Тоа е тоа, сезонава мислам дека се соочени дека им е отидена и таргет им е топ 4. На толку лоши резултати реално воопшто не се далеку од топ 4.
Им следат полабави натпревари со послаби екипи.
Нема некои силни гласини дека ќе се појачаат, а и да се појачаат мислам дека со 3ца во Јануари тешко дека ќе се оправат.
Им треба еден поголем ремонт искрено, не го сакам тоа лично, убаво ми е да гледам како патат пластичариве, но сепак мислам дека ќе се вратат на стари патеки, бидејќи сите играчи што би ги продале, ќе ги продадат за добри пари. Плус имаат накалемено многу пари од претходно и мислам дека финансиите не им се проблем.
Грилиш мислам дека ќе биде 100% продаден на лето. Бернардо Силва изгледа ептен бледо... од нели, потенцијалните причини за burnout и премореност, кај него дефинитивно тоа е проблемот. И претходно кога газеа си беше ноншалантен, ама сега е ептен отиден.
Фил Фоден непрепознатлив тотално.
Савињо Матеуш Нунеш и они не се на тоа рамниште.
Де Брујне и он братот печен за Сауди.
Гундоган како го вратија така и ќе го испратат. Џон Стоунс Кајл Вокер печени за клупа и ротација.
Ковачич и он многу бледо, како и сонародникот.
Овој Рико Луис, тежок просек, ама ајде млад е сепак.
Интересно е што сите овие дрва вредат на маркетот и оние што ќе бидад продадени ќе бидат по солидна цена.
Ни свети Родри овој потоп не го средува. Но пак, реално годинава и лани е сосема нормално и прифатливо да се губи од Вила, имаат многу јака екипа.