Фа куп со петолигаш играат што има да гледаме како се понашаат, ги видовме за празничниов период каде имаа релативно лесни противници како се испонашаа. Битка за 5/6 место е реалноста на тимов, само што овај пат разликата меѓу 5то и 6то место е што петтиот ќе игра во ЛШ наредна сезона.
Па ако се мачат за да победат значи не е како што треба работата. Изгледа дека почнува да губи контрола Мареска. Се надевам не ама ќе видиме.
Јаката статистика на Џексон ќе не однесе во топ 4
На големо се збореше за лузерски менталитет на Покетино тука, еве го Мареска со уште една легендарна изјава дека Челзи и неморал да игра лига шампиони догодина.
Незнам кој му е филмот на братов но почна лошо да го вози, последно време личи на Потер.
Капак на се продолжува со тврдоглавоста и поради тоа ќе не напуштат квалитетни играчи.
Ми фали Абрамович претерано менуваше тренери да, но за такво лузерско излегување во јавност во наредни 2 минути ќе беше спакуван надвор од клубот.
Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Па во време на Абрамович не смееше да се каже дека не играме за титула и дека сме задоволни од бод, па недај боже да каже дека играме за ЛШ.
Единствено кажа Мурињо со 2 големи и 1 мал коњ ама пак зборуваше дека треба поголем апетит за тимот.
Ништо чудно каков третман му дава на Феликс и он да престане да се залага.
Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Па не е дека се залага. Типот е одличен техничар ама е лабилен и 1-2 натпревари ќе ги изигра и ќе се релаксира. Ако сака прв состав треба да гризе секој ден, секој час, секоја минута и секунда.
Среден ред (Сантос), десен бек (Муриљо) или некој друг, и овој од Ипсвич ако го дадат Делап, Дисаси очекувано нема квалитет за она што го игра Мареска, Нкунку очекувано премала минутажа а и со залагањето на теренот последната кога беше стартер, Дусбери-Хал очекувано и овој последните 2-3 комотно можеше од клупа да влезе, изгледа побарал трансфер, везњак мора да донесат премногу паѓаат во средината. Атлетик пишува дека ако оди Чукумека на позајмица тоа ќе биде Стразбур логично би било да го вратат Сантос. Иако бил планиран од следната сезона за во средината.
Па за Сантош уште на почетокот ми беше чудно зошто го даваат, ама ајде, 1 година позајмица е не е страшно. Гледам голем потенцијал во детето и мислам дека дури и ќе биде пред Лавија.
Делап е крут играч, див, инатлив, налик на Варди. Тоа е тоа што ни треба моментално, некој да ровари напред а и да клава голови, нормално.
Се што имаме моментално е многу меко напред, плус Џексон слаб е со финишинг. Ако го земат Делап случајно нека се распореди Џексон лево крило оти тоа останува за него.