@Vartolu напамет ги знам резултатите и формите на Јувентус во последните 20+ години, многу убаво знам за кој период станува збор.
Знам дека беше првата сезона на Конте, овој скор 13-14-0 го имавме некаде во март 2012, после мечот со Милан запнавме со нерешени против Киево 1-1 (ни пукнаа гол на крајот), против Болоња израмни Вучиниќ на 1-1 некаде кон крајот и Бонучи доби црвен картон. Имавме и пред Милан две мизерно 0-0 против Парма и Сиена, чисти пенали не ни свираа на тие утакмици.
Малерот се скрши со Фиорентина, ги распаднавме 0-5 на Франки, после тоа беше Интер 2-0 со Касерес и Дел Пиеро, па после сврзавме уште 5-6 победи со само еден примен гол од Лацио.
Стигнавме до 21-14-0 ако не се лажам, значи 8 победи по ред сме имале, па после тоа киксот со Лече кога Квадрадо ни даде гол на крајот, па после 37мо коло победата 0-2 против Каљари, заедно со поразот на Милан од Интер 4-2 ни го донесоа Скудетото.
Нит гугл отварам, нит ништо, во еден здив ти го пишувам ова, за среќа 2012 беше пред 13 години и сигурно 98% од овде ја гледале и се сеќаваме како вчера да беше.
Затоа ти велам да не се брукаш со гола статистика која ништо не значи, споредувајќи нешто што е срамно и да се стави во ист контекст.