Серијата генерално стекна популарност и има “армија“ фанови, од кои некои се толку навлечени што почнуваат да личат на Џејд во реалностаНе е проблем само темпото. Сценариото е крш. Репликите се најчесто ко да ги пишувал осмоодделенец. После - има ликови кои се тотално непотребни, немаат никаква цел и никаков развој. Буквално и да ги нема исто ќе е се. Еве први два такви што ми текнуваат се Џим и Дона. Трето - глумата е очај! Едино само црнецот што двои, се останато е ниво-Ана Торв. Особено актерите кои ги глумат Џим, Табита и Дона. После, во некои сцени поставуваат статисти кои се ко паднати од Марс - ко случајна средба на чадор и машина за шиење врз операциона маса. Тотално надреално! И ај, по се ова да го занемариме фактот дека генерално личи ко рециклажа на Lost - многу елементи има тука, што ја прави и неоригинална. Според мене таа една „добра“ епизода во сезоната не може да ја извлече од сите лајна во кои е падната и се уште мислам дека серијата е лоша.
Не треба да си експерт за да ти боде в очи кога секој мочан разговор во серијава завршува со реченицата „I got to go“. Или за глумата - не треба да сум експерт за да видам кога некој глуми лошо. TV Time вика дека сум поминал преку 9 месеци пред телевизор во гледање серии, а Letterboxd дека сум гледал над 2000 филма. Тоа не ме прави експерт, да, ама ми дава можност да увидам кога нешто е лошо.Не сме ние тука експерти да вагаме се до детали какво било сценариото па какви глумците итн...
Кај пишува тоа? За што служи форумот тогаш? За да глумиме едноумие? Не требало да се споредува со други серии, не требало да се плука... Ај, ќе пишуваме само се што е позитивно, тоа што не чини не смее да се спомне. Свашта!Едноставно ако ти го поминува минимум критериумот на задоволителност, ја гледаш, ако не, нема потреба од плукање и омаловажување и споредување со други серии и како требало и не требало да биде.
Bonus track: The trees had moved
Мислам дека планирани се 5 сезони и со нив дефинитивно да заврши. Ко што читав по нет (што не значи и дека ќе биде точно), четвртата сезона ќе била со сосема нови актери и сместена таму некаде пред пичесматеринес кога започнало се. Всушност актери треба да се овие што ги глумат чудовиштата, кога биле нормални луѓе.За 4 дена и јас успеав да ги изгледам 3те сезони, немаше како да ја одминам како за човек кој Лост и Дарк му се во топ5.
Јако почна серијава, мислам дека и јако заврши (засега). Има многу непотребни дијалози и ликови, нешто што го споменавте веќе.
Мене многу ме нервира кога некој лик ке тргне некаде и секогаш мора уште некој со него да дојде, инсистираји, и кога ќе стигнат до некоја препрека одма почнуваат да квичат да се вратат дома. Полудувам. Се деси тоа со Џим, Кени, Табата, Хенри, Џули (да и го акнам) и многу други.
Важното е што добивме одговори на некои прашања. Јако сценарио, само малку бавно, нормално со цел молзење и што повише сезони.
За мене е предобро сценарио, плус ако стварно се вратат и покажат како било.Мислам дека планирани се 5 сезони и со нив дефинитивно да заврши. Ко што читав по нет (што не значи и дека ќе биде точно), четвртата сезона ќе била со сосема нови актери и сместена таму некаде пред пичесматеринес кога започнало се. Всушност актери треба да се овие што ги глумат чудовиштата, кога биле нормални луѓе.
А во петтата сезона ќе се врателе на овој тајмлајн. И веројатно ќе биде заплеткано, зашто ќе има и тајм травел и други чуда, што го видовме на крајот на 3 сезона (нели таа Џули што дојде да го спаси татко и не е Џули од овој тајмлајн, туку некоја Џули од иднината).
И така.