Здравството кај нас

Член од
9 август 2014
Мислења
536
Поени од реакции
1.795
Парадоксот е што еднаш зборуваат дека имало премногу специјализанти па и приватни па не можело да се вработат, а утре трубат на телевизија дека фалело кадар!

Си играат мајтап со народот!
Истото беше додека бев на факултет. Јас никогаш не сум се амбицирал за волонтирање, ми се гади од самата помисла за неплатена волонтерска работа, особено во вукојебина како кај нас. Ама имав колеги од кругот кои се амбицираа да волонтираат. Овие по клиниките секоја можна шанса што ќе ја имаа, кукаа како немало кадар по клиниките, не се престигнувало со работа, им била потребна дополнителна помош. Знам 10-тина колеги кои се понудија да волонтираат и беа одбиени,покрај големиот недостаток на кадар кој што го имаа.:kuracc: Мал милион изговори, не сте спремни доволно,систематизацијата не ни дозволува итн.
Во меѓувреме партиски кадри и особено пред се, ќерки и синови на професори и асистенти, ,, волонтираат'' уште од втора година. Под волонтираат подразбирам не одат не вежби под изговор дека волонтираат и буквално седат на оддели, пијат кафе, живеат живот. Постои една квака во Закон за здравствена заштита, за вработување во ЈЗУ, каде што наместо отворен оглас на кој што може да се вработи било кој лекар од државата кој што ги исполнува условите, може да се отвори интерен оглас на кој што смеат да се вработуваат само лица кои што претходно волонтирале или работеле со договор на дело во установата. Е ова професорите на медф и други големци по болниците надвор од Скопје, максимално го користат за на легален начин да ги вработат своите деца и партиските пајташи.
Исто и со специјализантите. Лажно претставен дефицит, со цел монополот потполно да биде во рацете на малкумина. Нема да биде ништо подобро со новата власт. Наместо да вработуваат кадри и да отвораат нови установи, Клековски најавува фузирање на градски болници во еден центар. На пример, баш кажа конкретен пример, Охрид, Битола, Прилеп ќе функционирале како еден центар, биле доста блиску еден до друг, па така на пример хирургија ќе имало во Охрид, интерна во Битола, ортопедија во Прилеп и ќе се надополнувале една со друга болниците. Ова во 21-ви век, комедии живи. :facepalm:
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.185
Поени од реакции
8.923
Истото беше додека бев на факултет. Јас никогаш не сум се амбицирал за волонтирање, ми се гади од самата помисла за неплатена волонтерска работа, особено во вукојебина како кај нас. Ама имав колеги од кругот кои се амбицираа да волонтираат. Овие по клиниките секоја можна шанса што ќе ја имаа, кукаа како немало кадар по клиниките, не се престигнувало со работа, им била потребна дополнителна помош. Знам 10-тина колеги кои се понудија да волонтираат и беа одбиени,покрај големиот недостаток на кадар кој што го имаа.:kuracc: Мал милион изговори, не сте спремни доволно,систематизацијата не ни дозволува итн.
Во меѓувреме партиски кадри и особено пред се, ќерки и синови на професори и асистенти, ,, волонтираат'' уште од втора година. Под волонтираат подразбирам не одат не вежби под изговор дека волонтираат и буквално сетдат на оддели, пијат кафе, живеат живот. Постои една квака во Закон за здравствена заштита, за вработување во ЈЗУ, каде што наместо отворен оглас на кој што може да се вработи било кој лекар од државата кој што ги исполнува условите, може да се отвори интерен оглас на кој што смеат да се вработуваат само лица кои што претходно волонтирале или работеле со договор на дело во установата. Е ова професорите на медф и други големци по болницигте надвор од Скопје, максимално го користат за на легален начин да ги вработат своите деца и партиските пајташи.
Исто и со специјализантите. Лажно претставен дефицит, со цел монополот потполно да биде во рацете на малкумина. Нема да биде ништо поарно со новата власт. Наместо да вработуваат кадри и да отвораат нови установи, Клековски најавува фузирање на градски болници во еден центар. На пример, баш кажа конкретен пример, Охрид, Битола, Прилеп ќе функционирале како еден центар, биле доста блиску еден до друг, па така на пример хирургија ќе имало во Охрид, интерна во Битола, ортопедија во Прилеп и ќе се надополнувале една со друга болниците. Ова во 21-ви век, комедии живи. :facepalm:
Тој концепт со интерна Битола, ортопедија Прилеп и хирургија Охрид уште сега се знае дека ќе биде пропаст и пациентите ќе се возат на тие релации Охрид-Прилеп-Битола и никој нема да превземе одговорност.

На крај секој ќе им ги префрла трошоците на другите и ќе се стигне до еден момент каде едните ќе бидат пренатрупани со работа и финансиски трошоци кои не им ги покриваат трошоците за плати и конзумативи, додека другите
Screenshot_20250207_142334_Chrome.jpg
ќе префрлаат пациенти и со нивнита работа и нема да бидат во состојба да ги покриваат трошоците за плати.

На крај ќе си ги извадат очите а додека тоа да го сватат дека нема да функционира. Најмногу ќе страдаат пациентите.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
932
Поени од реакции
464

Па тоа е поентата на било која школа....
Да крадиш без да те забележи некој....преку нудење на услуга што ке биде поскапа од тоа што вреди или да го убедиш на некој да купи услуга или производ што не му треба....
Ако крадиш пари директно ти нема спас но со факултет и преку нудење на производ или услуга што сакаш можеш да правиш.
Пример во приватна реномирана болница иста терапија што и во распадната државна болница а разлика во цена небо земја.
Само ваму плаќаш хотелска соба,подобар кревет, интернет конекција и други небитни работи....зарем тоа не е еден вид на крадење
Све е кореографија...едино што вреди во све тоа е терапијата и ти треба доктор да ти ја приклучи инфузијата.

Пример цени во приватна болница наспроти реална цена
Една вечер во болница лежење 1000 ти плаќаш 3000
Вифи секаде без пари тука плаќаш 200 денари
Докторска нега 2000 ти плаќаш 5000
Додатна интервенција 1000 ти плаќаш 2000
Админидтрација водење евиденција 1000 ти плаќаш 2000
Греење/ладење 1000 ти плаќаш 2000
И други давачки технологија,апарати едно друго 2000 ти плаќаш 5000
Кој е толку глупав да плаќа енормни суми за еден лек што е 200€ и за едно боцкање...но вака ке ти прифатливо.

И вака кога на све ке се додаде по малце многу ке се собере....па ке кажат давачки за ова она итд а ти можеби ни 20℅ од тоа не си искористил....но треба да си платиш и така се прават пари и така се "кради".

Исто кога ке викнеш хаус мајстор вика абе деловиве се многу скапи..прашај во железара -50℅ од тоа што тој тврди дека ги зема и башка за работна рака :D

Но ако си про и ако си ја знаеш работата гајле би му било на некој колу и за што земаш само да е се во ред во таа смисла ми беше дека не се снашле.
И да наплаќа повеќе било кој клиент ке рече ако е поскапо барем ке завршам работа.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.056
Поени од реакции
1.115
Тој концепт со интерна Битола, ортопедија Прилеп и хирургија Охрид уште сега се знае дека ќе биде пропаст и пациентите ќе се возат на тие релации Охрид-Прилеп-Битола и никој нема да превземе одговорност.

На крај секој ќе им ги префрла трошоците на другите и ќе се стигне до еден момент каде едните ќе бидат пренатрупани со работа и финансиски трошоци кои не им ги покриваат трошоците за плати и конзумативи, додека другите
Прегледај го приврзокот 442664
ќе префрлаат пациенти и со нивнита работа и нема да бидат во состојба да ги покриваат трошоците за плати.

На крај ќе си ги извадат очите а додека тоа да го сватат дека нема да функционира. Најмногу ќе страдаат пациентите.
Јас сум против да биде така, нека остане онака, бидејќи во Битола имаше доста инциденти поради несоодветен кадар.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.368
Не знам што очекуваш кога моменталниот декан на медицински во Скопје, кој треба да биде бард и пример за сите лекари и хирурзи во државата нели , не ни извршува преглед без да земе меѓу 50 и 100 евра, а за операција и да не зборуваме. Другар кажуваше кога татко му имал проблеми, доаѓаш во амбуланта,таму те чека некој потрчко од горе, му ги даваш парите, тој ги носи и потоа слегува тој. Исто мои пациенти имале слични искуства.
Ако деканот на најголемиот медицински факултет зема мито, што да речеме за хирурзи надвор од Скопје.
Koj e dekan na medicinski, Jankulovski e uste?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
Фондот нема пари
ФОндот можеби треба да се позамара и како се трошат пари на секакви потребни и непотребни испитувања.
Добар ден докторе, сакам да испитам реума. Нема проблем, повели упат.
Добар ден докторе, сакам колоноскопија. Нема проблем, повели.
Имаш температура? Ајде целосна крвна слика.

Кај ќе бевме ако не беа донацииве....
Screenshot 2025-02-07 at 16.18.54.png

Screenshot 2025-02-07 at 16.19.03.png

Screenshot 2025-02-07 at 16.19.35.png
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.185
Поени од реакции
8.923
Јас сум против да биде така, нека остане онака, бидејќи во Битола имаше доста инциденти поради несоодветен кадар.
Се ми се чини дека инцидентите во градот кој се храни со жолтите тропски плодови се значително во поголем број него ли во Битола.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.667
Поени од реакции
16.873

Воа да не е пораѓање по ХАЛАЛ протокол ???
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.185
Поени од реакции
8.923

Воа да не е пораѓање по ХАЛАЛ протокол ???
Најверојатно ХАЛАЛ, а после тоа и сунет по ХАССАП стандард?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.713
Поени од реакции
37.692
Постои една квака во Закон за здравствена заштита, за вработување во ЈЗУ, каде што наместо отворен оглас на кој што може да се вработи било кој лекар од државата кој што ги исполнува условите, може да се отвори интерен оглас на кој што смеат да се вработуваат само лица кои што претходно волонтирале или работеле со договор на дело во установата.
... постои и друга квака, на префрлување од приватна институција или ординација во државно ЈЗУ со само неколку потписи и тоа во редовен работен однос, сите новопримени кадри во болниците се соработници и технички помошни работници, а најинтересни ми се новопримените правници кои се само со три години правен факултет, паднати од небо, закони ќе спроведуваат.
...потоа ги има кои се редовно вработени во приватна дејност, а земаат дополнителни пари со договор на дело низ ЈЗУ,
...потоа има вработени од други градови кои земаат дополнителен хонорар со договор на дело во разни комисии во министерство за здравство како да се невработени, никој никого не контролира, има случаеви да на психијатрија работат само двајца психијатри, а ги има едно шест психолози кои не се здравствени работници,

...има случаеви да завршил една специјализација работи во ЈЗУ на друго место каде има поголем коефициент на друга специјалност, кој го знае важно е доктор.

...и на крај да бев јас власт би направила ревизија на додатоците за дежурства, повик, да во исти ден се зема различен додаток и за дежурство и за повик истовремено, односно преглед на пасошите со работното присуство и дежурство, цел месец отсутен во Германија, а ваму зема цела плата со сите можни додатоци, празнично, неделно, повик и што уште не, јавна тајна затоа се кријат и самите платни списоци.

viber_image_2024-06-21_09-45-01-851.jpg

...има уште примери, каде неоправдано, да не речам со престап и неодговорно, се губат парите од ФЗОСРМ , па после нема пари за новите спезијализанти, е па нема, а кадар, па ич, соодветен, па ич!
Кај ќе бевме ако не беа донацииве....
...таму, во донациите се врти најголема пара, јас не верувам дека законски се спроведени од хумани побуди, постои закон за донации и спонзорства дали се опфатени сите законски процедури како и што може да се донира, за ковид пандемија доволно да се разврзат донациите за да стане појасно моето сомневање и недоверба.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.185
Поени од реакции
8.923
ФОндот можеби треба да се позамара и како се трошат пари на секакви потребни и непотребни испитувања.
Добар ден докторе, сакам да испитам реума. Нема проблем, повели упат.
Добар ден докторе, сакам колоноскопија. Нема проблем, повели.
Имаш температура? Ајде целосна крвна слика.
Колоноскопија после 55 години се препорачува да се направи барем еднаш како превенција за рак на дебело црево и тоа не е проблем.

Е сега проверка за реума е што за да испиташ реума фактор (интернистичка дисциплина), ти бараат упат од ортопед (хируршка дисциплина) wtf? :eek: тоа ти е како од турчин готвач да бараш експертско мислење како се пече свински бифтек.

За целосната крвна слика не си баш во право, пошто разликата во цена е помалку од 5 денари, а бенефитот на информација е поголем.
Автоматски споено мислење:

Фондот нема пари
А како ќе има пари кога секогаш во буџетите се кратат пари во здравството? Приоритетите се во патни трошоци на пратеници и возен парк на владата за да секој чиновник од 5 ешалон си се вози во службен пасат и крка чорбичка од пеевче.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
Колоноскопија после 55 години се препорачува да се направи барем еднаш како превенција за рак на дебело црево и тоа не е проблем.

Е сега проверка за реума е што за да испиташ реума фактор (интернистичка дисциплина), ти бараат упат од ортопед (хируршка дисциплина) wtf? :eek: тоа ти е како од турчин готвач да бараш експертско мислење како се пече свински бифтек.

За целосната крвна слика не си баш во право, пошто разликата во цена е помалку од 5 денари, а бенефитот на информација е поголем.
Автоматски споено мислење:

А како ќе има пари кога секогаш во буџетите се кратат пари во здравството? Приоритетите се во патни трошоци на пратеници и возен парк на владата за да секој чиновник од 5 ешалон си се вози во службен пасат и крка чорбичка од пеевче.
Како е разликата 5 денари? Има огромна разлика од користење 5 наместо 25 реагенси.
За настинка дали и Германија даваш целосна крвна слика или само параметрите кои ти требаат? Мк нема добри дијагностичари, 90% од кадарот во примарно здравство е тотална утка.
Личен пример ќе дадам, син ми досега примил 2 пати антибиотик, и тие два пати беше додека бевме на посета МК. Додека чекавме прием кај педијатарот, сите пациенти излегоа со истите насоки, целосна кс и рецепт за антибиотик. Уште невлезени знаев што не чека. А симптомите беа апла вирусни, ама на дете под 1 година не ми се ризикуваше да го оставам без преглед, посебно па зошто Охрид нема педијатриска служба за викенди, мора да се патува до Струга, а таму се преоптоварени.

Тука пример целосна кс не ми испитале никогаш, дури и тогаш кога сум била хоспитализирана. Секогаш испитуваат 5-6 параметри. А мк секој пациент има годишно минимум 3 целосни кс.

Муабетот за барањата ми беше дека се иницирани од пациентите, а матичните само даваат упат без преглед на фактичка состојба, и дали уопште треба да се прати тој пациент на такво испитување. Тука нема шанси да одам кај матичен и сугестивно да барам упат за било какво испитување, може вратата да ми ја покаже во првите 3 мин од прегледот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.431
Поени од реакции
10.355

Емче, грешка си дека кај нас пациентите можат да бараат било какво испитување а матичниот им дава упат.
Пример, ако сакаш да правиш кс, матичниот ке ти даде упат до гастроентерохепатолог(ако најде термин, а тоа мало морген), па тој специјалист ке те прегледа и он ако мисли дека има потреба за кс ке ти даде упат...и таму ке ти закажат после 5 месеци, а ако сакаш со анестезија, тек после една година.
На матичниот лекар му се врзани рацете...паметам едни добри времиња кога можеа да дават упати за секакви прегледи, снимања, кај нив во ординација се правеше екг, даваа пеницилин идр услуги.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
Емче, грешка си дека кај нас пациентите можат да бараат било какво испитување а матичниот им дава упат.
Пример, ако сакаш да правиш кс, матичниот ке ти даде упат до гастроентерохепатолог(ако најде термин, а тоа мало морген), па тој специјалист ке те прегледа и он ако мисли дека има потреба за кс ке ти даде упат...и таму ке ти закажат после 5 месеци, а ако сакаш со анестезија, тек после една година.
На матичниот лекар му се врзани рацете...паметам едни добри времиња кога можеа да дават упати за секакви прегледи, снимања, кај нив во ординација се правеше екг, даваа пеницилин идр услуги.
Не се стига до термин пошо се даваат така упати од ракав. Специјалист треба да се контактира тогаш кога треба и кога на матичниот му се исцрпени сите можности и проблемот го надминува неговото знаење, а не за да се удоволи на пациентот.
Ама кај нас ем пациентите се напорни, ем на матичните не им се замара, ем немаат ни знаење ниту па се во тек со новости, ниту па има некој орган што би ги снабдил со најнови препораки и насоки во лечењето.
Се е оставено на индивиуална желба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom