Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе, прво што правам кога влагам у диско зимам елаборати, зимам примероци од ѕидот и плафонот, прегледувам излези и поставеност на ПП апарати и хидранти. Искачањето со мене е милина.
Не ја дроби сега и ти, уште однадвор сликата кога ја дадоа каде и како изгледа локалот се гледаше дека е на диво, ама најлесно е само други да кривиме, ние сите светци од народ.
И на снимката кога им велеа да напушат локалот никој не се замараше, мислеа шала е, значи треба реално малку да гледаме, има нешто и кај нас шо не чини.
 
И Словенија понудила помош.
 
Во врска со лиценците за ноќни клубови, кабареа:
Предвиден рок за постапка: Лиценцата се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на вршителот на угостителската дејност и важи за период од една година и не може да се пренесува на друг субјект.

Според овој документ за 2024 се издадени 12, од кои ниедна не е во Скопје

Screenshot_20250317_165744_Drive.jpg
 
Не ја дроби сега и ти, уште однадвор сликата кога ја дадоа каде и како изгледа локалот се гледаше дека е на диво, ама најлесно е само други да кривиме, ние сите светци од народ.
И на снимката кога им велеа да напушат локалот никој не се замараше, мислеа шала е, значи треба реално малку да гледаме, има нешто и кај нас шо не чини.


Под претпоставка дека си од Скопје, кажи едно диско што во иста ситуација не би завршило исто. Или си доследен на себе па не искачаш нигде. Добро освен Мусандра пошто има излез позади према автобуската, али па таму од куршум ќе загинеш попрво.
 
Не ја дроби сега и ти, уште однадвор сликата кога ја дадоа каде и како изгледа локалот се гледаше дека е на диво, ама најлесно е само други да кривиме, ние сите светци од народ.
И на снимката кога им велеа да напушат локалот никој не се замараше, мислеа шала е, значи треба реално малку да гледаме, има нешто и кај нас шо не чини.

Значи според тебе криви се луѓето што се нашле во локалот, и кривица нема што да се бара по институции или поединци, така?
 
па и килими се запаливи, ова звучна изолација е можеби вградена последниве години, при реновирањето и проширувањето ?
проблемот е што секоја шупелка станува архитект, освен статика и земјотресно инжинерство за нови високи објекти, никој абер нема за запаливост, ширење на пожари итн...
Ма кои архитекти кои глупости, тие објекти архитект ги нема ниту погледнато, се се тоа легализирани лајна градени од неписмени зидари под раководство на газдата.... само во овој шупак од држава може да постои ,,закон за легализација на дивоградби,, , сето тоа требаше да се руши а не да се легализира ама на некого му требаа гласови па посра таков закон со кој се легализираа секакви лајна без никаков критериум па затоа сега пола држава е со градби за кои никој не знае што и како се градени и у пола држава неможе да влези ниту пожарна ниту брза помош...
 
Значи во моментов во цела држава само следниве имаат важечка лиценца и смеат да работат (според документов https://www.economy.gov.mk/mk-MK/ne...diskoklub-i-diskoklub-na-otvoren-prostor.nspx):

1. Де Факто Гевгелија
2. Вис Делчево
3. Голд Фелиција Битола
4. Воид Кичево
5. Хаш Битола
6. Клик Штип
7. Компакт Виница
8. Клуб -1 Охрид (може е минус еден кај Мида регистриран во Охрид, не најдов ваков во Охрид)

Толку, само 8 се другото се е диво, посебно е интересен моментот што нема ниедно од Скопје
 
Oд тоа што разбрав, бенд што користи пиротехника, мора да има дозвола од МВР за истото. Ваљда, МВР дава некоја лиценца на лице кое ке ја работи таа пиротехника. Не знам овие прскалкиве дали спаѓале во такво нешто.
Треба бре да забранат пиротехника во затворен простор. Точка.

Не треба лабаво да биде со ова. Па и лиценца ако имаат некои, што со тоа кога никогаш нема да има функционален протокол за безбедност во вакви дупки. Не е дека ќе го почитува некој тоа за пиротехника кога добил дозвола за организирање забави за 500-1000 луѓе во објект кој има само една врата како за WC голема.
Лиценци нека даваат за пиротехника во отворен простор, Внатре во затворен простор и ништо да не се запали самиот чадот е опасен (ако веќе не е веднаш смртоносен). Само на таа основа треба да го забранат, не па заради опасност од пожар.
Автоматски споено мислење:

Единствено нешто што можеби ќе помогнело е да имаат прскалки на кров со детектор за чад. ИСТИТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ИМА БИДЕЈЌИ СЕ ПУШИ ВНАТРЕ.
Нека дојдат сега сите што викаат тоа што тебе ти смета чад од цигари седи си дома, нека дадат совет како полесно можело да се избегне.
Te цитирам пошто никој друг не го направи тоа.
Буквално не може да има автоматски противпожарен систем во локација каде се пуши, а баш автоматски противпожарен систем треба да биде побарување за сите поголеми (а зошто не и помали) јавни објекти. Значи не опција, туку услов за сите. Топтан со автоматско јавување до противпожарна служба и МВР, итн. Пошто не е ова нуклеарна физика ниту тешко за изведба ниту нешто ретардирано прескапо за било каков клуб.

Таман покрај безбедноста ќе се реши и смрадот од цигарите.
 
Разбирам дека се луѓето гневни, али тие шо фрлаат сега камења на локалот, веројатно половина од нив секој викенд биле во таа дискотека, уште од почеток ако престанале да одат таму дека нема никакви услови, дискотеката ќе немало за кој да работи, ќе биле принудени да ја реновираат или затворат.
Се е тоа нашминкано за пред јавноста за да изгледа убаво, граѓаните не се тие што треба да испитуваат дали објектот исполнува услови или не. Си има надлежни за тоа што земаат пари од народот.

Немој сега ти тука нешто да се правиш паметен као пиеле кафе незнам што, па пиеле и го плаќале тоа. Не било бесплатно. Јасно е зошто е револтот на граѓаните кон газдата.

Untitled-design-e1742226573106.png



Еве ојдело и возилото, ако продолжат вака и домот ќе му го запалат.
 
A зошто тогаш сликата од претходен нивен настап со истата пиротехника е избришана од Инстаграм?
Вчера ја имаше сликата сега ја нема.

Прегледај го приврзокот 446341
Има ли некаде технички опис за што се работи, пиротехника, бенгалски оган или друго нешто ??
Мислам дека има сценски ефекти кој се безбедни од времето, а сега во 21 век има холограми и не треба никакви ризици ...освен тоа, дали истрагата заврши, што е причината за пожарот ???
 
Бетер од нашиве е овој , затоа треба протест и наплата за сите 30 години
Прегледај го приврзокот 446343

Oва е срамота, ова не се прави јавно, со милион камери напикани во лице на беспомошно дете. Јадна Македонијо, на што го имаш изложено ова дете.
 
Значи според тебе криви се луѓето што се нашле во локалот, и кривица нема што да се бара по институции или поединци, така?
Членот сака да ви каже да бидеме сите 10 нивоа повеќе ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ. Да не чекаме се и сешто од државата, да созрееме, зошто само зрели луѓе можат да расудуваат нормално и да не бидат корумпирани.
Колку пати луѓето се гужваат за најмали ситници, една редица не може да се направи, едноставно не ни е во свест тоа.
Колку пати будали палат пожари и уништуваат цели шуми?
Вчера колку беа собрани да си играат нид фор спид во Скопје кај Борис?
Дали мислите дека некогаш ќе му текнеше на некој за безбедносни стандарди било каде ако не се случеше трагедијава?
Влезете во било кој кафич и ресторан во помалите градови, сите чадат пушат цигари 2 прста пред око не се гледаат, ич не им е гајле дали има до нив бремена жена или деца, а утре ќе објават колку е загаден воздухот.
Не, јас, ти, сите себично гледаат за себе да средат, не гледаат за околината, и тоа мора да се смени.
Одиме во странство во средени држави и паѓаме во несвес вау колку е средено, а од друга страна никој не сака да ги праша што направивте да ви е толку средено, може ли да препишам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom