Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ја сакам анализа.. :) any1? :) не ми иде маркетинг
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ти!!! што провоцираш стари луѓе ко мене. :)

Вештица

Аватар - некоја чајниз темна девојка (или кој да ја знае што е) со мистериозно љубопитен лик... ми вели дека оваа девојка се поистоветува со убава девојка која сака да има нешто скриено и недостапно за сите, но е доволно провокативно заради физикусот и појавата да измами интерес од околината. Тоа наметнува мислење за нејзиното благо его кое го негува како сиот свет и сака да остави впечаток и да биде сакана, но во нормални граници па затоа имамистериозен лик на аватар, а не бејвоч убавица.

Тајтлот “Insomniac“ - вели несомнено човек кој не спие (каков генијалец сум што го сфатив ова а?) Сепак, мислам дека тоа се однесува на нејзиното константно седење до ситните часови што ја сврстува во стадото млади луѓе кои се непродуктивни и часовите ги трошат на меѓусебно зезање и досадување во 3 по полноќ. Ако претпоставам дека тоа луѓето на овој град наш најубав го прават бидејќи немаат особено некои алтернативни можности, тогаш не можам да го видам како нешто лошо, но од друга страна, тоа укажува на нејзиниот небунтовен дух и покрај многуте идеи кои ги има а не ги реализира.

Потписот - Nothing to be done - соодветствува на претходниот пасус за тајтлот. Таа е загубена во очајот на денешницата, но страшно е што не се обидува воопшто да искочи од целата таа летаргија на “модерна“ Македонија. Во тешки времиња се познаваат големите, ваљда.

Никнејмот - Вештица, знам од сигурни извори дека е позајмен од актуелното дело на Венко Андоновски. Тоа пак вели дека таа е љубител на убав пишан збор, што ја прави, кратко и јасно, паметна. Кога не би знаел дека никнејмот е само заради книгата би поврзувал мрачни сили, непотклекнување на религиозните догми и слични срања кои знаат да бидат интересни но крајно нереални, но таа е само наслов на книга.

Анекс на анализата. Бидејќи ја познавам оваа девојка лично, би рекол следново. Тоа е една благо незинтересирана млада дама за околината и луѓето а тоа го темелам заради нејзината (по малку де) флегматичност. Инаку, човек кој длабоко ги размислува нештата и најбитно од се`, ги сфаќа истите. Тоа ми вели дека е интелигентна и тоа некоја класа над нејзините врсници а истовремено ја прави и комплетен алтруист. Не затоа што е интелигентна, туку зашто ги сфаќа работите и јасно и е дека со лошо не добива ништо во животот. Со оглед на тоа дека е прилично тивка освен ако не биде испровоцирана да каже и објасни нешто (барем со мене е таква) секогаш ми било многу тешко да ја анализирам, па овој напис го избегнував долго време. Ова е се` кое можам да го искамчам од Вештица. Позитивен лик, во секој случај. :back: :helou:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Штом никој друг не се пријавил/посакал да направи анализа [со исклучок на Викторгг], јас би се нафатила да ја анализирам ^^^магде^^^.

Иако седев половина час со празен лист, не знаејќи од каде да почнам да го анализирам овој член, ќе почнам од.. некаквата средина, ако ја има воопшто:

магде е еден интересен феномен на природата. Aко ја забележите на форум, и ги прочитате нејзините постови, ќе си помислите дека е цврста, директна, строга кон сите, затоа што ниту еден пост во врска со љубовта не и` е сосема отворен, како да е резервирана, затворена кон сите. Но ако ја запознаете подобро, ќе видите дека Магде е, всушност, една мила индивидуа, која сака и заслужува внимание, почит и љубов.

Најинтересните, и најинтригантните теми се отворени од нејзина страна. Од нејзините теми може многу членови да се забележат какви се, и на кој начин размислуваат. Знае како да допре до човековиот ум и душа. Но, за тебе ниедна тема не е интригантна или табу. Имаш став на секој проблем, и се држиш до него, макар и ако тоа значи дека треба да одиш против цел форум. Твоето мислење пробуваш по секоја цена да си го оправдаш и задржиш.

Се консултирав со многу членови, кои те знаат добро. Девојко, зошто си волку сложена? Тешка си за сфаќање, навистина. Но никој нема да погоди што сакаш, кои се твоите желби, ако не му дозволиш да те запознае вистински. Знам, луѓето често ја злоупотребуваат добрината и твоите тајни, мислења, сфаќања, но не се сите такви. Постојат вистински добри луѓе кои заслужиле да знаат се за тебе [или ако не се, најважните моменти, она што те прави среќна, тажна, она што те разочарува или развеселува]. Ќе го ценат тоа што знаат дека се важен дел од твојот живот.

Поголем инат од тебе, девојче, немам видено. Кога ќе се заинаетиш за нешто, си го тераш твоето до крај. Ова си има и добра и лоша страна. Добрата: на крај, пак ќе си го истераш своето, и ти ќе го имаш завршниот збор. Лошата: нема да се знае дали оној со кој дебатираш, едноставно, прифатил дека ти си во право, или пак му се здосадило да се натега со тебе.

Советче од дада Леона: не дозволувај им на луѓето да мислат дека се замараш со нивните животи, знаеме дека не е така.
И следен пат, не ги кини сметките во Бариста, нема да бидат толку фини со нас. :back:
И не ме мавај со праски ако не ти се свиѓа анализава, не сум јас крива што ме зеза климата.

Преостанати [никако да им се смали бројот].
DonJas, ada, rossoner_stefan.
Должниците ако не се отповикаат на должноста, има со извршители да ги бркам.

ја сакам анализа.. :) any1? :) не ми иде маркетинг
Јас ќе те сплескам бе. :)
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
dhOO|

Си било едно дете.....
Се десило шо се десило и излегло Цаки Будалчето....
Срце чоек шо мора да ме изнасмее само што ќе ја видам.Ненормално голема смисла за хумор,енормна желба за дружење(ама не со сите):pos2:и прецврсти ставови.


Ова со ставовиве ај жити мене умри си.Значи не можиш да и смениш мислење па мајка Јана нека е.Јас долго време и трубам не прави тоа немој тоа,аман немој тоа и таа ми вика ок,за по некое време пак истото да го направи.Не можиш да ја смениш ни со арно ни со лошо.Подобро за сите не пробувајте со лошо оти девојкава носи лагери.


Таа енормна смисла за хумор те прави блиска со сите од најмали до најмлади.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Со таа твоја смисла за хумор значи имаш пристап во друштво само на млади луѓе...
(сега че речиш па стари зш ми се,ама не е така.)Значи тоооолку мн глупости тресиш шо ме оставаш без здив.Секогаш кога сум во твоја близина не тргам осмех с лица.
Самата помисла на тоа што ќе биди твојата наредна глупост не ме остава да направам сериозна фаца.(и сега сум насмеан)


Твојата желба за дружење е онаа опција кај тебе која овозможила да имаш тооолку мн другари од сите страни на Македонијава.Јас сум еден од оние кои ја осетиле топлината на тоа твое својство.Уште прв пат кога се видовме ти почна да дрдориш со мене.(не помнам шо беше пијани бевме).Ама имаш една мана.Другарската љубов ја искажуваш на еден груб и варварски начин.БОЛИ КОГА МАВАШ СО ЛАГЕРИ АЛООО.


Имаш мн неубави особини.Една од нив е тоа што ги креваш и сакаш да бидиш како твоите пропаднати другари.Еден од нив е Томи.Свести се додека е време.За твое добро ти викам.Никогаш не си послушала ниту еден од нас иако за арно ти викаме.
Послушајме сега.Краен момент е.(знам дека нема да ме послушаш ама да пробам јас)


Ти си девојка на која едноставно не можиш да и се налутиш.Не верувам дека некогаш некој ти се налутил од било која причина.Јас не можам да речам дека ти се лутам.


Девојка која видела мн работи во животот.Стварно дури си појдиш до дома од центар има ехехе....Кизнај шо не че видиш.И диносаурус че видиш.Дај пресели се мајка му стара.

Цаки баба ми ме труја да и се јавам на Skype на тетка ми.Че напраам подолга некогаш.
А сега честење.И да дојдиш за брзо.Во теков на неделава да те видам Прилеп.И немој случајно сама да си дошла.
позз
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ќе ми направи некој мене анализа? Please... :pipi:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
и после некој месец, одкако никој не ми направи анализа ај пак јас да си прашам :)
Анализа некој на мене :smir:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ај ке пробам и јас да направам анализа а со оглед што се заканувам како со лошо дека ке правам анализи тогааш... жртва - ПараноиК.

Одпрвин ке направам default анализа како по насловот на темата.

Име (никнејм) - ПараноиК. Глеаш имево мислиш машко е. Али еве ке помислам дека е ПараноичнА никот. Незнам али никот воопшто не ми стои со тебе. Параноја можда имаш али не е до толку прикажа за да си дадеш такво име. Еве и да си напишала од тепка сепак подсвеста морала да работи. Дали во тие моменти кобниот 10 август 2008 година си била под такви параноични моменти или пак нешто друго не ми е јасно. Но лош опис за тебе и тоа како...

Аватар - Моменталниот аватар ти е изгледа Вин Дизел во некоја видео игра (изгледа Ридик или како и да беше) Чудно. Девојка со толку "машки аватар" и тоа брутален. Заедно па со името изгледа како да се криеш дека си девојка. Но ако гледам со времето аватарите ги менуваш често и се со различна појава. Според мене аватарите ги ставаш баш без везе и без причина и со тоа неможе да се најде нешто за тебе преку тоа.

Тајтл - "We have stood here alone in what is called isolation -- our splendid isolation, as one of our colonial friends was good enough to call it." Незнам дали тајтлот ти е поради оваа Британска политика за иселеници или без везе се поклопило. Изолацијата како и да се каже не е добра работа. Не би требало на тоа да мислиш за себе или пак да планираш тоа да го направиш од себе за околината. Што и да е многу емо тајтл. емо1.

Репутација - ти дудлаат многу. :pos:

Потпис
- ... Old enough to kill,
but not for votin’!
- дел од текст од песната од Barry McGuire - Eve Of Destruction.
Текстот е пишан за протестите во САД за фактот дека во тоа време на 18 години мажите може да идат во војна а за гласање на избори било потребно да се има 21 година. Хмм Марица или Миа си ти? Бунтовна или едноставно се осеќаш дека си постара психички од тоа што си со годините? Мислам дека е второто. Ти пречи тоа што кога ке те видат те декларираат како мала а се обидуваш да го докажеш спротивното.

Пост1 -
Не сум задоволна од себеси. Знам дека сум можела да постигнам многу повеќе во овие години кои сум ги одминала, и се надевам дека ќе ги остварам моите зацртани планови за иднината, па да можам и јас да стигнам до една солидна четворка.
Ниско ниво на самодоверба наспроти дефиницијата за потписот? Хмм дали тоа ти не си сигурна во себе? Мислиш дека не ти стојат години а не си задоволна со тоа што си го направила до сега. Чудно. Или недостаток на самодоверба или пак си даваш превисоки цели за себе.

Пост2 -
Што дека мене не ме фалеле?
Пак сум си разгалена, сама по себе.
Нема врска тоа, сум била критикувана на секој чекор за мојата „несовршеност“, па видиш, сум пораснала.
Сметам дека е индивидуално, но не треба многу да го критикуваат детето додека е се` уште мало, може да си помисли дека не го сакаат или слични работи.
И ете го решението. ...сум била критикувана на секој чекор за мојата „несовршеност“... Одговор и на првото и второто прашање. Начинот на кој си преминала преку тоа ти дава прилика да мислиш дека си поминала доста за твоите години и со тоа дека не си својата генерација. Начинот на кој те декларирале дека се што правиш не е совршено, потсвесно ти влегол во тебе и колку и да викаш дека не е така сепак тоа е факторот во кој мислиш дека си направила премалце за да бидеш задоволна со себе.

Едноставно сум тапа за правење анализи а и ти ми беше до некаде тешка за анализа со твоите двосмислени постови на форумов. Се одлучив на овој начин иако те знам лично. На форумов си кулираш. Едноставно можам да кажам дека си пронаоѓаш место во кое може да "сереш" за се што мислиш дека заслужува таков третман. Продолжи така па и јас може ке направам некоја добра анализа во иднина.

А да. Песна за крај. Од еден фан на Слаткар за друг...

 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Ај ке пробам и јас да направам анализа а со оглед што се заканувам како со лошо дека ке правам анализи тогааш... жртва - ПараноиК.

Одпрвин ке направам default анализа како по насловот на темата.

Име (никнејм) - ПараноиК. Глеаш имево мислиш машко е. Али еве ке помислам дека е ПараноичнА никот. Незнам али никот воопшто не ми стои со тебе. Параноја можда имаш али не е до толку прикажа за да си дадеш такво име. Еве и да си напишала од тепка сепак подсвеста морала да работи. Дали во тие моменти кобниот 10 август 2008 година си била под такви параноични моменти или пак нешто друго не ми е јасно. Но лош опис за тебе и тоа како...

