Тоа е најголемата сатисфакција што еден маж може да ја има кога станува збор за машко-женски односи.
Цел живот да и си во мисли...а тебе кур да те боли.
Ова може за машко да важи но за женско, ретко. Ептен треба да е љубов во прашање. Најчесто жените на почеток
1. се понашаат како што сакаат да бидат третирани,
2. ако не си доволно ангажиран во врската почнува др-др фазата
3. подоцна ако не се реши проблемот во фаза 2 се понашаат како другата страна се понаша со нив. Колку гледаат толку и пружаат.
Голем дел од жените завршуваат разделба и процес на преболување додека се во врска. Пробува, гледа не бива, се лади. Уште седи, за секој случај, се бори до последен момент, но кога остава оставено е. Слично е со оној момент опишан погоре со помалку видливото его. Ние, иако не изгледа така поголеми флертувачи сме од машките оти најчесто емоциите во врската многу интензивно ги доживуваме. Затоа постојат поголеми шанси жени да имаат повеќе големи љубови во животот од мажите. Да не речеме вистинските мангупи. Ова општо зборам, на крај на ден сѐ се сведува на личен карактер.
Собираме, собираме, мислат може до бескрај да оди тоа и на крај кога мажот најмалку се надева, па-па. Потоа тој маж кој дотогаш се осеќал комотно во таа ситуација останува шокиран. Затоа мажите треба да се многу внимателни во др-др фазата кај жената, кога се буниме активно и зборуваме за проблемите. Тоа не е намерно да ве нервираме. Тоа е еден вид побуна,
види, имаме проблем, види ме, слушни ме, јас сум сѐ уште тука, се борам. Е, во оваа фаза кој капетан фати кормилото и проба всушност да ја слушне другата страна и пристапи конструктивно, може да си ја доведе врската до ниво многу подобро и поквалитетно од претходно. Жена сака да види ангажман.
Но, дојде ли таа фаза,
брат порано главата ми ја пукаше сега е chill ни гледа кога искачам, ни кога се враќам, ни прашува кого следам и кого лајкам, без да ме ислуша до крај сфаќа дека сум во право, вика аха, така е. Ја оправивме работата. Е ова е уствари почетокот на тешките времиња. Значи поранешните приговори ѝ биле во стил
види јас сум професор што сака да положиш, гледај сите начини на решавање на задачата на готово ти ги давам, види те носам до решение. А другото сценарио е,
ако досега не си сфатил што треба да правиш, снајди се.
Секако правам муабет за некои инстинктивни пориви коишто ги местиме во граница на контрола со победата на човекот во нас пред мажјакот/женката.
Само за оваа работа постои заблуда. Жена генерално е способна да доживее многу повеќе големи љубови од мажите, затоа и многу поретко останува во ситуација да не може да заборави некого цел живот, оти во врската емотивно и интелектуално е многу поинтензивно вклучена и ги изживејува сите тие динамики.