Роман на годината

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
Така најчесто и жирито размислува и не ги чита книгите, и тука е проблемот... Дали вистински може да се оцени напишанот според насловот и корицата, а без да се прочита? Ние како индивидуалци и читачи во ред е да имаме предрасуди, зашто не сакаме да трошиме време, но за жал жирито не треба да е такво.
п.с. не дека и јас немам предрасуди, ама јас барем давам шанса.
Точно, и со Анде го правевме муабетот, ама тука има "книги" што елементарните услови не ги исполнуваат: една нема ISBN број, втора ни кој ја издал, ни каде е испечатена, трета е издадена во 2014, а во 2024 имала само реиздание (не знам како уште не го увиделе тоа) и т.н.
И токму затоа лесно е да се предвиде кои романи ќе бидат во финале.
Годинава мислам дека не е баш така лесно - ем конкуренцијата изгледа многу слаба (и ова е малку со предрасуди, на непрочитано), ем тоа што се пини оодобро не е од автори кои нормално се меѓу финалистите за наградата.

Твое предвидување?

Патем - среќен роденден, секое добро!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
02. Кобајаши Мару - @Анде Јанков , Антолог
1737828699630.png


„Секој еден може да раскаже приказна. Проблемот се јавува кога треба да се раскаже прекрасна приказна, којашто ќе допре до срцата на илјадници.“

Во петтитот роман на Анде Јанков, четврт од серијалот за инспекторот Виктор Николов, „Кобајаши Мару“ го следиме нагорниот пат и творечкото зреење на Јанков. Пред нас имаме сочна, многуслојна приказна која сама по себе претставува предизвик и провокација, и за обичниот читател и за познавачите на науката за книжевност. Не само поради фактот кој произлегува од самосвесноста за сопствениот текст, метафикцијата и практичната импликација на сѐ она што теоретски е кажано во врска со анатомијата на приказната, туку поради совршено дизајнираниот нуклеус.

Храбро, самоуверено, на моменти проткаено со позитивна „нарцисоидност“, во недостиг на книжевна критика, Анде одржува лекција за пишувањето, за структуирањето на приказните и за сѐ што е потребно за добра книга. Изразувајќи го својот став преку размислите на ликот Даниел Николов, се добива впечаток дека испраќа индиректна опомена и за издавачите и за оние кои ги пишуваат приказните. Во таа опомена недвосмислено со квалитет се спротивставува на квантитетот и хиперпродукцијата која повеќе поради комерцијални причини стана тренд во последните неколку години.

И покрај тоа што е дел од серијалот за инспекторот Виктор Никлов, романот „Кобајаши Мару“ претставува своевиден независен дел и како таков треба да се интерпретира. Анде Јанков неколку години ги освојува симпатиите на читателите и успешно се пробива на македонската книжевна сцена. Неговото творештво говори дека станува збор за автор со голема ерудиција кој си поигрува со книжевните постапки градејќи сложен раскажувачки свет. Со изострен стил и сензибилитет во градењето на наративниот дискурс, Јанков го создава и неговиот најнов роман во кој мошне умешно фикционалниот текст ја вклучува и критичката саморефлексија која ја демонстрира текстуалната свест. Пред нас имаме роман кој колку е наш, толку е и светски. Роман кој секогаш ќе биде интересен за нови книжевни интерпретации. Филозофскиот дискурс во романот отвора длабоки и сериозни размисли за животот, за смртта, за минилиоста, за изборите кои ги правиме…

Јанков одбира иновативен начин во кој содржината не претставува хипотеза што може да се извлече од насловот, туку нѝ наговестува една нова перспектива која се гради само со прогресивни умови кои не го ни забележуваат видното поле, туку градат свое. За наслов на романот избира тренинг вежба од серијалот „Ѕвездени патеки“ која служи за тест на карактер на кадети во безизлезни случаи, која всушност е причинско – последична нишка околу која се плете заплетот во нарацијата. Пред нас имаме брилијантен и остроумен крими роман. Прекрасен психолошки трилер. Возбудлива драма и практикум по теорија на книжевноста. Станува збор за сочна, повеќеслојна приказна која истовремено актуелизира неколку прашања.

„Кобајаши Мару“ е роман кој самосвесно и систематски свртува внимание врз својот статус на артефакт, а со цел да ги постави прашањата за односот меѓу фикцијата и реалноста. Анде Јанков, надминувајќи се себе си во креирањето на наративниот дискурс ја користи постапката текст во текст или роман во роман, како наративна структура која е двојно индикативна: го демонстрира метафикционалното поигрување со поместување на границите меѓу текстовите и световите и ја илустрира онтолошката доминанта на постмодерната проза. Низ романот, авторот, разгранува една внатрешна и мисловна ритмичност и понесеност, едно згустено монолошко раскажување, една респективна експресивност која блика од драматичност. Повеќеслојниот книжевен дискурс и густата нарација во која се е толку компактибилно, го потврдуваат талентот и творечката зрелост на Анде кој се наметна како првенец во крими романите. Во романот,Јанков ги поставува тезите на жанровските особености, со посебен акцент врз крими фикцијата.Сепак, овој роман се разликува од останатите романи од серијалот за инспекторот Виктор Никлов. Композициски романот е структуиран од пролог, 26 поглавја поделени во 5 дела и епилог. Авторот, многу мајсторски, поставува еден концепт кој претставува скриена критика на општествените норми. Низ приказната не води оминисцентен, сезнаечки наратор. Дејството во романот се одвива хронолошки. Впечатливи се одличните познавања на детективското право и криминалистичките тактики, но и одличното познавање на психологијата и книжевната теорија.

Дејството во романот почнува последната недела од февруари, во недела на пладне на гробиштата во Бутел, а кулминацијата ја доживува во петок попладне со вооружениот напад на банката. Во креирањето на приказната своја наративна улога имаат и датумите, дури и точното време. Топонимијата исто така е вклучена како сегмент.

Нарацијата во романот е организирана во неколку раскажувачки дискурси кои се рефлектираат во раскажувачките сегменти. Фабулата може да се толкува преку неколку сижетни линии прикажани преку ликовите.

Со оглед на фактот дека романот е приказна во приказна и приказна за приказната, интерпретацијата на Кобајаши Мару може да се согледа низ призмата на двете приказни, односно двете наративни јадра:

Приказната за инспекторот Виктор Николов
Приказната на Даниел
Уште во првото поглавје од романот во густиот наративен дискурс добиваме податоци кои го полнат семантичкото поле на главните ликови. Уште во првиот дел имаме комплетно изградени главни ликови чии атрибути се надополнуваат во текот на нарацијата.

Романот има сложена семантичка стурктура со бројни наративни сегменти. Плени со совршено дизајниран нуклеус како примарен сегмент на нарацијата, надополнет со катализатор кој е секундарен сегмент на раскажувањето којшто претставува премин од еден нуклеус кон друг и функции како наративни сегменти кои на прв поглед не изгледаат значајни, но имаат важна улога во раскажувањето. Покрај ова, во нарацијата на Јанков, своја улога имаат и индексите коишто се детерминираат како описи, односно како дополнителни елементи за некој настан.

Посебно внимание привлекува интертекстуалноста во раскажувањето и вметнатите цитати кои ги употребува авторот, кои претаставуваат свевиден метатекст.

За нарацијата на Јанков, карактеристично е тоа што создава дефинирани ликови чие семантичко поле се интегрира од почетокот до крајот на нарацијата. Во романот имаме семантички полни ликови. Ликови кои пред нас оживуваат. Анде ги изградил своите ликови со име и презиме; портрет, односно физикусот на ликот. Во својата нарација направил биографија на ликот, со податоци за животниот тек на ликот. Ликот се фиксира во време, односно му се дава временска димензија. Јанков на ликовите им дал Генеалогија и Предикати на ликот – постапки и дејства, односно неговите актантни функции. Посебно внимание обрнал и на вербални предикати на ликот – монолозите, односно мислите на ликот. Во таа насока посебно внимание привлекуваат ликовите на носителите на дејството во романот: Виктор, Даниел, Сандра и Теона, но и релациите кои ги градат меѓу себе. Анде посебно внимавал во дизајнирањето на ликовите, на нивните меѓусебни релации, на дијалозите и реакциите во даден момент, на размислите, продирајќи до најдлабоките места на нивните внатрешни светови. И ништо не оставил на случајност.

Ако книжевниот дискурс го интерпретираме низ призмата на актантскиот модел на Грејмас може да забележиме статичност во однос на актантските куќички. Позициите на актантите се јасно дефинирани. Во таа насока доминантен е психолошкиот триаголник со психолошко-идеолошка карактеризација на односот субјект-објект.

Приказната на Виктор исткаена со трилер елементи, но и богат психолошки дискурс е приказна за семејството, за татковството, за моралот, за честа, за вистината и правдата. Приказната на инспекторот Виктор Николов ја разобличува трулоста на општеството во кое живееме, општество во кое вистинските криминалци не се извршителите на криминалните активности.

Преку ликот на Даниел, писателот ја открива тајната на пишувањето добра приказна.

Во првиот дел зборува за анатомија на приказната, во вториот дел за поттикнуцачкиот инцидент. Во третиот дел за прогресивна компликација, во четвртиот дел за криза и кулминација и во петиот за расплет. Анде во својот роман пишува и за Седумте клучни чекори на градење на приказните вметнати длабоко внатре помеѓу конструкцијата на трите акти, распослани низ петте составни делови кои и го даваат самиот дух на приказната.

Приказната е структурирана низ интертекстуалните и низ автореференцијалните постапки. Текстот реферира на светот на книжевноста, на другите текстови и нивните светови, односно на сопствениот текст. Станува збор за вид метафикциски постапки што самосвесно ја оголуваат онтологијата на текстот и на светот проектиран во него, ги оголуваат процесите на нивното сочинување.

Интертекстуалните и автореференцијалните постапки, како конститутивни и конструктивни постапки во романот на Анде Јанков, демонстрираат неколку важни теориски аспекти, имплицирани со наративни постапки. Имено, интертекстуалноста иницира проблематизирање и редефинирање на голем број книжевнотеориски категории, придонесувајќи за нивното преосмислување од поинаква (интертекстуална) гледна точка. Тоа, секако, имплицира и врз теоријата и врз историјата на книжевноста, но и врз самата книжевност, создавајќи елементи за нејзино редефинирање.

Во романот „Кобајаши Мару“, Јанков, истурајќи го целиот свој раскошен талент, умешмоста и пред се познавањето на раскажувачките техники прави редефинирање на миметичките концепции на книжевноста. Од една страна, интертекстуалноста покажува дека книжевните текстови учествуваат во социјалната конструкција на реалноста и не го репрезентираат екстратекстуалниот свет директно, туку посредувано, низ претходните, веќе постојните текстуализации. Од друга страна, интертекстуалноста е индикатор на постмодернистичката онтолошка доминанта, демонстрирајќи разнишаност и на онтолошкиот статус на книжевноста: таа нема непосреден однос кон референтниот свет и кон неговите значења, туку до нив доаѓа интерпретативно упатена кон другите текстови.

Но не само тоа, во овој роман, Анде го редефинира поимот текст низ призма на неговата внатрешна хетерогеност, „исткаеност“, отвореност, плуралност; суштински ги алтерира категориите авторство, структура, значење, функција, рецепција на текстот, пробематизирајќи ги оригиналноста и изворноста, и фаворизирајќи ја релационоста и во рамки на продукцијата и во рамки на рецепцијата. Од друга страна, ја редефинира комуникациската оска автор – читател, илустрирајќи го поместувањето од нивната инверзија до нивната конверзија и афирмирајќи го писателот и како читател, чиешто читателско искуство свесно/несвесно се трансформира и се проектира во сопствената авторска креација.

Интертекстуалните и автореференцијалните постапки, кои „на дело“ ги покажуваат овие редефинирања, (метафикциски) упатуваат и на една комплексна метафикциска тема – за односот меѓу книжевноста и стварноста, особено од аспект на креативното преосмислување на виталниот линк живот/стварност-книжевност. Видливи се постапкитe што ја кршат рамката и ја оголуваат онтологијата на текстот, сугерирајќи ги различните нивоа и граници во и вон текстот, релативизирајќи ги границите меѓу световите и текстовите. Со овој пост-постмодернистички роман, Анде ги поместува тие граници. Тој е свесен дека приказните не им припаѓаат на оние кои ги создаваат, туку на оние на коишто им требаат.

Стилот на Јанков е она највпечатливото, зашто читањето на овој роман се претвора во гледање филм во киносалата со холограмски проектори. Живописно, колоритно, реално. Јазикот е лесен, едноставен, разбирлив. Описите се природни и ненаметливи. Нарацијата е спонтана, напната, неизвесна. Ова е приказна која не те остава додека не ја впиеш, лесно си го наоѓа патот до срцето и чека некоја нова интерпретација. - м-р Десанка Николова

Анде Јанков е роден на 5.6.1988 година во Велес. Уште од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година. Неговиот деби-роман „Едно лето на Крит“, кој излегува од печат во 2016 година, е добитник на наградата „Романијада“. Во 2020 година, во издание на „Антолог“, излегува неговиот втор роман „Виенски гамбит“, замислен како прв дел од подолга крими-серија. Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст „Книжевни разговори“. Во април 2021 од печат излегува неговиот трет роман „Сигурен ризик“, а една година подоцна и романот „Само Бог простува“. Во моментов тој работи и живее во Велес.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
И за крај:

01. Ехото на акробатите - Владимир Јанковски, Арс Либрис
1737829137954.png


Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, во секој што ќе го прочита... Овие зборови како ехо останаа да се брануваат во книжевните кругови при незаборавната книжевна свеченост - доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На настанот што се одржа на 8 октомври во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“) го претстави образложението, зошто од пријавените 56 ракописи како најдобар се издвои романот на Јанковски.

„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати, небаре патем, и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам“, истакна проф. д-р Наташа Аврамовска од името на жирито.

Наградата „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска, истакна дека „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта отколку што е љубовна приказна.
– Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овој пат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлени по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недобројни значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови – истакна таа.

Победникот, Владимир Јанковски рече дека многу е благодарен за добивањето на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година, и дека ова е важно признание затоа што оваа награда пополнува многу важен дел од мозаикот на нашиот книжевен живот. Книгата, која ја пишувал неколку години, во основата е семеен роман, кој како во филм ја следи приказната на едно семејство од 60-тите години, па наваму. Тој истакна дека филмичноста на книгата настанала спонтано.
– Во некои претходни верзии на книгата цели глави беа опишани само како сценарија, како слики, а потоа сфатив дека ќе биде премногу сувопарно и безлично да се чита книгата на тој начин. Затоа ги додадов тие филмични зачини на текстот. Кога ги читате сценаријата на најпознатите филмски имиња, не читате само сценарио, вие читате добра литература со која имате чувство дека пред вас се одвива филмот. Чувството не се постигнува со тоа што тие (сценаристите) користат стратегии карактеристични за филмот, туку тоа чувство се постигнува затоа што тие користат стратегии кои се карактеристични за литературата. Додека го пишував романот интензивно размислував за филмовите на Кишловски, и естетиката на други европски филмаџии, сакав да ја постигнам таа филмичност, ама не по секоја цена. Ова е книга во која најмногу играм со улогата на раскажувачот или улогата на нараторот. Во претходните мои книги бев доста страмежлив во однос на тоа колку гласот на нараторот е силно присутен. Тука има описи на сцени како да се снимиле од дрон (птичја перспектива), а веднаш потоа има сцена од мравја перспектива. Многу повеќе ме интересираше како движењето од глава до глава ќе биде движење од перспектива на перспектива. Морам да признам дека ова е роман со кој најмногу се забавував додека го пишував, бидејќи се трудев колку што е можно повеќе да ги менувам перспективите и да ги истражувам капацитетите и границите на раскажувањето... Додека ја читате книгата вие секогаш ќе најдете своја перспектива, односно како во искривено огледало, ќе ја читате од агол на својот живот и искуство. Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го препрочита (преиспита) својот живот. Сакам книгата да биде искривено огледало преку кое читателот ќе се чита себеси – рече Јанковски.

За значењето на насловот на романот Јанковски рече дека „сите ние сме ехо на нашите предци и на сите со кои сме имале некаква конекција“.
– Кога некој наш близок нѐ напуштил, ехото на неговиот живот продолжува да одѕвонува во нас, независно од тоа дали тој е сѐ уште жив или не. Има една сцена од книгата каде што децата зборуваат за нивната мајка, која починала пред 18 години, и еден од нив вели дека зборовите од мајката не само што се присутни во ликот туку и ликот ги кажува зборовите како што ги кажувала мајката. На некој начин сите што ни биле блиски, а не се веќе меѓу нас, продолжуваат да живеат во нас – тоа е ехото на нивната егзистенција во нас, но и ние продолжуваме како нивно ехо, нивни одглас. Тоа е една идеолошка позиција што стои зад романот – секој човек со којшто ќе дојдеме во некаква животна интеракција остава некакво ехо во нас, или ние оставаме некакво ехо во него. Ова не се однесува само на најблиските, туку и на луѓе со кои можеби сме имале некоја случајна средба, но оставиле печат, ехо во нас, што нѐ прогонува можеби цел живот. Човекот е суштество што постојано се сеќава и постојано ги преработува сеќавањата, драмите од својот живот и од своето минато – рече тој.
Животот на секој човек е своевидна акробација во постењето и времето. Акробациите и случките што ги правиме оставаат ехо во следните генерации. Ехото на акробатите се всушност децата на своите родители.

„Во основа, „Ехото на акробатите“ е роман во кој се опишани животните ситуации на едно семејство составено од пет члена. Иако основната рамка на романот може да се окарактеризира како „семеен роман“, тоа многу повеќе е роман за пет луѓе и за тоа како тие се справуваат со сопствениот живот. Какви акробации изведуваат за да се доближат до она што нив им е важно. „Ехото на акробатите“ почна со една слика на автомобил што влегува во тунел на автопат и никогаш не излегува од тој тунел. Она што ме водеше при создавањето на романот беше како оваа слика (појавена како филмска сцена) понатаму се разгранува и развива кон луѓето кои се поврзани со една од личностите која седи во тој автомобил што никогаш не излегува од тој тунел. Ова е мојот најмногу филмски роман, роман кој додека го пишував многу повеќе во мислите го гледав како филм отколку како текст.“ - вели Јанковски

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На македонски јазик превел дела од Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Драго Гламузина, Кристијан Новак, Светлана Слапшак, Чарлс Буковски, Ден Роудс, Филип К. Дик, Сузан Сонтаг, Зоран Фериќ, Огнен Спахиќ, Андреј Николаидис, Мухарем Баздуљ, Слободан Шнајдер и други.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.136
Поени од реакции
25.669
Од се по малку, но пред се предрасуди и глумење елитизам. Затоа наградуваните книги се најмалку читани, затоа што се избира и елиминира по име и презиме (ако не си од „круговите“) и издавач, како и по основа на жанр. Односно никогаш до сега на жанровската литература (тоа е глупава поделба кај нас каде имаш жанр и белетристика, а во жанр реално влегува се) не добила вистинска шанса. Ако прочитат дека е мистерија, трилер, хорор, нф, од старт книгата е елиминирана во прв или втор круг.
Што е најтрагично ова ми беше директно кажано до сега од три челна на жирито од три различни години, вклучувајќи го и притисокот од организаторите.
И токму затоа лесно е да се предвиде кои романи ќе бидат во финале.
Баш тоа еднаш го коментирав, просто неверојатно е како до пред 10-15 години македонската книжевност е преку 90 и кусур посто она што на ИМДБ го карактеризираат како "драма" или јас како што го викам тема "секојдневие". И кај филмовите е истиот муабет, ама друг пат ќе пишам повеќе на таа тема во тој подфорум. И фала курцу што почна да се прошарува со жанрови, на таа тема касниме со децении. Ама добро, ако за сега не може да има пробивање по формален пат преку овие признанија, друштва, плакети и слично, побитно е да се објавуваат книгите и да има публика. Самиот тој процес по автоматизам ќе прави притисок и ќе порасне во слон во соба што не може да се игнорира.
Со голема веројатност мислам дека знам од кај иде таа предрасуда. Се претпоставува дека ако книгата е од жанровски тип тогаш тоа не е "права уметност" туку наменска и правена пред се со цел да стекне "entertainment value", да ја забавува публиката. А тоа, секако, е најтешкиот грев што можеш да го направиш како македонси писател. Скраја да е книгата да им биде интересна на читателите и тоа замисли во голем број. И меѓу тие два света не смее да има мешање. Или ќе си сериозен уметник и ќе пишуваш "секојдневие" или ќе бидеш забавувач на публика ама во тој случај заборави на награда.
Како и да е како што кажав фокусирајте се на пишувањето и истото тоа да се издаде. Колку повеќе жанрови и читатели дури и без ништо повеќе од тоа да се прави слонот ќе стане преголем за игнорирање.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
20
Румена ја немаше ни поднесено нејзината. За ова сум сигурен, таа и Владимир Јанковски годинава не ги поднесоа нивните книги.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
Ова е за ‘Стале Попов’?
Да. Глумат лудило. Транспарентност демек. Никогаш немало селекции за таа награда, се знае кој ја добивал - еден од пријателите на претседателот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
Да. Глумат лудило. Транспарентност демек. Никогаш немало селекции за таа награда, се знае кој ја добивал - еден од пријателите на претседателот.
За таа награда секогаш слушам само кога ќе објават кој ја добил заради тоа ‘Роман на годината на Утрински/С. Јаневски’ ми има поголемо значење. Имаш јавно членови на комисија и селекција преку повеќе кругови — потранспарентно од тоа амин.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
За таа награда секогаш слушам само кога ќе објават кој ја добил заради тоа ‘Роман на годината на Утрински/С. Јаневски’ ми има поголемо значење. Имаш јавно членови на комисија и селекција преку повеќе кругови — потранспарентно од тоа амин.
Види, секогаш има незадоволство и секогаш има простор за подобрување. Ете, писателите на жанровска литература сметаат дека неправедно се изоставани и отфрлани уште во првите кругови без да им ги прочитаат романите, за што делумно можеби и се во право. Најчесто комисиите кон таквата книжевност гледаат со потсмев, сметајќи ја за тривијална, ниска, без уметнички вредности, па таквите предрасуди веројатно играат улога при носењето одлуки. Ете конкретен пример за тоа е од пред некоја година, одличниот роман „Идол на ѕидот“ од Елена Филиповска кој е научна фантастика (alternate history) роман беше отфрлен уште во прв круг на Роман на годината, а еден од тогашните членови на жирито (денешниот претседател на ДПМ) отворено даде поддршка за романот и се жалеше дека другите членови на жирито „немале слух“ за него и затоа испаднал уште во прв круг. Но затоа потоа истиот доживеа и второ, можеби веќе и трето издание и некако си го најде своето место меѓу читателите. За мене лично е еден од најдобрите наши романи од последниве десетина години.

Но, не можам и во целост да се согласам со тоа, затоа што низ годините имало случаи на жанровска литература кои си го пробиле патот до финалето, а еден дури и победи: „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на Влада Урошевиќ кој е de facto фантастичен роман со хорор елементи. Романот „Зелениот дворец“ на СИБО лани влезе во финале, а раскажува приказна за патување низ времето. Куќа над брановите на Билјана Црвенковска беше финалист за 2020, а е научна фантастика. „Апокалипса.мк“ и „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља исто беа финалисти, а се научно-фантастични романи... Значи добрата литература на ваков или таков начин може да си го пробие патот.

Инаку, нормално е дека секогаш, при доделувањето на секоја награда ќе има незадоволни од одлуките или жирирањето, такви кои протестираат, се откажуваат од наградата и слично. Еве дури и за Нобеловата награда последниве десетина години сами бевме сведоци на 2 такви случаи - за Боб Дилан и Петер Хандке колку имаше незадоволство насекаде во светот. Или да ја земеме пример наградата на НИН во Србија која е реномирана книжевна награда за најдобар роман која се доделува уште од 1954 година, а скоро секоја година има слични скандали, незадоволства од одлуките на жирито и слично. Во два случаи дури и добитниците на истата награда ја вратиле наградата, отпосле. Така што, со секоја награда неизбежни се и муабетите за неа. Инаку да, дефинитивно е со поголемо значење од „Стале Попов“ иако „Стале Попов“ има подолга традиција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom