Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ/ВРЕДИ/ЗНАМ

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Не бидува ништо ни од оваа влада
Никаков крупен напред чекор , ништо подобро
На локални немаат да излезат ни 300000 граѓани целокупно тотално разочарување
 
Не бидува ништо ни од оваа влада
Никаков крупен напред чекор , ништо подобро
На локални немаат да излезат ни 300000 граѓани целокупно тотално разочарување
А што очекуваше ти? Јасно беше уште во моментот кога во Заевото време здружно си кешираа патни трошоци на месечно ниво колку да се опреми една мала болница.

И понатаму вемерео и муртинскиот клан здружно си крадат.
 
Касами си го пречека курти со добре дојде во албанија ама што би рекол мицакот не подлегнувајте на провокации тоа ни го прават со цел да не бутнат
 
Не бидува ништо ни од оваа влада
Никаков крупен напред чекор , ништо подобро
На локални немаат да излезат ни 300000 граѓани целокупно тотално разочарување

Ќе излезат пензионерите, тендерашите, оние кои чекаат партиски вработувања, досега вработените.
Ќе има пак солидна излезност на локални избори над 50 % ќе биде цензусот.
А крупен чекор напред си имаат врхушката во секоја партија. А за обичните смртници секогаш нема ништо посебно, тие се задња рупа на свирало.
 
крупен чекор за северџаните напред значи бугари во устав, тоа сакаше таа да каже.
 
Осум месеци на власт. Се согласувам дека тоа не е период во кој може да се покаже многу нешто во работењето и да се видат осетни резултати. Но, проблемот е во тоа што не гледам дека имаат некаква идеја или иницијатива за било кој од горливите проблеми. Се на што се сеќавам во овие 8 месеци е задолжувањето милјарда кај унгарците. Уште не измочани во функционерските вц не закуцаа милјарда и сега се се врти околу тие пари, те ке давале на општините, те на фирмите... на крај работата ке излезе општа пљачка на парите кои народот ке треба да ги враќа. Се сеќавам и на Груби, јајцата ни ги отекоа со него, и околу него се остана матно, но ок, ете добро е што нашле криминал и реагирале иако не верувам дека во тој случај некој ке понесе одговорност а уште помалку дека ке се вратат украдените пари. Исто и за групата од ЕВН. Се избламираа со бугарското фалсификат уверение за англиски јазик на Христовски. Се избламира баба Гоца со амнестијата на оној мафијашот. Голем плус за акцијата против мафијата, беа уапсени 20ина убици, дилери, рекетари. Се надевам дека нема да се извлечат пред судовите. Голем плус и за Коце кој изгледа успева да стави ред во претпријатието и фаќа вистински ритам на работа. Голем минус за саботирањето на Град Скопје, тоа што се скараа со Данела, која беше нивни кандидат, сега го испаштаат граѓаните, очигледна е саботажата на советот. На друго нешто битно не се сеќавам.
Нај горливите проблеми остануваат не чепнати, нема идеа, нема иницијатива.
- Судството и обвинителството, ништо, бла бла бла по медиуми.
- Здравството, ништо, ги гледаме истите проблеми и маки на пациентите.
- Образование, ништо, дали лиценците за воспитувачи ке биле и на албански или не, ништо суштински.
- Земјоделие, сточарство, шумарство.... ништо ново.
- Економија, се по старо.
- Стандардот - удолу
- Иселувањето - со ист интензитет.
Се на се, граѓанинот нема осетено никаква промена. Но, да почекаме, па на лето од аспект на една година власт да се прерачунаме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
крупен чекор за северџаните напред значи бугари во устав, тоа сакаше таа да каже.

Не верувам дека во блиска иднина ќе ги вметнат во уставот.
Едноставно, во реалноста никој во ЕУ не е заинтересиран за искрено проширување со нови членки.
Само Украина ако ја пикнат во ЕУ, останатите држави можат само да ,, галамат " дека ќе станат членки на ЕУ.
Кој им беше потребен од стратешки причини го примија во ЕУ, тоа е реалноста. Беа примени држави кои се далеку од ЕУ стандардите во многу погледи, но ете територијата им има стратешка важност спрема една држава и затоа се примени во ЕУ.

Така да, во годините кои претстојат само ќе слушаме празни муабети од перспективи за ЕУ членство.
 
Минативе избори излегов на гласање само за да паднат од власт ДУИ и нивните вазали од СДС.Со локалниве ич не се замарам.
 
Мислиш дека на тутаБугарчета Љубчета му смета тоа што горе пишува?
А да не му смета (тоа што и на тебе ти смета се разбира) тоа што гостинот од Репиблика Српска на крајот од говорот силно извика:
- ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
-
-
...и при тоа набројување заборави да извика да живее Бугаристан и да живее Репубљик Северџганистан ;)

;)

;)

И понатаму вемерео и муртинскиот клан здружно си крадат.
Во Македонија успешно се наметна наративот политиката/политичарите се гангстери и крадат, НИКОЈ АМА БУКВАЛНО НИКОЈ НЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ ЗА ТОА КАКВА ПОЛИТИКА АКТУЕЛНАТА ИНСТАЛИРАНА ПОЛИТИЧКА ГАРНИТУРА ВОДИ/СПРОВЕДУВА!!!
Од кога постои политиката не постои политичар кој барем еднаш не се обидел да капитализира тоа што е пшолитичар, но заради фактот дека таквиот наратив убаво легнува на увцето, постојано ни се повторува дека политичарите крадат, а каква политика водат јбг тоа не е наше, нека му ја мислат тие што ги поставиле... (калето или кој беше заборавив)
И така додека јавноста се занимава кој колку украл Македонија заминува во историјата!

Кој? На локалниве ќе го јаде само дуи кое се распаѓа , друго све по старо

Очекувам по локалните и поранешната сдсСС да се распушти :)
 
Ќе го јадат на избори и тоа јако.

Кој ќе го јаде?
Едноставно актуелната владечка партија нема конкуренција и ќе извојува уште појака победа од онаа победа во Мај 2024, тоа е реалноста.
СДСМ има помалку гласови од оние гласови во Мај 2024, и веројатно ќе освојат 0 општини.
Да, за првпат ќе добијат компир, и ќе продолжи потопот на таа партија.
Ќе добијат некој нов лидер на СДСМ после локалните, а падот на партијата ќе продолжи.
ДУИ ќе освои неколку општини, но ќе имаат помалку гласови и општини од ВРЕДИ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Ако народот не го казнат ДПМНЕ сега за да им текне за што ги гласаа незаслужуваме демократија нека се менуваат на секој 5 години те едни те други и албанците да се главни и одговорни и готово. Понатаму да си бидеме див запад.
 
a za sto tocno bi gi kaznil? nemaat godina dena apsolutna vlast i seuste se borat so ostatocite na predhodnite idioti. koga apsat dzabe e ako sudstvoto postaveno od sds ne reagira. dzabe mnozinstvoto vo sovetot na grad skopje koga imas gradonacalnik idiot koj smeni tabor itn... posle ovie lokalni koga bi imale celosna kontrola i toa na podolg rok za da ima vreme za da napravat nesto ke se vidat rezultati. ova konstantno menjanje na edni za drugi e apsolutno najloso pogotovo koga nemaat kontinuitet proektite i na kraj ne dobivas nisto.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom