Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.052
Поени од реакции
5.236
Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го Објави.

... се до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, кое кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите, Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да го види.

Ова од твојата света книга. Тука има толку хаос, што не е роден старецот што може да одговори на нештата како тоа едно та исто, во три дела но ќе објави друг кој што никој го нема видено, а луѓето и тој што објавува го сметаат исто така за бесмртен и никој не го видел...

А јас претходно ова реков:

Но ако имаш потреба да демантираш, а реално нема да демантираш туку сега ќе ми толкуваш Себастијан Сириски преподобен или Амвросиј Медиолански што рекол за овој стих и како го врзува со евреите и нивниот закон, бидејќи над нив слетал светиот дух и над никој друг - и тој дух е исто така дел од она што треба да сае објави, и е недостапно за човекот според христијанската догма... добро ли е? :coffee:

Видено веќе сине сето ова „демантирање“... вера не може да се докаже и демантира, може да се живее според истата и ако ти е волја да се умре според истата... толку... никому не му треба туѓ доказ или демантирање, тоа е оставено во вековите кои поминаа...

Но ете, за сите идни христијани, повелете ќе ви објаснат како и зошто немате искуство со боговите наследени од евреите!
Напросто, морам да му помогнам на твојов неписменлак...и никако да ми стане јасно зашто се впушташ во туѓи религии, а бегаш од поставени прашања кон твојата заблуда.

Што се однесува до стихот на кој се повикуваш, не само што нема да побегнам од демантирање, туку ќе го побијам твојов неписменлак.

Стихот вели:

„...Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го Објави...„

И сега...во наведениот стих, под поимот „бог„ се подразбира Бог Отец, Кој навистина никој
(од луѓето) не Го видел, а за тоа ни сведочи целото Свето Писмо и Црквата, каде никаде не е опишан „изгледот„ од Бог Отец!

Значи, кој Го видел Бога Отецот? Јасно е од стихот-Син Му Единороден. Синот Божји, Кој Е во непрекнато единство и со Отецот и со Духот Свет, Е очевидец не само на Својот Отец, туку на се‘ што се наоѓа на Небесата и во Вселената.

Бог Отец Му „наредува„ на Синот да се симне на Земјава за да го спасие родот човечки. Исполнувајќи ј таа задача, Синот, овоплотен во човекот Исус, на повеќе места сведочи дека Е дојден да ја исполни волјата од Својот Отец, па така, преку исполнувањето на таа волја, Синот сведочи и за постоењето на Својот Отец, а во одредени настани, и за постоењето на Духот Свет.

Еве неколку стихови кои го потврдуваат погоре напишаното:
- Матеј, 7.21,
- Матеј, 10.32/33,
- Матеј, 11.27,
- Матеј, 12.50,
- Марко, 1,12,
- Јован, 1.32/33,
- Јован, 3.34,
- Јован, 7.39,
- Јован, 14.16/17.
- Јован, 17.21/22.

Ајде...доста ти е едукација за денес.
Автоматски споено мислење:

Од каде името Адам? Зошто не Мелек? Или Ахад? :coffee:
Името да е токму „Адам„ а не „Мехмед„ е од проста причина-истото значи „од земја роден„ (Битие, 3.19), односно „земјолик„. Адам во почетокот од своето битисување, имал безводно тело кое имало боја од земја (окер/кафеава).
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.538
Поени од реакции
3.313
Значи ти веруваш дека си имал визија преку сон слична на онаа во светата книга на христијаните, последната книга, Октровение на Јован, така?
И сигурно 33 ти е многу јако да го поврзеш со Исус бидејќи според догмата тој 33 години бил на Земјата и ние луѓето сме го распнале бидејќи така требало да биде...

За ова ќе мора да помуабетиш со @PROROKOT, тој е по демантирање и слично и ќе ти докаже дека сонот ти е инспириран од ѓаволот и демони, а не од архангели.
Хепта замисли кУинциденција можда се работи за степени 33 на кои ,,паѓа" планината Хермон каде паднатите ангели склучиле сојуз и се заветиле едни на други на јако единство и меѓусебно проклетство ако некој некого издаде или го пранкува..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.228
Поени од реакции
12.213

Или степени во масонерија .. веднаш со паднати ангели и фантастика одите, и најинтересно, да е мрачно, злобно ....

Исто како што крштевањето е завет за јако единство кое што ако го прекршите ве следи проклетство
И најстрашно е што друг во ваше име дал заклетва. Се важи истата или не сте во единство со Христос ако тоа не е по ваша волја и од ваша уста склучен договор?

Види ти оваа коинциденција на проклетство залудно ... :coffee:
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
995
Поени од реакции
1.020
Библијата дава детално опишување на настаните кои ќе се случат во последните времиња, посебно во книгите како што се Даниел, Матеј, 1 и 2 Солунјаните, и Откровение. Според овие текстови, последните времиња ќе бидат исполнети со духовни, социјални и природни промени. Еве неколку главни точки:
1. Знаци на крајот на времето (Матеј 24, Лука 21)
  • Во светот: Ќе има војни, гласини за војни, глад, земјотреси и епидемии.
  • Во општеството: Ќе има раст на беззаконието, ладнеење на љубовта и морален пад.
  • Во природата: Ќе се појават необични небесни знаци и катастрофални природни настани.
2. Појава на антихристот (2 Солунјаните 2, Откровение 13)
  • Антихристот ќе се појави како политички и духовен лидер кој ќе ги измами народите.
  • Ќе воведе систем каде што луѓето ќе треба да го прифатат неговиот „печат“ за да можат да купуваат и продаваат.
3. Прогонство на верните (Матеј 24:9)
  • Христијаните ќе бидат прогонувани и омразени поради својата вера.
  • Ќе има период на голема неволја, како никогаш претходно.
4. Евангелизација на целиот свет (Матеј 24:14)
  • Евангелието ќе биде проповедано на сите народи пред крајот.
5. Второто доаѓање на Христос (Откровение 19:11–16, 1 Солунјаните 4:16–17)
  • Христос ќе се врати со слава за да го воспостави своето царство.
  • Верните ќе бидат воскреснати и ќе се соединат со Христос.
6. Судот (Откровение 20:11–15)
  • Ќе има суд каде што сите ќе бидат оценети според своите дела.
  • Оние што не се запишани во Книгата на животот ќе бидат фрлени во огненото езеро.
7. Новото небо и новата земја (Откровение 21–22)
  • Бог ќе создаде ново небо и нова земја каде што нема да има солзи, смрт, тага и болка.
  • Ќе има вечно заедништво со Бог.
Овие настани се сметаат за предупредување и повик кон луѓето да се вратат на Бога, со покајание и вера. Токму затоа, Библијата не ги споделува овие детали за да предизвика страв, туку за да охрабри луѓето да бидат подготвени за вечноста.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.228
Поени од реакции
12.213
Последните денови и како човештвото нема да постои повеќе бидејќи христијанинот не може да се помири со идејата дека еден ден заврши христијанската демагогија и догма во светот.

Ова звучни премногу протестантски... тие користат застрашувачки сказни за да го преплашат малодушниот човек кој што не знае каде во животот и да го привлечат кон нивните цркви и пастори!

Инаку:

„А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;
...
...
Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.“
- Матеј

Едноставно премногу толкувате и никако да прифатите кај сте во сето уредување на универзумот. Преплашени од животот, преплашени од смртта, гледате угоре далеку, надолу бездна во која не може да скокнете... и тапкате во место од страв.

