По која чудна логика јас воопшто би се замарала со правењето на следната анализа?
За да му докажам на господинот дека сум доволно злобна за да ја направам и да очекувам дека ќе ми се смешка ... аххх, прекрасно сценарио, но не, интересна појава е, сакала јас да признаам или не, а анализаторите со филмски ликови нажалост ме натераа да ја направам оваа мала дигресија пред да започнам.
Длабоко се извинувам.
Да почнеме ...
Впечатлива појава што премногу зборува, посебно политика и национализам, погледни го просекот на мислења што го има и каде му се повеќе од половина ќе ти стане јасно дека не зборуваме за локален патриот од оние кои што сите ние ги познаваме.Всушност дечкото ми е како оние куќи што стојат сами на врвот од ридот и сите се плашат да влезат во нив, ама надворешноста им е преинтересна за да престанат да ја гледаат.Нешто како песна на Тупак, сите сме го слушале, ретко кој го разбрал, џабе фалењето на дечките од улица и тие што некогаш нешто слушнале а не дослушнале.
Не, јас, ќе бидам од тие што ќе ја ѕверат куќата од надвор, ама сепак ќе ѕирнат низ прозорецот, веројатно подоцна ќе ми викаш дека сум го утнала и погледот, али јебига, мора да ни биде на некој начин интересно.
Вистински и воодушевувачки природна личност, со вроден талент за гестикулирање при муабет.Нема кој знае колку да ве зароби кога прв пат ќе се појави, сигурно ќе го разминете на улица, можеби фрлајќи поглед, но секако нели, заборавајќи го неговото лице наредниот момент.
Зошто, ооо зошто, мислиш дека веќе си ги научил некои работи и дека си преодреден за некоја одредена цел или работа? Јас разбирам години и искуство, искрено го ценам тоа што го имаш видено, ама колку само ти штети тоа малку затворено гледиште и разбирање за туѓите погледи на живот, невозможно е, јас би го дефинирала просто како моментално преценување.Не знам дали потоа размислуваш дома и се колебаш, али, ајде ќе речеме дека си само човек и дека го правиш и тоа.
Сместен во малиот плетен кревет за еден си играш со далечинското на супериорноста која што ја имаш замислено затоа што веруваш дека многу си поминал, да не бидам кретен, пали тоа кај луѓето, мора да се каже, ама пак, ти тоа веќе го знаеш нели? Испробан рецепт на толку многу карактери, кај сите оние што паѓаат, заборавајќи на се што на почетокот им било важно пред да седнат на маса.Да имперсионираш со зборови е моќно, вреднувано во нашето општество, да, но нажалост, често пати и не вродува долгорочно со плод.
Штета.
Бла, бла, бла ... увереноста дека се зависи од тебе е најголемиот егоцентризам кој што човек може да го поседува, али ајде, кај тебе на други начини се излеваат преку сите пори тие твои малку „негативни“ особини, бар не ти е гајле што ако го немаше задоволството во тоа.
Убаво е, мене ми се допаѓа.
И за на крај, онака „злобно“, дај бре и на другите нека дојдат до микрофонот.
:smir:
Кхм ...
Донт мејк Сатори енгри ... ши вас вери најс.