Аватар - Моменталниот аватар ти е изгледа Вин Дизел во некоја видео игра (изгледа Ридик или како и да беше) Чудно. Девојка со толку "машки аватар" и тоа брутален. Заедно па со името изгледа како да се криеш дека си девојка. Но ако гледам со времето аватарите ги менуваш често и се со различна појава. Според мене аватарите ги ставаш баш без везе и без причина и со тоа неможе да се најде нешто за тебе преку тоа.

Тајтл - "We have stood here alone in what is called isolation -- our splendid isolation, as one of our colonial friends was good enough to call it." Незнам дали тајтлот ти е поради оваа Британска политика за иселеници или без везе се поклопило. Изолацијата како и да се каже не е добра работа. Не би требало на тоа да мислиш за себе или пак да планираш тоа да го направиш од себе за околината. Што и да е многу емо тајтл. емо1.

Репутација - ти дудлаат многу. :pos:

Потпис
- ... Old enough to kill,
but not for votin’!
- дел од текст од песната од Barry McGuire - Eve Of Destruction.
Текстот е пишан за протестите во САД за фактот дека во тоа време на 18 години мажите може да идат во војна а за гласање на избори било потребно да се има 21 година. Хмм Марица или Миа си ти? Бунтовна или едноставно се осеќаш дека си постара психички од тоа што си со годините? Мислам дека е второто. Ти пречи тоа што кога ке те видат те декларираат како мала а се обидуваш да го докажеш спротивното.

Пост1 - Ниско ниво на самодоверба наспроти дефиницијата за потписот? Хмм дали тоа ти не си сигурна во себе? Мислиш дека не ти стојат години а не си задоволна со тоа што си го направила до сега. Чудно. Или недостаток на самодоверба или пак си даваш превисоки цели за себе.

Пост2 - И ете го решението. ...сум била критикувана на секој чекор за мојата „несовршеност“... Одговор и на првото и второто прашање. Начинот на кој си преминала преку тоа ти дава прилика да мислиш дека си поминала доста за твоите години и со тоа дека не си својата генерација. Начинот на кој те декларирале дека се што правиш не е совршено, потсвесно ти влегол во тебе и колку и да викаш дека не е така сепак тоа е факторот во кој мислиш дека си направила премалце за да бидеш задоволна со себе.

Едноставно сум тапа за правење анализи а и ти ми беше до некаде тешка за анализа со твоите двосмислени постови на форумов. Се одлучив на овој начин иако те знам лично. На форумов си кулираш. Едноставно можам да кажам дека си пронаоѓаш место во кое може да "сереш" за се што мислиш дека заслужува таков третман. Продолжи така па и јас може ке направам некоја добра анализа во иднина.

А да. Песна за крај. Од еден фан на Слаткар за друг...

Значи синко, претерано ме изненадуваш.
Едноставно, прекрасно.
Освен делот со аватарите и со тајтлот, аватарите ми се секогаш според еуфоријата во која се наоѓам, а во моментов Вин Дизел во улогата на Ридик ми е тотално ин! :wub:
А тајтлот, како што ти кажав, албуН на Yonderboi. :)
Ето, толку од мене.

ПС: Ќе мааме бесни рими на концертот на Слаткар4е? :drk: :pos:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Штом никој друг не се пријавил/посакал да направи анализа [со исклучок на Викторгг], јас би се нафатила да ја анализирам ^^^магде^^^.
како бе никој не се пријавил......?
па јас ке отепам за анализа:pipi:
ок знам дека сум цицалче у постови ама може некој ке се најде да бидеup to the chalange се надевам:smir:
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Може за мене една психоанализа? XDD prety pleez. :))
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
како бе никој не се пријавил......?
па јас ке отепам за анализа:pipi:
ок знам дека сум цицалче у постови ама може некој ке се најде да бидеup to the chalange се надевам:smir:
Try again later (meaning, после 275 поста плус на конто).

Без 500 поста, нема анализа :nesum:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Try again later (meaning, после 275 поста плус на конто).

Без 500 поста, нема анализа :nesum:
аиде Ада ја имам над 500 ќе ми напраиш?:pipi:
ако несака Ада ај некој друг нека ми напраи :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom