Ромео и Јулија или Тристан и Изолда?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која приказна повеќе ви се допаѓа?

  • Ромео и Јулија

    Гласови: 59 42,1%
  • Тристан и Изолда

    Гласови: 81 57,9%

  • Вкупно гласачи
    140
Да, но впрочем токму тука доаѓа до израз допадливоста на приказната затоа што ги потенцира трагичните елементи а сепак ја велича љубовта на некој повозвишен начин од вообичаениот.:smir:
Tугедер форевер :smir: може и така да се протолкува, сосема во право си, ама сепак јас би одбрал дека е подобро жив да уживам со саканата.
 
Тристан и Изолда бидејќи ми се допаѓа крајот. тие умираат, кралот ги закопува на два различни краја од грообиштата и венец се пружа од едната кон другата страна за да ги спои нивните души засекогаш.
 
KOJ SAKA STO SAKA NEKA KAZE ALI ROMEO I JULIJA SE VRVOT NA LJUBOVTA I NA LEGENDITE ZATOA ....ROMEO I JULIJA 4ever
 
си ја читала тристан и изолда?

па така - така одаамна и не ми текиња што беше ...али немој да ме сватич погрешнои , сакав да кажам конкретно за ромео и јулија ..не да ги споредувам со тристан и изолда....не за друго не се сеќавам баш на детали затоа...:toe::salut::pipi:
 
па така - така одаамна и не ми текиња што беше ...али немој да ме сватич погрешнои , сакав да кажам конкретно за ромео и јулија ..не да ги споредувам со тристан и изолда....не за друго не се сеќавам баш на детали затоа...:toe::salut::pipi:

Каква врска имаат деталите? Не се сеќаваш на приказната, не си ја читала, гледала или? Деталите не се важни, важни се поголемите моменти кои ја одбележуваат дотичната приказна. Всушност, не верувам дека било кој друг памети детали од така пообемни приказни, освен ако не ги читал пред некој ден.
Но добро, да не дискутираме за џабе. Сакав само да кажам зошто ми е мене подобра приказна таа за Тристан и Изолда, кога веќе прочитав дека никој друг не објаснува.
Ромео и Јулија се некако општ пример за пар кој не можел да е заедно бидејќи нивните фамилии биле непријатели. И нели, се обидуваат да се заедно, при што се случува кикс и недоразбирање, па умираат, Ромео по грешка, а Јулија од љубов и тага што тој умрел.
Тристан и Изолда се веќе понесекојдневна и поинтересна приказна. Се запознаваат случајно, се заљубуваат веднаш и се разделуваат за да останат живи. Потоа таа завршува со човекот кој му бил како татко на Тристан, но продолжува да се гледа со него, иако и двајцата имаат грижа на совест итн итн итн. На крај не се убиваат затоа што неможат да се заедно и слични патетични работи. Сето тоа мене ми остава поголем впечаток и ми изгледа како да била поголема љубов, која живеела и ја негувале без оглед на последиците, иако кратко време.
Не навлегувам во тоа кој подобро ја напишал дадената приказна и начинот на кој го направил тоа. Секогаш ми е поважна содржината, која ако е добра, може и само добар писател да ја долови, без некое посебно забегување.:toe:
 
Каква врска имаат деталите? Не се сеќаваш на приказната, не си ја читала, гледала или? Деталите не се важни, важни се поголемите моменти кои ја одбележуваат дотичната приказна. Всушност, не верувам дека било кој друг памети детали од така пообемни приказни, освен ако не ги читал пред некој ден.
книгата ја имам дома, ја прибрав од школската библиотека коа бев некаде 2 и ја заборавив па после немав срце да ја вратам затоа што .. за тоа што премногу ми се допаѓа, а ионака школо фаќаше само прашина, не дека се гордеам со тоа но барем ја имам прочитано преку педесет пати и не собира некаде прашинаи приказната е феноменална.. Ромео и Јулија ми се што знам.. Ромео и Јулија ваљда.. а Тристан и Изолда се нешто сосема поинакво, силна приказна која секогаш ме тера на солзи
 
Тристан и Изолда
Некако многу сентиментално ја доживеав книгата,
и баш се изненадив за темата, браво :)
 
па така - така одаамна и не ми текиња што беше ...али немој да ме сватич погрешнои , сакав да кажам конкретно за ромео и јулија ..не да ги споредувам со тристан и изолда....не за друго не се сеќавам баш на детали затоа...:toe::salut::pipi:

Па ние правиме споредба, а не збориме конкретно за Ромео и Јулија. Незнам како можеш да правиш споредба меѓу две книги од кои едната си ја прочитала а другата не.
Кажав дека повеќе ми се свиѓа Тристан и Изолда. Причината поради тоа што Ромео и Јулија ми е некако здосадена, изживеана. Уште од мала слушам за таа приказна, сум гледала цртани со таа содржина, ми ја читале уште додека не сум знаела ни да читам, сум гледала филмови и некако веќе не ми е возбудлива приказната, ама далеку од тоа дека веќе не ми се допаѓа или не е добра. А Триста и Изолда ја прочитав покасно, некаде на 15-16 год и ми беше поразлична, некако ми се допадна повеќе и ми остави впечаток. А и многу влијание имаше мојата проф до средно која и посвети големо внимание на книгата, ја засакав ептен :) Сега коа би требала да бирам која пак да ја читам би ја читала Тристан и Изолда
 
Добри се и двете ама Тристан и Изолда е ЕПТЕН нереална
 
Ниедна... и двете ги прочитав и ниедна не ми остави некој така позитивен впечаток баш затоа што се љубовни приказни кои завршуваат трагично а ме нервираат такви краеви...
 
Добри се и двете ама Тристан и Изолда е ЕПТЕН нереална

Тристан и Изолда е нереална, а реална е Ромео и Јулија?
Ме вчудоневиди муабетов. Ќе образложиш на што точно мислиш? Баш ме интересира ...
 
И Ромео и Јулија не е реална ама пореална е 100 пати од другата. Не можам сеа да се сетам на пример за бујна фантазија зашто одамна ја имам читано Тристан и Изолда, ама имаше ептен магични предмети и дешавки.
 
"Tristan i Izolda", ima samo interesna prikazna, nisto umetnichko ne gledam vo taa kniga...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom