Крит

  • Креатор на темата Креатор на темата >LejdiD<
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не знае да ми каже дали оваа цена е повратна или во еден правец? Селектирам се како за еден правец, но не можам никако да најдам распоред или воопшто податок за рута од Panormo до Chania, па си викам може ценава е за return ticket. Прашањето е за јавен превоз со бус на островот.

upload_2019-5-29_3-58-1.png
 
Мислам дека е во еден правец, ама онака и јас на тепка.
 
Некој да не знае да ми каже дали оваа цена е повратна или во еден правец? Селектирам се како за еден правец, но не можам никако да најдам распоред или воопшто податок за рута од Panormo до Chania, па си викам може ценава е за return ticket. Прашањето е за јавен превоз со бус на островот.

Прегледај го приврзокот 209712

па види за повратна колку ке ти даде и одма ке си дознаеш

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
па види за повратна колку ке ти даде и одма ке си дознаеш

Sent from my iPhone using Tapatalk
https://www.e-ktel.com/en/ оваа страна ја користам за пребаруваање, и нема опција воопшто за повратна, затоа и прашувам некој да не случајно се служел со јавниот превоз таму.
Патем, дали бараат меѓународна возачка дозвола при рентање на скутер 50cc или може без проблем да ти дадат со обична Б категорија?
 
Некој што бил во скоро време, да каже со која компанија е најдобро да се оди на еднодневна екскурзија до Балос и Грамвуса од Кисамос пристаништето. Најдов 2-3 ама рецензиите им се топло-ладно...
 
Некој што бил во скоро време, да каже со која компанија е најдобро да се оди на еднодневна екскурзија до Балос и Грамвуса од Кисамос пристаништето. Најдов 2-3 ама рецензиите им се топло-ладно...

Нема најдобра, сите се тако-речи смече. Може само да го избереме најдоброто смече.
Јас оваа ја гледав:

Најверојатно со овие ќе одам (ќе одам во септември) пошто мислам дека нема да одам со кола/пешки до Балос.
 
Chania или Heraklion, каде има подобри плажи и каде има поубави места за излегување?
До Хања ти се најпознатите плажи Елафоноси и Балос, Ираклион ти е поголем со тоа ниди и повеќе места за искачање
Сите викаат на Крит се иде најмалку два пати зашто е преголем островот
Со што планираш да одиш до таму?
 
Со авион од Солун.
 
Chania или Heraklion, каде има подобри плажи и каде има поубави места за излегување?
Ханија, без двоумење!
Не знам со каков фонд располагате, ама одете во потегот од Агиа Марина до Колимбари. Вриеж е!
Ако сакате да поминете поефтино, тогаш Киссамос(Кастели), плус ви е што Елафониси, Балос и Фаласарна ви се блиску.
Има убави ресторанчиња, Келари готват убаво и не се скапи. Ако одите таму секојдневна плажа е Маврос молос, на западниот крај на градчето. Стељо од Келари правеше тури по тој дел, можете да си дозволите такво нешто, ако сеуште се активни. Ревека роомс се супер лоцирани и не се скапи за сместување.
Шузнам, тоа е основно, отидете нема да се каете! Аа да, видете за рент а кар, со време.
 
Доколку го изберете Ираклион, тогаш правецот накај Херсонисос и Малиа е одморски онака! Историски Кносос ви е блиску, сега таму е градилиште во близина.
Историски е интересно Ласити платото, со ветерниците за вадење вода, Зевсовата пештера.... Проблем е што тој дел не е нешто туристички развиен. Има неколку добри ресторанчиња и кантини во полето. Ласити инаку критјани го користеле неколку пати да спасат жива глава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom