Едно е глобализација, па и отпор кон неа, колку може една држава да е суверена, а друго е јасно профилирање на нација, во чиј идентитет нема да се ставаат мини, кои потоа ќе експлодираат во корист на соседните нации, а што може да доведе до се поголеми национални поделби, на што сме сведочиле, а и уште сведочиме, на крај да се заврши со асимилација и завршување во туѓо стадо.
Така да, македонска нација, јасно изградена на сопствени темели, различна, каква што е од сите соседни, па потоа таа ќе се носи со сите предизвици во светот, како што е и глобализација. Тие идентитетски, културни проблеми, ги имаат сите, тука збориме за нешто друго, вклопување во културен и национален идентитет на соседен народ, и прифаќање на туѓи интереси, како свои.
А веќе кога сме мала нација, со каква-таква држава, многу е подобро да има некој друг, трет, четврт моќен, што е илјадници километри далеку од Македонија, отколку да бидеме оставени сами во борбата со соседите. И за тоа знаеме од историјата како завршуваме со таа братска љубов од соседите и нивните ослободувања и бранења.
За политичките проекти, во дадени околности, е многу широко за да расправаме сега. Но, клучен е фактот, дека Македонците изборија држава, кога ја побараа како Македонци, а не наднационална политичка заедница на Срби, Бугарија, Грци, Албанци и др. Додека поинаку беа изнесувани барањата, завршуваме под туѓа власт, под политички и економски терор, асимилирање, а во некои делови и под закана за физички опстанок.
Тоа доволно кажува по кој пат треба да се оди.
П.С. Воопшто не спомнав музика, ниту мислам дека тоа е главниот проблем, се слуша и во Загреб и Софија.