- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.128
- Поени од реакции
- 12.711
Радување и вчудоневидување не е исто.Нереално ми е македонец да се радува на ова предавство на украинскиот народ. Безброј пати нашиот народ го доживеал ова сценарио. За мене нашата приказна е многу слична со украинската. Жално.
Едит: 90% од радевпутинистите сте ми на блок, не се замарајте да ми реплицирате.
Вчудоневидувачки и неразбирливо е како тоа државата чија што официјална надворешна политика во однос кон анти-македонските договори од Охрид од 2001 и од Нивици од 2018 година гласи дека забранува влез на нејзина територија на било кои личности кои се противат на тие договори и/или се залагаат за нивно поништување и укинување, до вчера безусловно - па не баш, во замена за економска експлоатација и економско осакатување на Украина - поддржуваше нео-нацистичка хунта во Киев, за денес да им става до знаење на украинските нео-нацисти дека ќе мораат да договорат и да прифатат примирје.
А споредбата на македонската трагедија со украинската трагедија ниту малку не ти држи вода.
Во 2001 година никој од северна Америка и од Европа не и` нудеше оружје и муниција на Македонија, со исклучок на Украина се разбира, на која не само што и` се раздолживме подарувајќи и` ги борбените авиони во 2022 кои своевремено не ни беа подарени во 2001 година, туку ги купивме од Украина, но истовремено и` испративме далеку повеќе оружја на нео-нацистичката хунта во Киев после 24 февруари 2022 отколку што купивме од Украина во 2001 година, така да барем кон Украинците не само што сме раздолжени туку сега тие на нас ни должат.
За разлика од Македонија во 2001 година, оставена сама на цедило против вооружени злосторници обучувани и вооружувани од страна на САД и Велика Британија на Косово, Украина не е оставена сама на цедило ниту еден ден после 24 февруари 2022, 3 (ТРИ) години по ред никој не им бараше да потпишуваат рамковен договор, туку токму спротивното - кога веќе имаа договорено прелиминарен мировен договор во Истанбул во 2022 година, истиот експресно беше саботиран од страна на Велика Британија бидејќи наводно Русите биле премногу слаби и неподготвени за војна против нео-нацистичката хунта во Киев, па затоа полесно ќе било за украинските нео-нацисти да војуваат против Русија отколку да потпишат примирје со Русија.
Од северна Америка и Европа во 2001 година добивме единствено олеснувачи за полесно да договориме и да потпишеме примирје со терористи и воени злосторници во Охрид, таканаречен рамковен договор, за разлика од нас нео-нацистичката хунта во Киев веќе 4-та година по ред масовно се вооружува до заби со оружја и муниции од северна Америка и Европа.
Споредбата ниту малку не ти држи вода.