Напросто, морам да му помогнам на твојов неписменлак...и никако да ми стане јасно зашто се впушташ во туѓи религии, а бегаш од поставени прашања кон твојата заблуда.Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го Објави.
... се до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, кое кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите, Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да го види.
Ова од твојата света книга. Тука има толку хаос, што не е роден старецот што може да одговори на нештата како тоа едно та исто, во три дела но ќе објави друг кој што никој го нема видено, а луѓето и тој што објавува го сметаат исто така за бесмртен и никој не го видел...
А јас претходно ова реков:
Но ако имаш потреба да демантираш, а реално нема да демантираш туку сега ќе ми толкуваш Себастијан Сириски преподобен или Амвросиј Медиолански што рекол за овој стих и како го врзува со евреите и нивниот закон, бидејќи над нив слетал светиот дух и над никој друг - и тој дух е исто така дел од она што треба да сае објави, и е недостапно за човекот според христијанската догма... добро ли е?
Видено веќе сине сето ова „демантирање“... вера не може да се докаже и демантира, може да се живее според истата и ако ти е волја да се умре според истата... толку... никому не му треба туѓ доказ или демантирање, тоа е оставено во вековите кои поминаа...
Но ете, за сите идни христијани, повелете ќе ви објаснат како и зошто немате искуство со боговите наследени од евреите!
Што се однесува до стихот на кој се повикуваш, не само што нема да побегнам од демантирање, туку ќе го побијам твојов неписменлак.
Стихот вели:
„...Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го Објави...„
И сега...во наведениот стих, под поимот „бог„ се подразбира Бог Отец, Кој навистина никој
(од луѓето) не Го видел, а за тоа ни сведочи целото Свето Писмо и Црквата, каде никаде не е опишан „изгледот„ од Бог Отец!
Значи, кој Го видел Бога Отецот? Јасно е од стихот-Син Му Единороден. Синот Божји, Кој Е во непрекнато единство и со Отецот и со Духот Свет, Е очевидец не само на Својот Отец, туку на се‘ што се наоѓа на Небесата и во Вселената.
Бог Отец Му „наредува„ на Синот да се симне на Земјава за да го спасие родот човечки. Исполнувајќи ј таа задача, Синот, овоплотен во човекот Исус, на повеќе места сведочи дека Е дојден да ја исполни волјата од Својот Отец, па така, преку исполнувањето на таа волја, Синот сведочи и за постоењето на Својот Отец, а во одредени настани, и за постоењето на Духот Свет.
Еве неколку стихови кои го потврдуваат погоре напишаното:
- Матеј, 7.21,
- Матеј, 10.32/33,
- Матеј, 11.27,
- Матеј, 12.50,
- Марко, 1,12,
- Јован, 1.32/33,
- Јован, 3.34,
- Јован, 7.39,
- Јован, 14.16/17.
- Јован, 17.21/22.
Ајде...доста ти е едукација за денес.
Автоматски споено мислење:
Името да е токму „Адам„ а не „Мехмед„ е од проста причина-истото значи „од земја роден„ (Битие, 3.19), односно „земјолик„. Адам во почетокот од своето битисување, имал безводно тело кое имало боја од земја (окер/кафеава).Од каде името Адам? Зошто не Мелек? Или Ахад?
Последно уредено: