A1 треба, од 0 да почнеш за месец дена максимум се учи тоа, буквално здраво, чао, се викам, се викаш. Јас пред 12-13 години полагав во Скопје А1, 2 недели се спремав и околу 100% имав на испитов.
После тоа се чека виза од амбасада, тоа ти е подолг процес. Полагав негде пролет, септември бев официјално во Германија со дозвола за престој. Ама тогаш немаше до толку навала во амбасада мислам...ова е строго лично искуство и тоа оддамна.
Со таа дозвола за престој може да се работи и се останато, само што е ограничена. После година дена мислам беше се добива неограничена и тоа ти е ко државјанство скоро, само без право на гласање и не смееш повеќе од 6 месеци да си надвор од Германија.
За државјанство јас чекав 10 години пошто се мислев да или не, инаку може сега многу поскоро. Услови се Б1, тест за државјанство тој со 33 прашања околу Германија, стабилна работа, стан/куќа со доволно простор иако ова последново никој не го проверува. Државјанството го добив за година дена од кои 6 месеци беа за процеси во МК, ама тоа беше пред новиот закон. Сега има страшна навала, посебно во поголеми градови.
Тоа е се од прилика, во наједноставни црти.