Eurovision Song Contest (официјална тема)

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
Добра одлука донела.

Мое мислење дека Евровизија е за помлади, и затоа сметам дека доколку се враќа МРТВ Македонија на Евровизија треба да бира некој помлади или нови таленти што сакаат да експериментираат.

После тоа што видов некако не е тоа што било Евровизија. Чест на исклучоци имаше некој интересни песни но песна, текст и музика веќе не е пресудна до толку за некаков успех на фестивалот. Битно песната е да има некаков рефрен што ќе го запамтиш, да бидеш контроверзен, чуден и да се глупираш на сцена.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561
И после изборот не стивнуваат глупостите. Прво - EBU одбиле на youtube да го постираат настапот на Португалија зашто пејачката на ноктите имала излакирано симболи налик на палестинското знаме.

1715697423506.png

Португалскиот јавен сервис упатил протестно писмо во кое ги обвинил за дискриминација, по што на крај сепак го постирале настапот:


Истото го направиле и со ревијалниот настап на шведскиот пејач и поранешен ESC учесник Ерик Сааде, кој наводно го имал палестинското знаме некаде на облеката. Неговиот настап се уште го нема на официјалниот youtube канал на Евровизија.

Вечерта за време на финалето во салата не било дозволено да се внесуваат освен палестинското знаме и холандското (зашто Холандија нели беше дисквалификувана), а исто и знамето на Европската Унија (е за ова, објаснување само они имаат веројатно).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
Хрватот Лазаља ќе настапува на Егзит, а деновиве издава и сликовница :icon_lol:

Исто ќе има и концерт кој му се распродал за брзо време па закажал втор кој исто му се распродал. Ете трети и тој се распродал.

Не знам што прави победникот ама овој Лазаља ми се чини искористи одма по Евровизија да се активира турбо. Нема одмора док траје обнова :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.334
Поени од реакции
84.533
Оние кои сеуште ја гледаат Евровизија низ музичка призма ги сожалувам. За глупост нема лек.

За мене порано Евровизија беше собир на шабани и шунд музика, а денес е идеолошки собир, односно култ.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.670
Поени од реакции
37.654
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
Колкави се од прилика трошоциве на Македонија за детскава Евровизија или поточно Јуниорска Евровизија? Еве во моментов на МРТ 1 има пренос. Македонија учествува.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561
Црна Гора избра ова
Не се овие нормални, жими се! На една група за Евровизија на фејсбук имаше гласање за песните од Црна Гора и оваа песна им заврши на последно место. А Црногорците ја бираат за на Евросонг! :pos: Ова е тролање на векот, мислам. Инаку не можам логично да го објаснам изборот.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
Не се овие нормални, жими се! На една група за Евровизија на фејсбук имаше гласање за песните од Црна Гора и оваа песна им заврши на последно место. А Црногорците ја бираат за на Евросонг! :pos: Ова е тролање на векот, мислам. Инаку не можам логично да го објаснам изборот.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Лично се надевам дека Македонија ќе продолжи со својата традиција да не учествува на перверзијата наречена Евросонг.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.561
Втора држава која избра песна за Евровизија 2025 - Албанија:


@Sussaro , мора да го слушнеш ова!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.920
Поени од реакции
8.284
Песна која беше дифалификувана на хрватскиот избор Dora 2025. Музика и аранжман на Дарко Димитров. Дисфалификувана е поради тоа што по пријавата голем процент од песната е преработена и е различна од онаа пријавената.



Еве ги песните и изведувачите на Dora 2025.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.138
Поени од реакции
42.865
Лет 3 со трансџендерски униформи победуваа и ги праќаа на фестивали, а на девојчево што има стварно океј песна ја одбиле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom