па така - така одаамна и не ми текиња што беше ...али немој да ме сватич погрешнои , сакав да кажам конкретно за ромео и јулија ..не да ги споредувам со тристан и изолда....не за друго не се сеќавам баш на детали затоа...
:salut:
Каква врска имаат деталите? Не се сеќаваш на приказната, не си ја читала, гледала или? Деталите не се важни, важни се поголемите моменти кои ја одбележуваат дотичната приказна. Всушност, не верувам дека било кој друг памети детали од така пообемни приказни, освен ако не ги читал пред некој ден.
Но добро, да не дискутираме за џабе. Сакав само да кажам зошто ми е мене подобра приказна таа за Тристан и Изолда, кога веќе прочитав дека никој друг не објаснува.
Ромео и Јулија се некако општ пример за пар кој не можел да е заедно бидејќи нивните фамилии биле непријатели. И нели, се обидуваат да се заедно, при што се случува кикс и недоразбирање, па умираат, Ромео по грешка, а Јулија од љубов и тага што тој умрел.
Тристан и Изолда се веќе понесекојдневна и поинтересна приказна. Се запознаваат случајно, се заљубуваат веднаш и се разделуваат за да останат живи. Потоа таа завршува со човекот кој му бил како татко на Тристан, но продолжува да се гледа со него, иако и двајцата имаат грижа на совест итн итн итн. На крај не се убиваат затоа што неможат да се заедно и слични патетични работи. Сето тоа мене ми остава поголем впечаток и ми изгледа како да била поголема љубов, која живеела и ја негувале без оглед на последиците, иако кратко време.
Не навлегувам во тоа кој подобро ја напишал дадената приказна и начинот на кој го направил тоа. Секогаш ми е поважна содржината, која ако е добра, може и само добар писател да ја долови, без некое посебно забегување.