Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Барем едно е сигурно кај белиот народ, Дизни нема муда Тарзан да го глуми црнец , пошто мора да збори со мајмуните, а знаете расизмот кај нив е високо ново
Фала Богу, прочитав сабајле ќе се откажеле или ќе паузирале со правење live action remakes по flop-от на Снежана.
 
Оскарот ќе се доделува на кастинг директорите за процесот со кој ги избрале актерите за X филм, а не на актерот. Што има актерот да признава? И каква врска има кого го одбиле, кого го примиле?

Следно: stunt performer. Они веќе повеќе од деценија лобираат да добијат свој Оскар, ама од Академијата упорно се игнорирани.
Дали под stunt влегуваат и дублерите што се соблачаат голи кога некој актер/актерка нејќе? Правда за нив, ако не! :D
 
Како ќе се оценува кастингот?
Дали кастингот е зависен од другите категории, кога заборуваме за негово оценување?
Дали може со срање одглумено да имаме добар кастинг, или за да имаме добар кастинг значи дека мора и глумците добро да одглумиле?
На пример, може ли да има добра камера, при лоша режија?
Колку треба режијата да е минимум добра за да можеме да кажеме дека имаме имаме добра камера?
Или можете да кажете дека некаде режијата е говно, ама камерата е супер? Глумците лошо глумат, ама кастингот е добар?

Сакам да прашам која е појдовната основа, при оценувањето на тоа дали е добар кастингот? Кои се компарациите?

Они си знаат како, али ја мислам дека некако кастингот треба да се оценува според тоа колку влијаел на тоа филмот да биде тоа што е. Кој е неговиот придонес во тоа.
 
Ова со Оскар за кастинг е баш безвезе. Што е следно, Оскар за луѓето што ги транспортирале глумците на сет или за клаперот што означува старт на снимање на сцена? :D
Oskar ke dobie toj sho ja stava Zendaya i Tom Holland u sekoj film :D
 
Малку каснам, Everything Everywhere All At Once ми е на watchlist, едвај ве дочитав ама после тој ќотек од мислења, тешко дека ќе го изгледам филмов. :D

Ептен слабо гледам филмови во последно време па си велам да не сум испуштил нешто што е must watch.

Иначе секој има различен вкус, може ќе ме линчува некој ама мене Dune ми е must watch од "поновите"..како што кажав слабо гледам последниве години а по предлозите и мислењата гледам дека нема баш многу добри филмови последниве неколку години.
 
Последно уредено:

Овој ми го збори еден другар дека бил ептен врв, ама никако да седнам да го гледам.
 
Како вака новиов Супермен го напраиле да личи на филм, без Зендаја и другите накази? Нешто не е океј у Холивуд.

Плус и Ф1 викаат дека бил добар. Nature is slowly healing.
 
Мега воук филм. Супермен е емигрант кој се бори на страна на емигрантите.
Филмот е праен у контекст на политиките на Трамп кон илегалните емигранти и тоа што го спроведува ICE во САД.
 
Мене по кастот ми заличе. Значи имало задњи намери, кријат зад белината покварените. Све покварено до коска значи. Човек ќе си рече и ќе се разочара ццц.
 
Последно уредено:
Сега разгледав баш убаво. Целава работа со белиов каст е парада за белецот да го прифати филмов и да заклучи дека имигрантите се добри. Некоја подла изопачена субверзија.
 
Супермен е всушност добар филм!
Незнам што гледате woke во филмот освен што алгоритамот на YT клипови и социјални мрежи ви е наштелован да ви го суши мозокот на сметка на некој да пумпа views на таа иста платформа против која се "борат"!
 
Одличен каст на продукцијата и режисерот, David Corenset супер си ја одигра улогата, по мене не е најдобар ама проаѓа дефинитивно.

Можеби различни филмови сме гледале, ама последниов Супермен беше тешка катастрофа.

Лош костум, глупа фризура, еден куп plot holes, супермен УБИВА??? (нели ова беше недозволиво???), убива негов клон а не убива животно во центар на град, супермен спаси вкупно двајца (од кои едно беше девојчето кое што најверојатно го остава парализирано со такво движење на главата/вратот), непотребен и исфорсиран хумор, физички слаб супермен кој губи од треторазреден лик, непотребни ликови, шемата зошто не го препознаваат со наочарите, лоша глума, 0 хемија со лоис, лошо режирање, пијана Супергрл, музиката е лоша копија на оригиналниот OST, крипто, роботите еднаш немаат емоции одма после тоа едниот е фангрл???, Лоис, лантернот, Лекс и неговата неубедлива мотивација, зошто човештвото одма се сврте против него одма после една емисија???.... цел ден можам да пишувам колку беше лош филмот.

Единствена сцена беше почетокот на инвазијата и децата со Супермен знамето. Меѓутоа дегенов Ган ја посра со истата сцена после 2 минути. Станува репетитивна и го намалува ефектот на можеби единствената позитивна работа во филмот.

Man of steel е едно 10 левела над оваа компир манџа правена во индиски кварт.

Дај нека го вратат Снајдер и да се отарасиме од овакви марвел wannabe директори и филмови.
 
Man of steel е класа филм тука немаш утка,кажав глумецот е погоден и е по мене ок.Гледам и на IMDd има 7.7 оценка што е за респект во денешно време кога неможе да се извади еден добар филм.
 
Мега воук филм. Супермен е емигрант кој се бори на страна на емигрантите.
Филмот е праен у контекст на политиките на Трамп кон илегалните емигранти и тоа што го спроведува ICE во САД.

Филмот е сниман од февруари до јуни 2024. Али ок, правен е у контекст на нешто што почна да се случува во јануари 2025.
 
Man of steel е класа филм тука немаш утка,кажав глумецот е погоден и е по мене ок.Гледам и на IMDd има 7.7 оценка што е за респект во денешно време кога неможе да се извади еден добар филм.
Ок, тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom