Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.315
- Поени од реакции
- 12.319
Најголемото нешто како човек е да го смениш ставот кон другиот... посебно ако забележиш и најмал сомнеж дека си бил неправеден кон другиот.Најголемото нешто што можам како Христијанин да го направам е да молчам, смирението е еден огромен дар што го доживеав, неможам да ти опишам колку огромно смирение добив на дар од Бога.
Многу луѓе може да се наречат дека се христијани, но ако одвнатре не следат некои работи што треба да ги следат, а ја следат гордоста која ја уништува целосно душата на човекот - тие луѓе ќе бидат најмногу жалени од Господ и треба човек што подалеку да бега од гордоста.
За околу грешноста, не треба ние да му судиме на другиот, бидејќи секој човек е грешен по самата човечка природа и треба само да согледаме каде грешиме и после да се трудиме да не го повторуваме истото нешто многу пати, а од лично искуство од тоа што сум доживеал знам дека нешто од тоа доаѓа поради гревовите и грешките кои ги правиме ние како луѓе.
И како заклучок, на крајот од денот сите сме ние луѓе од тело и душа, на нас останува само да се трудиме да ги поправиме грешките и да се покаеме за тоа што навистина треба да се покаеме.
Молчењето понекогаш може да е поголемо зло и од самото зборување... ако мислата останатала иста....