Истите тие што ти велат дека Македонците премногу преземале од Белград отвораат бугарски културни друштва и телевизија во Битола.Со македонските патриоти, суверености, најголем проблем е што огромен дел се ранат со медиумски удбашки северни лајна. Таа пропаганда дури кај нас и повеќе се фаќа, затоа што во Србија доста молчат поради интерес, страв. Нашите ги очекувам на контрамитинг со парола: "Ние МаЌедонците, Вучиќ си го сакаме"
А и оние од лева, граѓанска опција се одушевуваат на се од Белград, дури и кога навидум се против, изгледајте го гостувањето на Оливера кај Сашо и Борјан на Инфомакс, видете го делот кога зборуваат за Вучиќ.
Впрочем, сите наративи кај нас, прозападни, суверенистички, патриотски, гообалистички, ги преземаме од Белград, така е со децении.
Не се само Латас и Ефтов проблем, колку и да се при врвот на листата за највионовни.
Автоматски споено мислење:
Тијана, со сестра и, беа шарени. Уживам во ова бламирање
Истите тие што ти велат дека Македонците премногу преземале од Белград се гушкаат и сликаат со Радев во Софија пред некој ден.
Веројатно си и ти дел од таа клапа, но мудро си молчиш.
Александар Вучиќ е аутократска личност несомнено, се врзуваат разни корупции и криминални групи, но за него зборуваат резултатите и делата.
Кога тој ја наследи Србија невработеноста беше 25.5%, а кај популација 18-24 години 50%, за да денес при крајот на 2024 година невработеноста е 8%, а меѓу младите 20% со просечна плата 850 евра и јавен долг 50% од БДП. До крајот на 2025 година според сите економски проекции просечна плата во Србија ќе пребаци преку 1000 евра. За компарација Србија во 2012 година имаше 250 евра просечна плата и српската економија тежеше 33 милијарди евра, а денес БДП на Србија тежи преку 70 милијарди евра и вратена на кредит рејтингот на ИМФ.
Директни странски и домашни инвестиции во вредност од 4.6 милијарди заклучно до крајот на годината и втор највисок економски раст во Европа после Малта.
Иселувањето е стабилизирано и минимализирано споредено со остатокот од Балканот.
Секако дека на обичен народ ќе и дојади една власт 12 години. Секаде е исто, но која е алтернативата со овие студентски протести? Кои се барањата на истите? Разни Богоевци, Маричиќи, Апасиевци да се дотуркаат на власт?
Овие таканаречени студентски протести се истите студентски протести во Македонија кога се протестираше за Мартин Нешковски со цел разни Богоевци, Маричиќи, Апасиевци да се дотуркаат на власт.