FROM

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.055
Поени од реакции
2.399
Крајот на сезоната не беше лош. Проблемот е што темпото на 3та сезона беше катастрофа.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.531
Поени од реакции
3.574
Добра беше последната епизода, проблем е што нема константност. 2 добри епизоди, па 4 ужасни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Не е проблем само темпото. Сценариото е крш. Репликите се најчесто ко да ги пишувал осмоодделенец. После - има ликови кои се тотално непотребни, немаат никаква цел и никаков развој. Буквално и да ги нема исто ќе е се. Еве први два такви што ми текнуваат се Џим и Дона. Трето - глумата е очај! Едино само црнецот што двои, се останато е ниво-Ана Торв. Особено актерите кои ги глумат Џим, Табита и Дона. После, во некои сцени поставуваат статисти кои се ко паднати од Марс - ко случајна средба на чадор и машина за шиење врз операциона маса. Тотално надреално! И ај, по се ова да го занемариме фактот дека генерално личи ко рециклажа на Lost - многу елементи има тука, што ја прави и неоригинална. Според мене таа една „добра“ епизода во сезоната не може да ја извлече од сите лајна во кои е падната и се уште мислам дека серијата е лоша.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.985
Поени од реакции
7.131

Серијата генерално стекна популарност и има “армија“ фанови, од кои некои се толку навлечени што почнуваат да личат на Џејд во реалноста :pos: , смислувајќи теории што е и како е. Далеку е од идеална, ама си има некој шмек и ако ги игнорираш мааните, си е сосема ок и со нетрпение ќе се чека следна сезона. Не сме ние тука експерти да вагаме се до детали какво било сценариото па какви глумците итн... Едноставно ако ти го поминува минимум критериумот на задоволителност, ја гледаш, ако не, нема потреба од плукање и омаловажување и споредување со други серии и како требало и не требало да биде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Не сме ние тука експерти да вагаме се до детали какво било сценариото па какви глумците итн...
Не треба да си експерт за да ти боде в очи кога секој мочан разговор во серијава завршува со реченицата „I got to go“. Или за глумата - не треба да сум експерт за да видам кога некој глуми лошо. TV Time вика дека сум поминал преку 9 месеци пред телевизор во гледање серии, а Letterboxd дека сум гледал над 2000 филма. Тоа не ме прави експерт, да, ама ми дава можност да увидам кога нешто е лошо.
Едноставно ако ти го поминува минимум критериумот на задоволителност, ја гледаш, ако не, нема потреба од плукање и омаловажување и споредување со други серии и како требало и не требало да биде.
Кај пишува тоа? За што служи форумот тогаш? За да глумиме едноумие? Не требало да се споредува со други серии, не требало да се плука... Ај, ќе пишуваме само се што е позитивно, тоа што не чини не смее да се спомне. Свашта!

Има една група на фејсбук за книжевност со едни теткици што банираа од групата ако некој пише нешто лошо за некоја книга. На тоа ме потсети муабетов - ќе станеме тетки и ние. :D
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
86
Поени од реакции
65
За лоши глумци би ги спомнал таткото на Виктор и Табита. :oops:
За најдобар глумец секако е Бојд и заслужува да добие некоја награда.

А Сара ми стана во топ 5 најдобри ликови во Однадвор. Има менталитет на Рик Грајмс.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.722
Поени од реакции
14.623
За 4 дена и јас успеав да ги изгледам 3те сезони, немаше како да ја одминам како за човек кој Лост и Дарк му се во топ5.

Јако почна серијава, мислам дека и јако заврши (засега). Има многу непотребни дијалози и ликови, нешто што го споменавте веќе.
Мене многу ме нервира кога некој лик ке тргне некаде и секогаш мора уште некој со него да дојде, инсистираји, и кога ќе стигнат до некоја препрека одма почнуваат да квичат да се вратат дома. Полудувам. Се деси тоа со Џим, Кени, Табата, Хенри, Џули (да и го акнам) и многу други.

Важното е што добивме одговори на некои прашања. Јако сценарио, само малку бавно, нормално со цел молзење и што повише сезони.
 
Мислам дека планирани се 5 сезони и со нив дефинитивно да заврши. Ко што читав по нет (што не значи и дека ќе биде точно), четвртата сезона ќе била со сосема нови актери и сместена таму некаде пред пичесматеринес кога започнало се. Всушност актери треба да се овие што ги глумат чудовиштата, кога биле нормални луѓе.

А во петтата сезона ќе се врателе на овој тајмлајн. И веројатно ќе биде заплеткано, зашто ќе има и тајм травел и други чуда, што го видовме на крајот на 3 сезона (нели таа Џули што дојде да го спаси татко и не е Џули од овој тајмлајн, туку некоја Џули од иднината).

И така.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.722
Поени од реакции
14.623
Мислам дека планирани се 5 сезони и со нив дефинитивно да заврши. Ко што читав по нет (што не значи и дека ќе биде точно), четвртата сезона ќе била со сосема нови актери и сместена таму некаде пред пичесматеринес кога започнало се. Всушност актери треба да се овие што ги глумат чудовиштата, кога биле нормални луѓе.

А во петтата сезона ќе се врателе на овој тајмлајн. И веројатно ќе биде заплеткано, зашто ќе има и тајм травел и други чуда, што го видовме на крајот на 3 сезона (нели таа Џули што дојде да го спаси татко и не е Џули од овој тајмлајн, туку некоја Џули од иднината).

И така.
За мене е предобро сценарио, плус ако стварно се вратат и покажат како било.
IMG_1424.png
IMG_1425.png П

Еве сумарно објаснување на трета сезона.

Најјако е што кога некој прави нешто, ние исто како него не знеме дали тоа е правилно. Пример со Сара во почетокот или сега Елџин на крајот.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
606
Поени од реакции
848
Пишува нова сезона 2026 тоа е голем гап,јас во еден здив изгледав 3 сезони, искрено имам и јас некој замерки целокупно ама ми имаше некоја сторија и ме влечеше. Така многу нелогични работи ама па цела серија е нелогична.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Мислам дека не е толку старо оригиналното дејство, со првите жители на градот, пошто некој морал да го направи патот, постави асфалт, изгради мотел, не верувам дека овие работи можеле да се изградат во 1506,без контакт со надворешниот свет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom