Рачунај дека првите години секогаш повеќе враќаш камата него главница така да тука те дере банката буквално.
Не сум сигурен ама ако не се лажам во мкд имаш фиксна месечна рата така?
Пример ратата ти е 1000 денари, првиот месец 900 камата, 100 за отплата, после 890 со 110 итн итн според амортизациониот план.
За споредба пример еве во Шведска не им е така (не би се изненадил и на друго место низ светов), ратата не ти е фиксна, наместо тоа амортизацијата ти е фискна.
Пример истите тие 1000 денари се договориш да ги изплатиш на 100 месеци
секој месец ќе плаќаш 10 денари амортизација од прв до последен.
Каматата ќе ти варира зашто нели си должел 1000ка, па следен месец 990, 980 ...
Наместо да ти ја фиксираат ратата имаш рата која секој месец се менува(нормално обично се намалува, иако бројот на денови во месецот влијае на ова), ама ти ја фиксираат амортизацијата.Е сега овој начин е малку подобар за оние кои земале кредит и сметаат дека во иднина би имале можност порано да го отплатат,но претпоставувам дека мкд моделот со фиксна рата повеќе би одговарал на оние кои сакаат да го плакаат буквално до крај зашто би имале пониска рата и без флуктуирање (ако се решиш да го исплатиш порано едноставно си заебан зашто секако веќе си им платил повисока камата)
Искрено би седнал да разгледам предности и слабости на двата модела
Ако имаш желба чисто за споредба може да направиме „амортизационен план„ на некоја рандом сума на неколку месеци чисто за да направиме, пример 10000 на година дена, чисто да за споредиме (ама ќе треба да помогнеш со мкд амортизациониот зашто не се сеќавам како идеше)