- Член од
- 9 август 2014
- Мислења
- 536
- Поени од реакции
- 1.795
Истото беше додека бев на факултет. Јас никогаш не сум се амбицирал за волонтирање, ми се гади од самата помисла за неплатена волонтерска работа, особено во вукојебина како кај нас. Ама имав колеги од кругот кои се амбицираа да волонтираат. Овие по клиниките секоја можна шанса што ќе ја имаа, кукаа како немало кадар по клиниките, не се престигнувало со работа, им била потребна дополнителна помош. Знам 10-тина колеги кои се понудија да волонтираат и беа одбиени,покрај големиот недостаток на кадар кој што го имаа.Парадоксот е што еднаш зборуваат дека имало премногу специјализанти па и приватни па не можело да се вработат, а утре трубат на телевизија дека фалело кадар!
Си играат мајтап со народот!
![Курац :kuracc: :kuracc:](/styles/default/xenforo/emot/bip.gif)
Во меѓувреме партиски кадри и особено пред се, ќерки и синови на професори и асистенти, ,, волонтираат'' уште од втора година. Под волонтираат подразбирам не одат не вежби под изговор дека волонтираат и буквално седат на оддели, пијат кафе, живеат живот. Постои една квака во Закон за здравствена заштита, за вработување во ЈЗУ, каде што наместо отворен оглас на кој што може да се вработи било кој лекар од државата кој што ги исполнува условите, може да се отвори интерен оглас на кој што смеат да се вработуваат само лица кои што претходно волонтирале или работеле со договор на дело во установата. Е ова професорите на медф и други големци по болниците надвор од Скопје, максимално го користат за на легален начин да ги вработат своите деца и партиските пајташи.
Исто и со специјализантите. Лажно претставен дефицит, со цел монополот потполно да биде во рацете на малкумина. Нема да биде ништо подобро со новата власт. Наместо да вработуваат кадри и да отвораат нови установи, Клековски најавува фузирање на градски болници во еден центар. На пример, баш кажа конкретен пример, Охрид, Битола, Прилеп ќе функционирале како еден центар, биле доста блиску еден до друг, па така на пример хирургија ќе имало во Охрид, интерна во Битола, ортопедија во Прилеп и ќе се надополнувале една со друга болниците. Ова во 21-ви век, комедии живи.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Последно уредено: