Outlander

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ја загледав серијава, интересна е и како тема и глумата.
До трета сезона сум (S3E5 - на ред ми е), па да пишам што ми сметаше до сега додека не сум заборавила.
Прво, женската додека се омажи со Џејми, во реален 18 век ќе беше силувана повеќепати, а ние видовме само неколку неуспешни обиди за силување.
Второ: човек од 20 век да се врати наеднаш во (не)условите на живот на 18 век, ќе фати еден куп обични болести од нечистотии во храната, во околината, од вошки, болви и други бубалетинки кои и кралевите ги имале тоа време.

Другото засега ми е ОК, и многу ми е интересно кога зборуваат шкотски, а на Нетфликс нема превод што кажале. :)
Ако почнеме да идеме по оваа логика знаеш дека во реалниот свет никој нема да преживее на пример во Волкинг Деад и другите зомби серии. Имаше експерти од сите полиња што кажуваа дека не е можно туку така цела година сам да преживееш во шума или разурнат град и тоа да воопшто да ги нема зомбињата. Затоа ваквите работи многу не ги коментираат и ги прескокнуват да ги екранизираат.
 
Некако друго ми е кога цела приказна е фантазија, ама овде освен патувањето во време назад-напред, има многу историски факти и ликови. Па ако веќе гледаме паралела на животот тогаш и сега, би требало сценаристите да се придржуваат до фактите. Мое мислење, де.

И за Walking Dead има факти кои ги поставуваат самите (на кои не би се сетиле ние како гледачи), а на кои не се придржуваат потоа: како на пример после не знам колку сезони, допирањето на мртвите е опасно, ти се пренесуваат габи што растат на нив и тоа е смртоносно, а после не им одговараше тоа, па наеднаш го немаше: правеа маски од лицата на мртвите и ги ставаа на себе без проблем од габите.

Или, ниедна нуклеарка во САД не експлодираше од прегревање дека нема кој да ја одржува?

Или, после повеќе од 10 години уште наоѓаат продукти и лекови што се употребливи низ разурнатите продавници и домови?
= знам дека има дупки сегде, јас ги кажав тие што ги забележав во Outlander :)
 
Четврта сезона, и уште приказната ми го држи вниманието.
Се надевам и наредните сезони до седмата сезона се вака добро скоцкани. :)
 
ОК, стигнав до 7 сезона, епизода 5, уште три епизоди предвидени за летово, ама ќе ги чекаме недела за недела. :)

Со оној Том мора да кажам заебаа малку работа, наеднаш рекоа дека бил заљубен во Клер цело време, па и Џејми го потврди тоа. Ама ние како гледачи не можеме да потврдиме такво нешто, јас барем, цело време имав впечаток дека ја мрази.
Автоматски споено мислење:

И многу малку коментари овде за серијата, веројатно малкумина ја гледале?
Автоматски споено мислење:

Досега освен Џејми и Клер, најсимпатични ликови ми се сестра му на Џејми и Лорд Џон. :)
 
Последно уредено:
Ова ми е веројатно најубава сезона до сега. Пасажите со Бријана и Роџер во 1980 и дадоа некоја свежина која фалеше изминатите сезони. Плус, со
доаѓањето на Бак во 1980
некако уште повеќе се искомплицираа работите и донесе нова мистерија. Ќе биде интересно до крај!
 
ОК, стигнав до 7 сезона, епизода 5, уште три епизоди предвидени за летово, ама ќе ги чекаме недела за недела. :)

Со оној Том мора да кажам заебаа малку работа, наеднаш рекоа дека бил заљубен во Клер цело време, па и Џејми го потврди тоа. Ама ние како гледачи не можеме да потврдиме такво нешто, јас барем, цело време имав впечаток дека ја мрази.

Не знам како излезе разврската со нив, седма може ќе ја гледам наеднаш кога ќе завршат сите епизоди.
Ама Том си имаше некои симпатии кон Клер, може не заљубен, ама некоја слабост имаше, колку и вака чуден ко лик да беше.
 
ОК, кога ќе ги гледаш пиши пак. :)
Ако кажам повеќе, ќе биде спојлер, штом не си ги гледала од 7ма сезона, нема смисла да откривам. :)

Јас па од претходно сосема имав впечаток дека не само што не ја сака, туку дека ја мрази.
 
Се мислам да ја почнам. Мислам само првата сезона ја изгледав тогаш ко почна ама ја прекинав. Со осма сезона завршува, така?
 
Се мислам да ја почнам. Мислам само првата сезона ја изгледав тогаш ко почна ама ја прекинав. Со осма сезона завршува, така?
Да, осма е последна.
 
WTF се случи во финалето на 7 сезона. Гледа уште ова некој?

Па, некако дошла таа песна до девојчето и ете имаше некои индикации на тоа што го кажа Клер накрај, ама сериозно не знам како мислат тоа да го изведат логично ако е вистина.
Може ќе излезе нешто сосема друго, трето, не знам.
Ќе се разјаснат веројатно работите со последната сезона, живо ме интересира како духот на Џејми се појави во прва епизода во 45та пред Клер да се лизне по камењата.

Иначе седма не беше лоша сезона. Јас ги следав сите епизоди наеднаш сега, ме нервираат со ова полусезони.
 
Може ќе излезе нешто сосема друго, трето, не знам.
Што друго? Песната е од 20 век, прв пат била изведена во 1908. Како можело девојчето да ја знае ако не и ја испеал некој од патниците низ времето? А која е веројатноста освен Клер некој друг патник да ја пее баш таа иста песна?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom