Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ај некој за мене нека напрај анализа. Ако не го мрзи се разбира. :smir:
 
Дали вие знајте шо е ПСИХОАНАЛИЗА?

Еве ви дефиниција за психа: Psiha predstavlja dusu, duh, zivotni princip za razliku od materijalnog tela.
U psihologiji psiha predstavlja ukupnost individualnog mentalnog sveta,
totalnost psihickih funkcija i determinanti ponasanja.
Или слободен превод: Психата ја претставуват душата, духот, животниот принцип, настрана од материјалното тело.
Збир на индивидуалниот ментален свет, тоталност на психичките функции и одредувачи на однесувањето.

Дали вие опфативте нешо од ова?
Психоанализа не е датум кога сте се запознале во три реченици.
Извинете за оф-топикот. :smir:
Фино.
А, колку од тоа може да се опфати кога пишуваш за некој кој, најчесто, го знаеш како ник на форумов и преку неговите постови, и ништо повеќе?

И не треба да реплицираш, туку еве со пример покажи ни каква треба да биде психо-анализата според тебе (или според дефиницијата, сеедно):smir:
 
што треба да направам за да добијам психоанализа..?!:kesa:
 
Може за мене психоанализа?XDD
 
има некое суштество расположено да склопи една обична психоанализа .. ?
ако може пред 2012 да ја дочекам би било супер:)
 
може мене психоанализа?

ќе ви кажам после колку ве бива во проценти...
 
има некое суштество расположено да склопи една обична психоанализа .. ?
ако може пред 2012 да ја дочекам би било супер:)

Мрак

Уште во старт никот твој дава погрешна слика за тебе, прво те представува како машко, а после како темна личност. Што всушност е многу обратно од тебе, за 15 годишна девојка, трчаш многу напред со карактерот во однос на твоите врсници, прилично си созреана, гледаш реално на работите околу тебе, ја планираш иднината. Не те интересира премногу детската игра на тие колку тебе, дури во одредени моменти те иритира. Прилично си искрена, но сепак повлечена личност. Дружељубива си, сакаш да упознаваш нови луге, а сепак многу добро го бираш друштвото. Тежок патриот си, те нервира политика на национална база, имиграција емиграција бла бла, тоа е добро, си ја сакаш и почитуваш државата, ама не е сето тоа само колку да се истакнеш, коа ке почнеш да збориш на таа тема, се појавува револт кај тебе, ти се убрзува пулс, чудно брчкање на челото :). Во принцип си мало девојче со големи проблеми. Премногу оставаат на тебе лугето околу тебе, почнувајки од дома, па се до криењето на другарите во школо. Повеке си во машко друштво одколку во женско, тоа ти годи, неможеш да поднесеш муабети за шминки штикли трачарење, пошо во главно тоа не си ти. Хип хоп културата премногу е навлезена во тебе, тоа некако те направило да имаш помалку машки мозок, што и не е толку лошо, за разлика од женските мозоци на твоја возраст што ги интересира само трачарење и штикли и шминки. Сеуште се едуцираш на база на проценка на луге и ситуации, некогаш избрзуваш, некогаш касниш, досега што знам точно проценуваш ама ти треба тренинг на тајминг. Смислата за хумор ти е ок, знаеш да насмееш и да се насмееш, само некако чудно ги сфаќаш шегите, незнам зашто :). Многу работи за тебе ги криеш, ваљда се плашиш да не го злоупотреби тоа. Имаш почит кон постари, и кон родители, тоа е многу добро, само пази да не некој го злоупотреби тоа во иднина. Секогаш наоѓаш време за се, многу добро планираш, во иднина многу ке ти помогне тоа. Единствено нешто што не ми напраи мерак е тоа што многу се срамиш, не дека е толку битно, ама на прв поглед да ва погрешен впечаток, можда треба малку да се опуштиш, in fact сега е време да се олабавиш, со оглед на тоа што почнуваш средно, многу нови луге, најмалку што ти треба е погрешни впечатоци. Треба да бидеш по цврста и порешителна.

детс ол фром ми:)
 
Во ова време, на транзиција, и ултра-лејм-психоанализи, се решив и јас да направам една.

Денешната мисија е наречена: Член број 8020, или скратено EnergieNo.1.

Затоа што не го знам доволно добро, а и нема некои постови од кои би можело да се извлечат информации за него, ќе кењам за она што веќе го знам.

Синдром број 1: недоволен развиен слух за музика.
Имено, Слаткар? Што е со младинава? Не се уништувај бе дете, супер момак си, нема смисла ова што го правиш. Ако си го слушаш, ќути си, онаму по темана лом се изнапраивте. Дури и 14 годишни деца знаат дека Пекар е неквалитетна музика.
И каков човек ја брани комерцијалата? :nesvest:

Синдром број 2: преголемо замарање со фудбалот. Се е тоа во ред, но да се преоптеретуваш толку со некои рандом 11 фаци кои трчаат по топка, и кои не ни знаат подалеку од фудбалот? :nenene:

Синдром број 3: коцкање. И преголемо засегнување од тој проблем, менување статуси од онлаин во ауеј, со лична порака, играм покер? Кој го прави тоа? Имам приметено колку се нервираш кога губиш чипови. Зависен стануваш од тоа покерот, излези малку, шетај, иди до казино, види како се губат пари вистински, па после да видиме дали ќе се замараш или не. :pos:

Синдром број 4: Не знам зошто, ама некако имам приметено дека многу се замараш што другите ќе кажат за тебе. Секако, може тука ќе ме исцитираш, може ќе ми се ставиш на емесен и ќе ми кажеш дека не сум во право, но мислам дека, од тоа што го читам, сакаш да оставиш добар впечаток, и по секоја цена мора на сите да им се допаднеш. Тоа е добро, сите сакаат да му се допаднат на светот, но се` си има своја цена. Прави го тоа умерено.

Добро детенце си ти, иако имаш мани кои ги споменав нагоре. Погрижи се да ги намалиш, ако не да ги искорениш, и нема да имаш никаков проблем со суровото секојдневие.

Поздрав од мене, со неколку минутен хорор.

Ajт, ужифкич.

Преостанати мисии: Магде, ДонЈас и Teмниот Крал.
Должници мисионери: Џену Грл и СевишниотНеМразиСите.

POZDRAV :salut:
 
Не ми напраил некој анализа долго време....Any1?? не очекувајте анализа за возврат tho..:smir:
 
Ете така.

Бидејќи стигна новата страна, со неа и мојата анализа на Неговото Темно Височество, попознат како Dark King или Воки [за мене Слафче].

Синко, тебе како да ти било судено да си баксуз невиден. И знаеш што? Сметам дека ти си ја сносуваш кривата за поголемиот дел од работите што ти се случуваат. Едноставно, не се грижиш премногу за животот кој го водиш, и оставаш настаните да се одвиваат сами по себе. Каде ти е иницијативата? Едноставно, не можеш да му се препуштиш на ветрот, кај ќе те дувне, таму да отидеш.

Друго, премногу си самокритичен. Ама многу. Повеќе од највеќе. Не можам да го споредам тоа со ништо. Просечен, ваков, онаков. Човеку, дај извади ги сивите очила, види дека има сонце надвор, постои убав свет, колку и да е суров, ако научиш да го живееш, ќе ти биде супер. Поентата ми е, супер дечко си, можеш да правиш што ќе посакаш, не го поминувај твоето време во емосување за она што поминало.

Трето, премногу се врзуваш за луѓето. Затоа на крајот ти си повредената особа, а јас не можам да те гледам тажен. Жените се кучки, не треба со нив убаво. Понекогаш им треба спастрување, за да не те искористат како сакаат. И не знам како секогаш ги наоѓаш најлошите [без исклучоци, да], па на крајот има некоја лоша после-раскинувачка фаза, додека пак женските се однесуваат како да не си постоел. Човече, не треба така. Пробај, убаво е да бидеш злобен. Плус, даваат бесплатни колачиња. :pos:

Имам приметено дека си доста креативен. Можеби не во правец: лирика, епика, драма, но дефинитивно си еден од моите омилени членови во ЧДА. Знаеш да спуштиш некого фино, лепо со два три збора, кога сакаш.
Слушаш добра музика! :vozbud: Добро е, не си луд како поголемиот процент од популацијата што лудува по Пекар, Готвач, Столар, Кројач. Уште помалку си како оние кои одат на места за да бидат видени и сликани од кадевечер, зазабава, и остали срања.

Супер си, само треба малку да поработиш на самодовербата. Направи го тоа, и почни повеќе да се почитуваш себеси, ќе видиш дека сите наоколу ќе почнат да те почитуваат, повеќе од досега.

Ајт сеа, поз4е до тоБ детето со една тоБ песни4ка од Слатар4е. :back:


Преостанати: претходностраноспоменатите минус Гореанализираниот плус малата ада.
Должници: истите + гореанализираниот.
 
Би сакала и јас една психоанализа, мислам дека е доволно тоа што имам 700 мислења :)


Епа Алекс еве ти ја направив анализата,иако доцнам се надевам нема да се лутиш.

Те познавам од мала,од прво одделение учиме заедно па можам со сигурност да кажам дека ти си една многу добра личност.
Имаш свој став за сите прашања и се трудиш секогаш да стоиш зад него. Чувствителна си многу,само што понекогаш го криештоа (т.е не сакаш другите да го видат ). А зошто???
Не е ништо лошо и другите да знаат дека и ти си некогаш си тажна,изнервирана и слично и да не мислат дека тебе ти е се ок.

Понекогаш (се почесто) имаш некои испади. Почнуваш да правиш работи кои ги нервираат тие околу тебе.Знаеш и сама што. :)

На форумот и вака во приватниот живот не знам зошто ама ми изгледаш различно.Не дека во приватиот живот си лоша или незнам што добра си ама овие мислења што ги имаш овде не ги кажуваш во приватниот живот.Не многу од другарите/другарките знаат за ваквите твои размислувања.Постовите што ги пишуваш ги читам со задовлоство и среќна сум што сме другарки.:pipi:

Кога сме веќе кај другарство, иако сме во различни (a сепак исти) "друштва" со тебе можам да се направам убав муабет затоа што до некаде се согласуваме со мислењата. :)

Е за љубовта. Кај тебе веднаш ме потсетува на онаа твоја изрека:
-Без дечко е подобро нели?
И јас велев така се дури не најдов.Убаво е да сакаш некого и некој да те сака. Очигледно е дека треба да најдеш некој дечко,различен од тој што го имаше за да си ја смениш тезата. :)

Фала ти што ми ја покажа убавината на рок музиката.Да не беше ти уште ќе слушав турбофолк.:kesa: Една од ретките во нашето место кои слушаат странска музика:)
Имаш смисла за хумор и убаво пееш...ај доста е.:smir:
 
Не ми напраил некој анализа долго време....Any1?? не очекувајте анализа за возврат tho..:smir:
Се просветли, али не научи основи на маркетинг.
Мораш да речеш дека нудиш нешто за возврат. Како иначе ќе се продадеш на публиката? :(

Мене би ми било интересно тебе да ти психоанализирам, али под услов да добијам и ја психоанализа назад:pipi:
 
Се просветли, али не научи основи на маркетинг.
Мораш да речеш дека нудиш нешто за возврат. Како иначе ќе се продадеш на публиката? :(

Мене би ми било интересно тебе да ти психоанализирам, али под услов да добијам и ја психоанализа назад:pipi:
bring it on :pishtoldz
 
Те познавам од мала,од прво одделение учиме заедно па можам со сигурност да кажам дека ти си една многу добра личност.
Имаш свој став за сите прашања и се трудиш секогаш да стоиш зад него. Чувствителна си многу,само што понекогаш го криеш тоа (т.е не сакаш другите да го видат ). А зошто???
Не е ништо лошо и другите да знаат дека и ти си некогаш си тажна,изнервирана и слично и да не мислат дека тебе ти е се ок.
Знам дека не е лошо сите да знаат како ми е, но во околината во која живеам, ако кажам дека сум тажна сите ќе се соберат околу мене и ќе направат вистинска драма од глупости. Со сите негативни чувства ми е така...
Понекогаш (се почесто) имаш некои испади. Почнуваш да правиш работи кои ги нервираат тие околу тебе.Знаеш и сама што. :)
Да, свесна сум за тие „испади“, како што сите околу мене ги нарекуваат, всушност, таму е убавината на животот, не е добро да се биде смирен и своите негативни и позитивни енергии се чуваат во себе...
На форумот и вака во приватниот живот не знам зошто ама ми изгледаш различно.Не дека во приватиот живот си лоша или незнам што добра си ама овие мислења што ги имаш овде не ги кажуваш во приватниот живот.Не многу од другарите/другарките знаат за ваквите твои размислувања.Постовите што ги пишуваш ги читам со задовлоство и среќна сум што сме другарки.:pipi:
Некако не сум имала прилика да ги искажувам своите мислења, бар не со секого. Тие моменти се ретки, и мислам дека со тебе воопшто не сум имала такви.:icon_conf

Кога сме веќе кај другарство, иако сме во различни (a сепак исти) "друштва" со тебе можам да се направам убав муабет затоа што до некаде се согласуваме со мислењата. :)
Хмм.....

Е за љубовта... Кај тебе веднаш ме потсетува на онаа твоја изрека:
-Без дечко е подобро нели?
И јас велев така се дури не најдов.Убаво е да сакаш некого и некој да те сака. Очигледно е дека треба да најдеш некој дечко,различен од тој што го имаше за да си ја смениш тезата. :)
Сеуште стојам зад зборот :pos:
Да, знам дека ми треба некој различен, нешто посебно, но толку сум пребирлива што најлошиот од сите ќе го изберам...

Фала ти што ми ја покажа убавината на рок музиката.Да не беше ти уште ќе слушав турбофолк.:kesa: Една од ретките во нашето место кои слушаат убава странска музика:)
Повели и друг пат :smir:
Имаш смисла за хумор и убаво пееш...
Смисла за хумор, кога ќе се опуштам, можеби, а ова за пеењето...:lud:
Како и да е ти благодарам :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom