Serie A 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    73
  • Гласањето е завршено на .
Полека се враќа стариот начин на трансфери, за без пари, како што и беше.
 
Не ми е јасно, што слават росонерите?
Или намерно се дефокусира јавноста со Интер за да се маскира нивното седмо место во Серија А и првиот трофеј на Болоња после смртта на Мусолини?
Интересна тактика нема што.
Газета ја немаше 3 дена да му честита на Наполи за скудетото, до наредниот ден до поручек немаа насловна страница последно беше за Ф1 објавено исто и после финалето на ЛШ. Инфаркт ги мана ти велиш намерно се дефокусира јавноста
 
Газета ја немаше 3 дена да му честита на Наполи за скудетото, до наредниот ден до поручек немаа насловна страница последно беше за Ф1 објавено исто и после финалето на ЛШ. Инфаркт ги мана ти велиш намерно се дефокусира јавноста

хахахах, абе на јавноста мислев на членовите на форумов тука, види кај си го однел муабетов.
Ме заболе мене за газета, Наполи и италијанските фанови. Порано пратев тоа газета мазета ама не ги читам одамна освен ако не е некоја споделена вест од нив.
 
хахахах, абе на јавноста мислев на членовите на форумов тука, види кај си го однел муабетов.
Ме заболе мене за газета, Наполи и италијанските фанови. Порано пратев тоа газета мазета ама не ги читам одамна освен ако не е некоја споделена вест од нив.
Е добро де грешно сум те сфатил хаха
 
ООООООООООО ДА ТИ ЕБАМ И ФОРУМ И СЕРВЕР И СЕ ПО РЕД.

Во најјакиот дел од сезоната не оставија два ипол месеци без дискусија.
И најмногу ме накурчи кога ги видов одговорите од администрацијата на фејсбук страната кога луѓе прашуваа кога би се вратил форумов. Каква ароганција на прашање каде се очекува нормален одговор.
Се мислев дали воопшто да проверувам дали некогаш ќе се врати ама да ви кажам искрено, сите тие партии на Интер во ЛШ и Серија А, сите пресврти, пробав со колеги, другари, твитер - не е ист вајбот. Морам да признаам дека ми фалеа заебанциите од тука иако знам дека последната недела од Мај ќе беше неподнослива за нас интерашите ама и таа недела секој ден проверував да видам дали е вратен форумов.


П.С. Нова тема кога? Да отворам?
otvori.. i spomni gi zasiluvanjata na tie sto ke se borat za titula..
 
Стефано Пиоли е голем човек а за големите имам само почит и респект.
Неговиот пат не е линеарен туку е исполнет со неизвесност, висок притисок, критики од медиумите и навивачите, подеми, падови, критики и на крајот триумф.
После долг период на мрачни времиња за Милан Пиоли успеа да го врати клубот во врвот.
Успехот на Пиоли со Милан особено освојувањето на Скудетото по толку години е најдобар доказ за ефективноста на неговите методи и филозофија. Неговите приспособувања на тактиката, начинот на работа со млади играчи и градењето на стабилна атмосфера во клубот покажаа дека неговиот пристап е пралтично успешен.
И предходната сезона е вистински доказ дека Милан направија катастрофална грешка што се откажаа од него.
Но успесите на Пиоли засекогаш ќе бидат запишани во историјата на Милан и никој не може да ги избрише ,потајно се надевам и знам дека еден ден патиштата на Пиоли и Милан побторно ќе се вкрстат а до тогаш му посакувам многу среќа и успеси, секое добро голем човеку.
Grande Pioli!!!
Pioli is on Fire!!!
 
Ајде да запееме сите сложно во чест на Саше и мистерот, да му посакаме добредојде назад во нашата лига.
 

Човекот, митот, легендата...... не тоа е само Стефано Пиоли.
Со враќањето на Пиоли во Серија А лигата доби сосема нова тежина,квалитет,карактер и возбудливост.
Пиоли не се обидува да го наметне својот систем на играчите туку се труди да ги разбере нивните способности и да ги вклопи во кохеретна целина.
За него е битно играчите да знаат што треба да прават и да бидат среќни тоа што го прават со насмевка на лицето.
Неговиот придонес е во тоа што покажа дека успехот во фудбалот не е само резултат на супериорна тактичка стратегија,иновативмост и индивидуална игра туку способност да се изгради здрава, поддржувачка, колективна хармонија во ростерот.
Иако Фиорентира нема буџет и фудбалери од висока класа сепак виолетовите под Пиоли ќе се борат секоја минута на секоја натпревар и ќе бидат возбудливи за гледање а успесите сами по себе ќе си дојдат.
Милан можеби изгуби премногу лани но сега Серија А доби многу со враќањето на Пиоли назад во Италија.
 
Го немаше форумот тој период, ама Јуриќ во Аталанта е нај неочекуваната комбинација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom