Интер почнува да склучува регионални спонзорски договори од 2017 година, од тогаш е тој пресврт во нивните финансии. Не е само 2019 г., што беше спомната, која е гранична, после неа ги снемува регионалните спонзори. Веројатно затоа и ја спомнуваат, а за разликите во буџетот се земени и спонзорските договори од претходните години, не знам што точно пресметувале. Подолу споделувам кои се бројките, за да нема забуна.
Зошто се појавуваат, па ги снемува овие договори? Првин ги склучуваат за Интер да може да го заобиколи ФФП, потоа почнуваат да заработуваат на друг начин, па затоа ги снемува.
Баш чудно, се појавуваат кинески компании, поврзани со Жанг, како регионални спонзори, ја вршат работата што треба и ги снемува.
Кога Интер ги зголемува приходите, спонзорските договори престануваат, ниту Интер има проблем со тоа, ниту компаниите. Испратете било кое озбилно преговарање на клуб со спонзор и како тече таа соработка потоа.
Што е тука слично со Сити? Најкратко, Арапите преку разни договори, пумпаат пари во клубот и ги зголемуваат приходите. И сега треба да се види дали и тоа ќе е проблем.
Абрамович немаше вакви проблеми, затоа што тогаш регулативите беа поинакви.
Но, интересна е последната голема инвестиција на Арапите, купувањето на Њукасл. И тие се соочија со сличен проблем како да ги зголемат приходите. Имаат желба да трошат, но проблем е што не смеат.
И кога го променија главниот спонзор, мораше регулаторно тело да го одобри договорот со новиот спонзор (поврзан со сопствениците), а бројките не смееа да отскокнуваат во однос на спонзорските договори на другите клубови, за така да не добијат некаква предност на тој начин. Ниту можат да измислуваат иновативни решенија, имаат тие некои договори, но многу потешко им оди и се е под строг мониторинг.
Да се вратиме на Интер. Еве од финансиски извештаи, да не биде дека измислувам. Тука се гледа како се појавуваат овие спонзорства во 2017 година. 2017 - 75 милиони, 2018 - 92 милиони и 2019 - 97 милиони.
А еве подолу како следната година "губат" спонзори, односно Жанг веќе нема потреба на ваков начин да пумпа пари во клубот. Може за споредба да провериме, дали кај другите клубови од 2019 година наваму, растат приходите од спонзорствата или паѓаат драстично, дали е тоа некој тренд или Интер е некој исклучок!?
Во 2020 година, Интер паѓа под 100 милиони приходи од спонзори. Значи од сите, не од регионални кинески, а само од регионалните, претходната година имаат речиси 100 милиони, а сега ни 80 милиони приходи од сите спонзори заедно.
И сега мора да прифатиме дека е лудо да се верува дека овие регионални спонзорски договори, не се ад хок решение, во клубот да се вбризгаат 260 милиони за три години, за да немаат проблем?!
Дали е казниво, не знам со сигурност, можеби се е направено по прописи. Уште малку ќе биде донесена пресудата за Сити, па да видиме дали воопшто ќе бидат посочени како проблем нивните шеми за вбризгување на пари во клубот, а не па казнети за тоа.
Инаку, збориме за 2020 година, уште е далечно банкротирањето на нивниот главен спонзор, па една година и поради тоа Интер имаше пад во оваа категорија. Да не ги помеша некој овие работи, тоа е некоја година подоцна.
Тука може да се види падот во 2020 г. од овие спонзори за кои збориме. А дури во последните извештаи за 2024, Интер и Милан не можат да се доближат до 100 милиони од спонзори, додекс Интер во 2017 оди изнад 100 милиони, а во 2019 речиси на 140 милиони.
Во меѓувреме имаат и нови повисоки договори, во просек се зголемени спонзорските договори во фудбалот во однос на 2019 година, а не можат да се доближат до 100 милиони?
Треба да поверувам дека овој Интер, кој игра константно ЛШ, освои две титули во првенство, стигна до финале во ЛШ, е помалку атрактивен за спонзори, од оној Интер што се бореше да се пласира во ЛШ!?
Друг е проблемот околу онаа тело (COVISOC) и притисокот за наводно да му се погледне низ прсти на Интер, за да можат да се натпреваруваат, па едниот поднесува оставка. Барем така велат, дека поднел оставка поради притисок, можеби е лага, но факт е дека еден од тоа тело навистина поднесува оставка.
Колку е серизно се ова, не знам, но дека позади овие муабети не стојат и бројки, не е точно. Можеби биле само инвентивни и нашле решение, за кое не треба да бидат казнети, па останува само дилемата дали е морално.
Што е точно, сигурен сум дека никој од нас не знае толку во детали, какви се прописите и што е направено.