Едно е сигурно, ниедна анализа за
ada нема да ја надмине
Sussaro-вата. Друго е статистички докажано, ada е една од најинтелегентните форумџики. Затоа ada не заслужува `не`! Плус, тука ќе се задржам на промената на личноста, што за некого помалку, за друг повеќе е чудно/неочекувано од нејзина страна. ада сеуште вика дека љубовта е долготрајно и бесплатно уживање во секс, ама вика и нешто друго, поточно цитира Библија со 'Love never fails', ја нарекува љубовта живототворна, двигател, нешто што има смисла и дава смисла. Повеќе за љубовта после...
Ада може да тврди дека е производ на радијацијата од Чернобил, или дека има слаб карактер, ама јас го гледам тоа вака: Дури ни човекот сам на себе не си е константа. Се раѓаш и одма си уфрлен во една динамична река. После дури и да кукаш, не значи дека ќе пливаш помалку или дека ќе добиеш одмор. Да ада, секако тука се шаблоните од нашето детство, но искуството и новите предизвици и те како покажуваат дека не сме само уште еден шаблон, уствари сме толку разнообразни. Можеш да се разбудиш едно утро и да не се препознаеш. Можеш и да се разбудиш едно утро и да направиш нешто што си мислела дека никогаш нема да го направиш. Во последниов период си се нашла во длабоко размислување, што си, до каде си, која си. Се јавува релативизирање, сомневање. И тука настапува освестување. Освестувањето раѓа мачнина и незадоволство. Ама раѓа и нешто друго, бунт против тоа што Е и желба за промена кон подобро само зошто ти самата сметаш дека така треба.
Прво нешто што го сфатив од твоите средношколски исповеди што ги начекав на една тема уште одамна е тоа дека си била лесно подложна на влијанието на 'групата', битно ти било да се вклопиш, а сега критички ги одмеруваш околностите и луѓето пред да се инволвираш. Уствари треба да помине подолго време, да осмислиш и разумни поимања за суштествава од крв и месо(кои се бајаги непоимливи!) за и емотивно да се впуштиш. Совшениот=семоќниот=Супермен! - шала. Сепак не ја пишав за џабе, па убаво рече Мац во анализата, ada e уствари една од најромантичните души на форумов. Значи, сака едно духовно сплотување, сака близнакот-сонувач.
Ада ми е олицетворение на слободоумност на форумов. Да, одлично ги искритикува малограѓанштината, предрасудите, конзервативноста, форумските светици и 'никогаш не би' ветувањата!
Спомнав скепса прееска...ама тука со еден поинаков коментар сум: Како Ада не постои систем на вредности? Ова ми личи на нихилистичко побивање!
Друго, на едно место викаш, Осуди го гревот, но не и човекот. Од друга страна, осудуваш виртуелни фаци кои може и се паметни, ама постот не им бил океј. А да, ада е борец за знаење(сократ и поимањето!). Ада ве прашува, како, о како е можно некој да не знае дека треба да има 500 поста за анализа? Хм... подари им цвет (те текнува?), не осудувај.
Друго нешто, имам впечаток дека за некои работи се заглавуваш во минатото. Можеби идеализираш некои нешта. Нели? А вистината е следново: млада си, убава, паметна! Може некогаш те гуши простата средина, бледнеењето на сонот, непредвлидливата визија за иднината и ненаоѓањето на близнакот-сонувач, но се` додека размислуваш ќе наоѓаш патишта. Ти текнува на клише фразата, дека кога си на дното, единствениот пат е нагоре нели? Ама ти не си на дното, така да ја напишав за да го сфатиш прогресот во споредба со минати моменти кога си пишувала, повеќе или помалку патетични постови во Мака ми е.
Ти си ми една од омилените форумџики, се надевам дека бев доволно објективна. Сега немам време, а и изгубив инспирација, така да, толку од мене. Секако, очекувам коментар, критика.