Чудна работа... како да само христијанинот е најбитното нешто на светот... како не може да разбете дека и после вас и без вас кога не бевте на сцената, светот и човештвото се тркала и се менува?
Вие бевте нужнаоста да се појавите за да продолжат учењата во тие дамнешни времиња... не знам како не го разбирате тоа...
Но толку е, не можете понатаму... :coffee:
 
Еден ден ќе излезеш пред Господ Исус Христос, ако народот се покае и се одрече од гревовите и го прифати господ Исус Христос, ќе се продолжи времето, во спротивно ќе се случи се што е претскажано во Библијата.
И така, продолжи само во глупости некои да веруваш наместо во христијанството и во Исус Христос, сега можеби се смееш, но пред лицето на Господ Исус Христос нема да можеш ништо да правиш.
Од толку луѓе кои што го љубеле Христос, загинале за Христа и имало што проповедале за Христос, сега ти ми кажуваш дека не веруваш во едниот и вистински Бог? Значи дека немаш поим за живиот Бог и оној кој што има власт да суди над секого.
Кој ќе се покае и ќе се обрати на Господ ќе има живот вечен крај Господ Исус Христос, а кој не ќе биде фрлен во огнено езеро т.е. во пеколот.
За неписмени луѓе се оние кои што не читаат или читаат Билбија, но не разбираат. Само ако се крстиш и станиш Христијанин, ќе можеш да се спасиш, во спротивно Господ Исус Христос знае што понатаму.
И секое тело од прав и пепел е направено, во прав и пепел ќе се врати, само душата човечка понатаму оди кај Господ и тој одлучува што со неа.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.228
Поени од реакции
12.213
И така, продолжи само во глупости некои да веруваш наместо во христијанството ...

Значи дека немаш поим за живиот Бог ...
ќе биде фрлен во огнено езеро т.е. во пеколот.

За неписмени луѓе се оние кои што не читаат или читаат Билбија, но не разбираат. Само ако се крстиш и станиш Христијанин, ќе можеш да се спасиш, во спротивно Господ Исус Христос знае што понатаму.
И секое тело од прав и пепел е направено, во прав и пепел ќе се врати, само душата човечка понатаму оди кај Господ и тој одлучува што со неа.
Ете го она христијанското кое не го одобрувам и го презирам.

Но христијаните тука во сета нивна слепост мислат дека некој е против самото учење на христијанството... Не знаете дека без христијанство и ислам немаше да има денес Телема!
Пред овие две учења, ако го немаше еврејскиот мистицизам и источни учења, ќе ги немаше ниту христијанството ниту исламот ..
Извадете ја главата од торбата наречена догма, погледнете нагоре, кон ѕвездите...

Престанете да се самозадоволувате со муабети како другиот со кој не се сложувате ќе страда после смртта, само да дојде Исус.
Престанете да ги убедувате другите дека вашата догма е реалност за човековото постоење.
Престанете за другите да мислите дека грешат во било што што вам не ви се допаѓа или не е како што вие верувате дека е уреден светот.

Верувај, оди на литургии, молчи и носи си крстот. И да видиме потоа од што си направен.

Со тоа што ти ќе ми проповедаше и парафразираш библија, не одиш далеку, ниту пак некому докажуваш колкава ти е верата.
На фалус не ставаме колку и како веруваш, делата се битни...

П.С. Човекот распнува богови! Без човештвото, о кој ќе го обожува божественото?
Затоа шшшшшт :cenzura:

П.П.С. @PROROKOT ова ќе го пецне, но што е тука е... На пауза е, му се може ... :coffee:
 
Во право си, твоето мислење е океј, немам потреба јас како млад човек да се оптеретувам со други работи.
Со истата сила со која Христос воскресе живее во нас и затоа треба и него и луѓето да ги почитуваме.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
288
Поени од реакции
473
Хепта замисли кУинциденција можда се работи за степени 33 на кои ,,паѓа" планината Хермон каде паднатите ангели склучиле сојуз и се заветиле едни на други на јако единство и меѓусебно проклетство ако некој некого издаде или го пранкува..
Јас не мислам дека 33дена има врска со Исус. Тоа Хептаграм сам го поврза.

31 е последен ден во нашето човечко време, 32 и 33 се деновите кога стариот универзум умира и се креира новиот. И се почнува од почеток.
Автоматски споено мислење:

За ова ќе мора да помуабетиш со @PROROKOT, тој е по демантирање и слично и ќе ти докаже дека сонот ти е инспириран од ѓаволот и демони, а не од архангели.
Прашав некој по-учен од мене и ми кажа дека ова не е во доменот на христовата вера и треба да се исповедам итн...
Јас ќе одам спротивно од тоа што ми кажаа, за да го видам следниот 28ми ден кој треба да биде ист но на различна локација и друг лик.

Ако пак е дело на ѓаволот (паѓањето на крилјата од наметката), ќе имаше друга порака освен одењето во празнина. Само ѓаволот зборува, другите молчат и те водат.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.538
Поени од реакции
3.313
Или степени во масонерија .. веднаш со паднати ангели и фантастика одите, и најинтересно, да е мрачно, злобно ....

Исто како што крштевањето е завет за јако единство кое што ако го прекршите ве следи проклетство
И најстрашно е што друг во ваше име дал заклетва.
Се важи истата или не сте во единство со Христос ако тоа не е по ваша волја и од ваша уста склучен договор?

Види ти оваа коинциденција на проклетство залудно ... :coffee:
Првиот болд-Сигурен ли си дека е фантастика..премногу храбро(самоуверено) од твоја страна или идеш на блеф пошто мислиш дека сум ограничен во размислувањето..

Вториот болд-Држи вода пишаново..

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.228
Поени од реакции
12.213
Првиот болд-Сигурен ли си дека е фантастика..премногу храбро(самоуверено) од твоја страна или идеш на блеф пошто мислиш дека сум ограничен во размислувањето..
Вториот болд-Држи вода пишаново..
Секое верување без искуство е фантастика... чувствата и мислите се фантастика, не си ти тоа... тоа кај мноштвото помага да се луѓе... колку толку.
Но за мноштвото е едно, за малкумината е друго кажаното (исто и во новиот завет таа пракса се користи, а и денес е исто со сето море од информации)!

Не е блеф, туку поттик да размислувате и да немате страв дека некој бог или пак не дај боже, човек ќе има нешто против вас заради вашето искуство да избегате од тука... а и постојано секогаш се обидувате некој да заплашите со мрачни идеи и демони... проклетсва и зло!
Никој не може да го заплаши слободниот човек, само робот трепери од пангите и зборовите на господарот! Не битете робови! Никому!

"Then let the End awake. Long hast thou slept, O great God Terminus!
Long ages hast thou waited at the end of the city and the roads thereof.
Awake Thou! wait no more!
Nay, Lord! but I am come to Thee. It is I that wait at last."
- Liber LXV, Liber LXV Liber Cordis Cincti Serpente sub figurâ אדני
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.149
Значи, кој Го видел Бога Отецот?
Јов.
Автоматски споено мислење:

7. Новото небо и новата земја

Земјата(телото) си ти и небото(мислите)си ти, но не ми звучиш дека е ново!

Има еден убав стих кој се однесува на тоа ново небо и земја...(нов човек)

3 книга Ездра
26. И ќе видат избраните луѓе, кои не доживеале смрт од своето раѓање; ќе се измени срцето на живите и ќе се претвори во друго чувство, 27. зашто злото ќе се уништи и лукавството ќе исчезне; 28. верата ќе расцути, расипаноста ќе биде победена; ќе се појави вистината, која толку време остануваше без плод.»»

Зборовите од библијата нека ти бидат патоказ во соптвената промена, а не да ги користш за заплашување на другите.
 
Ти благодарам ❤
Се надевам дека Господ ќе ни даде уште време додека не се случи тоа напишано што е во Библијата, ти посакувам Господ да те благослови и да ти дава здравје.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom