Вака се губи соблекувална. Јас да сум на место на Феликс никогаш нема да сакам да играм за Мареска, друга страна го имаш Чивел кој ни беше еден од најбитните играчи е изоставен од тимот само заради тоа што не се уклапал во системот.
Во ред е секоја чест за Мареска како почна и како успеаја да го среди и организира тимот, но почна да ме нервира со неговата тврдоглавост. Класична Пепова школа.
Изговор дека е тактичка изоставка за Мадуеке уште повеќе ќе му наштети.
Евертон и Фулам одат 100% од негова страна изгубените бодови, Челзи има играчи, Челзи нема моментално многу повредени играч иако некој спомна, туку Мареска не ги користел заради баланс што не е точно. Феликс, Нкунку и Вега се олараунд играчи.
Гиу е пресинг машина, вчера кога се губеше баланс и Џексон си трчкаше лагано он ќе сменеше многу.
Нкунку може не е шпиц ама како лево крило е добар, Феликс со негова желба не застанува со трчање и без разлика дали е најпродуктвен он ќе донесеше само со негово присуство на терен проблем за Фулам.
Друго нешто кога веќе зборува братов за баланс, Челзи нема освен Каиседо друг играч што ќе брка топка на терен, Галагер беше створен за пресинг, без разлика дали управата сакаше да го продаде или не, Мареска можеше да бара да остане и да кажеше дека е битен играч во неговиот стил.
Конкретно вчера беше пресликување со Евертон, иста грешка која се повторува и е видлива за сите по коментари на социјални мрежи освен за нашиов е дека Џексон е неупотреблив на терен, без разлика на промашувања он на терен како напаѓач го нема.
Ниту има физичко присуство ниту има втрчувања, седи до санчо на крило а напред во пет метри е Енцо со метар ипол да скока на центаршути.
Палмер и Санчо после 70 мин се мртви упорно се играат до крај а замени на клупа има не дека нема, океј лани имавме еден куп повредени, со Потер исто но сега Челзи нема повредени и има далеку поквалитетен тим од лани.
Вега исто човекот гине, премиер лига не помириса, резерва исто има во Чивел.
Исто така вчера се виде дека Густо не му е денот, мораше да менува па макар и Каиседо нека биде на негово место и Касадеи или Феликс во средина. Како и да звучи мораше да најде решение и да извади играч што не му е денот.
Голем голем кикс за Мареска, и искрено се надевам дека ќе се промени ако продолжи вака со играње само на една иста 11 многу играчи ќе сакаат да си одаат а и друго битна работа вакво менаџирање на долгорочно значи само прегорување на играчи и пад во провалија. Ако и нареди неколку натпревари го игра неупотребливиот Џексон кој имал шутинг процент највисок во лига и не прави замени може слободно гвардиола филозофија да си ја набие во Г-з и да одјебе од клубот.