошо време. Гужва исто нема, фамилијарно е местото а има се, ЛИДЛ на 700-800 метри од главната плажа, таверни, ресторани, сендвичари, све имаш и тоа во поприлично добар број, има и кафичи секако, лежалки не се плаќаат само треба конзумација од 10 евра да имаш (секако ако сте двајца ќе пиете по едно кафе у текот на денот), има мини луна парк, за деца е идеално.

Сума сумарум топ место за одмор со приступачни цени за наш стандард.
 
Само за македонците каде што има Лидл тоа е добро место за одмор :facepalm:
 
Да ми беше за журки немаше да прашувам за места што се "in the middle of nowhere" :D

За фамилијарен одмор ми е, да не мрднам од таа плажа 5 дена. Дилемата ми е помеѓу овие 2 места баш зашто очекувам да се мирни, со тоа што предност ми има Офриниу дека е поблиску и веднаш до автопат, а знам за до Јерисос треба 1 саат возење по планина.

Е сега ако водата и плажата се многу подобри во Јерисос - би одел таму. Но ако е горе-доле исто - би го одбрал Офриниу.
 
а знам за до Јерисос треба 1 саат возење по планина.
Ова не е вака, имаш 40тина минути возење по пат како на Плетвар да речеме ама дупло поширок, можеш и да престигнуваш без никаков проблем. А да, и лани го правеа така да голема е шансата годинава да има скроз нов асфалт.
 
Да асфалтиран е скоро цел освен малце на почетокот, ок е патот широк е се вози брзо иако има доста кривини и нагоре надоле.
 
1752664984145.jpeg
Најавуваа блгарите дека на Богородица трева ќе изникне, ама грците проширија плус ленти, што е работат не знам...
 
Блгарчињата може муви да лапаат. Ниеден србин дури и румун нема да избере низ Бувгарија да мине, ако втората варијанта е Македонија.
Сега се во шенген, ама имиџот им стои!
 
Блгарчињата може муви да лапаат. Ниеден србин дури и румун нема да избере низ Бувгарија да мине, ако втората варијанта е Македонија.
Сега се во шенген, ама имиџот им стои!
Мислиш зад грмушките сообраќајци на штрек ?... Ме казни блгарски цајкан, мислам 1994, кога беше мундиал во УСА, кај пловдив, дупла лента, ми покажува знак 40 кој е за споредниот пат...после на крај кажува ама јас бев дежурен не гледав утакмицата на Блгарија....
 
Тешко е да се најде смештај на втор крак, за септември месец. Барам all inclusive или барем breakfast & dinner, ама мал е изборот и претежно се скапи. Не знам дали варијант е да се иде без јадење во хотелот и да се оди по таверни/готвење во соба(при аирбнб) и каква би била разлкката во цена. (n)
 
@Sussaro а и останатите - што е поголемо, пообемно: Стариот дел на Дубровник или градот Крф?
Крф е поголем и пообемен, и со многу подлабока историја. Или метафорички кажано, Дубровник е една преубава книга, а Крф е цела библиотека.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom