Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Мац)) че ти чивчам графичката....дај анализа плиз


А ти Серпико уште од четрстурско ми ја дужиш и вети дека ќе пишеш една без цензура:)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Несакам мислите за ги преточувам во зборови за да создадам анализа како пишан текст за тебе од една добро позната причина...да не биде парафразирање на твои мисли,но еве ќе се обидам да го исклучам секој директен податок за тебе.

Лејди Сатори


Кога би оделе по класична анализа според аватари,потписи...ќе дојдеме пак до сознанието дека си девојка која едноставно е преполна со себе,неможе да си дозволи никакво статус кво,па макар и тоа да биде подолго оставање на аватарот.
Целосните промени околу потписот и аватарите упатуваат на динамика,на променливост,едноставно упатуваат на твоите години кои не ти дозволуваат да се задоволиш со една работа која ќе ја негуваш подолго време.
Сите совети што си ги препишуваш сама се залудни кога е посилно од тебе ,целата психологија околу самосоветувањето е длабока,потребата да престанат лепењето на секакви етикети од луѓе кои воопшто не те познаваат...но движечката енергија љубовта пак го спречува тоа.Кога сме веќе кај љубовта,престани да бараш филозофии во нејзе,едноставна е премногу љубовта или ја сакаш и негуваш или и го вртиш образот за да добиеш уште еден шамар.
Премногу активна во љубов,љубов,љубов и секс и во филозофија и психологија,но ако го побараш склопот на сите овие нешта во една мисла,во едно место ,Сатори ќе може да ја пронајдеш како непоправлив надреалист,секогаш дејствува со дирекна акција на мислата...како олицетворие на светската болка,не сфатена од општеството,не пронаогајќи го своето место во истото.Па и романите на Шекспир ги напишала неговата сестра а никогаш не се докажало тоа,едноставно феминизмот секогаш е ставен во маргините на ова општество.
Сакаш мирен живот ,колку и да не изгледа така,а сите мигови сакаш да ги имаш без никаква доза на рамнодушност и затскриеност,имаш потреба да знаат сите дека вредиш многу повеќе од она што може да се прочита,посакуваш да те читаат мегу редови,кое знае да донесе и погрешен аспект на твојата индивидуа.

И кога би одела само по аватарите и потписите можам слободно да си дадам за право и да кажам дека си полна со себе,полна со целата своја женска моќ и надмоќ,ставајќи ја секогаш на тапет жената како нешто за воодушевување , која рефлектира со толку силен феминизам кај тебе.

За крај би кажала само дека си весела девојка и дека и во твоите солзи може да се пронајде оптимизот дека еден ден сепак ќе завршиш кај твојата сродна душа.




Се обидов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Moже мене некој да се нафати да ме анализра?Ќе му вратам најкасно до понеделник:):):)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Конечно,по долгите ургирања за преку,врз,над ред,отчукна часот за МекДеди Пимп од Ресен,односно нагалено Крејзи_Појол. :zlo:

Некој од илузорните и неинформираните членови ќе се запраша зашто баш го крстиле МекДеди Пимп?
Прилично едноставно,зашто е албанец.
А сите знаеме дека Албанците смеат да имаат по 7 жени.
А МекДеди е троен албанец на куб,квадриран на трета.
Вие пресметајте колку жени се тоа.

Е сеа,една битна дезинформација.Исто така математичка равенка.
Мекдеди ги поседува 75 посто од жените кои се модератори,и 98 посто од жените администратори,како и фул 100 посто од сите обични јузерки.
Колку е све на све,ни он сам не знае.
Значи ако го читато ова,и сте женско,и не го знаете Мекдеди,вие спаѓате во магичните 2%.
Но уште побитно,значи дека на следната собиранка,ќе прејдете во другите 98%.

Што мислите,зашто му седи титлето Албанистратор,и зашто сите девојки на форумов му коментраат за секси црвените обравчиња?
Бидејќи ако не ги почитуваат правилата ќе добијат еден bitch-slap.
Значи МекДеди е строг,но праведен.
Уште еден (не)битен податок.Омилена песна : Харем од Мартин Вучич.

Аватарот докажува дека сака да биде плавуша.Или следната жена да му е плавуша.
Шала на страна.Докажува дека сака да игра "палаво" бидејќи е очигледно дека сликата неодоливо потсетува на Denis the Menace.
И плачко си,ептен голем,и стално штрајкуваш со тие 25 отсто.
За кантер не те бива,а "предавнички" признаваш дека м4ката ти е омилено оружје на Кантер,наместо ак-47.
Ех,да те читнат братучедите од ОНА,или УВК.:nenene:

И многу фин си у живо,што значи дека криеш нешто.
Уствари тогаш можда беше фин за да ја земеш Ада за жена,сеа откога успеа,шо те знам.

Значи,драги читатели,ако до сега не заклучивте,МекДеди има најсветла иднина од сите нас.
Тој ќе го прочисти светот од Христијанството,заедно со Рада ќе слави коа ќе го смениме името,и ќе биде следниот премиер на Нова Горно Северна Македонија.Како?
Едноставно.
Сите жени негови ќе ги прати на гласање,а сите мужи следбеници на кинење на гласачките кутии.

И сеа сакам една повратна за до Ресен,иначе че те пукам на мсн со wink море еј!:vozbud:
 
С

Сатори

Гостин
Благодарам драга, успешна анализа и тоа што најмногу ми се допадна потполно нов осврт на мојата личност како таква.
:back:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Е, Мацову, Мацову...знаеш како викаат, сирење за пари - анализа за анализа. Kако 1/2 Џу не останувам дужна на никого, па ни на тебе.

Ајмо...Mac))

Да почнеме од никот. Мац. Со две загради. Мали. Што би можело да значи тоа, ако не крајно некреативна кратенка од име? Да бев писмена ке можев да одговорам, ама за среќа тука е твојот аватар да ми помогне. Brad Pitt? Brad Fucking Shitt? How cool is that? OMG did my cool meter just broke down? Poor thing. ОК. Значи имам две теории поврзани со твојот аватар, кој вреди да се спомне не е сменет веќе подолг период.

1. Ко мал си се дивел на Fight Club и секоја ноќ си ја молел The Tooth Fairy барем еден ден да бидеш Бред Шит у дотичниот филм.

2. Креативноста која ја поседуваш не дозволила да ставиш нешто поинвентивно од се разбира, најголемиот факман/ебач/магнет за жени во светот.

Идеме на потпис. Да,да. Sprite user, kajgana addict, random unimportant crap, inter milano fan, msn user...*drums*drums*drums*fanfare* MTV VIEWER?!?!?!? :nesvest:

Драги гледачи, поради технички проблеми се враќаме по рекламите.

ЕПП, Сакаме Рама, Еднаш персил - секогаш персил, бабина супа, дедина кобасица, Твоја А1

Welcome back to part 2:

Што е наредно на листата...post check.

Post check in progress...this may take a minute or two. Please wait.

Done. Click the button below for details.

-Игри, игри, дота, дота, компјутери, дота, лост, игри, дота, игри, дота, дота, дота, дота, компјутери...

*Измеџу другото:

- тук-таму пишување на други теми ради еснаф

- потсетување на мање4ки и гоњемки 4ленови колкави лузери се

- потсетување на одредени членови како се глупи лузерски лузери зашто се бунат против полагање матура

- ЛОСТ. ФАКИНГ ЛОСТ. Сега веќе ми е јасно зошто те буни мојот аватар. Таман се израдував ќе видам материјал за фалење во филм и ТВ, а тоа ЛОСТ. Дозволи ми да ти кажам нешто. Тим Бартон не прави филмови за даркерски шајшутки. Прави филмови што не се за сечиј вкус. Особено не за некој што гледа ЛОСТ. А ако не ти е по мерак Тим Бартон, не си човек. Барем за мене не.

Интересна појава која не може, а да не се забележи е твојата активност во оваа тема. Уште поинтересно е датумот на твојата прва психоанализа. Тој грандиозен настан се случил пред помалку или повеќе, еден месец. Која е причината за твоето изненадно масовно for a lack of a better word придонесување кон темава, не е сигурно. Ама, затоа тука се новите 2 во едно хипоте(ну)зи на Топ Шоп.

1. Си го гледал Analyze This или Analyze That. Или уште поверојатно, двата одеднаш. Ти се засвиѓал ликот на Били Кристал и ти станал новиот идол. Сепак, оваа хипотенуза паѓа во вода, затоа што да ти беше горенаведениов идол, ќе си го ставеше него на аватар, а не мистер Шит. Од таа причина, се префрламе на теорија број два.

Теорија број два. Кога си бил копиљ, погоwемите батковци те праќале за уши по цигари. Поради дијагнозата напатена душа, си решил да ја извршиш својата одмазда врз форум - популацијата, со твоите wannabe интересни психоанализи, кои меѓу другото се интересни како употребена ќесичка од увин чај.

Твојата презафатеност околу темите “Која е наја4а раса у Дота“ и “Како да скинеш што повеќе вратови у Кантер“, не ти дава време да постираш во подфорумот Музика. Барем малку да знам што човек си. Нешто минијатурно колку за впечаток. Ама, не го исполнуваш ни вториот услов за да бидеш човек на мојата листа, а тоа е добар вкус за музика. Затоа, ќе и ставам крај на оваа анализа. Ама ти си со врски преку ред, и затоа ќе ти ја предвидам и иднината на мулти - супер соничните тарот карти.

За пар година, најверојатно сеуште ќе си на истото место како и сега, со усовршена техника на правење анализи. Можеби ќе имаш жена, најверојатно запознаена преку интернет, на која ќе и даваш по една Никола - стајл васпитна секогаш кога ќе сака да те попречи во играњето кантер или правењето анализи. Форумот сеуште ќе го разбираш како поле за масовно вреѓање на одредени форумџии, а доколку тој не постои, ќе си направиш твој сопствен форум кој ќе се вика Еце или Мaweчко во чест на твоите омилени кајгана ликови. И пак ќе си собираш дечурлана таму и ќе си играте кантер како one big happy family.

Епа, штовани публикуме, тоа беше тоа.
Следни на листата се....(нема следни ама не кажувај на никој :pipi:).
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Фала Нудл :)

Пујол,ти на мене само фала?!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Маwечко

Се извинувам на задоцнувањето,најпрвин.

1,2,3 енд СТАРТ!

Ник - Maweчко.

Па со оглед на тоа дека кога си се регистрирала си имала или 15 или 16 години,значи прва,втора средно - а во тој период секогаш има некој изговор,нешто што е како тренд.Дали биле тоа 4ки,6ки и слично,секогаш има нешто.Веројатно тоа било тогаш популарно,па си го користела тоа или евентуално ти звучело мило,онака бебешки.Можеби и сакаш бебиња.:)

Титл - Jailbait

Обично во филмовите го користат студенти,кога ќе видат некоја малолетничка која им се свиѓа.Нешто кога кај нас ќе речат: педофил,ќе завршат во затвор и сл.
Е сега за малолетна си малолетна,ама за другово не знам.:)

Аватар

Се имаш себе ставено со апарат,што значи дека навистина ти е фотографирањето страст,дека уживаш да го правиш тоа,те исполнува едноставно.Фактот дека се имаш себеси ставано на неколку наврати,значи дека немаш веројатно што да криеш,си она што си и немаш проблем да го истакнеш тоа.

Потпис

Патиотизам.Ја сакаш Македонија.Пред се си емотивно поврзана со неа,дека си тука родена,се што имаш ти е тука и не би го напуштила тоа толку лесно.напротив би се борела со сите сили да останеш.Те нервираат луѓето кои се би дале за шопинг во Солун, па се обидуваш да ги мајтапиш и реметиш на некој суптилен начин.

Бонус:

Заљубена си не го криеш тоа,се обидуваш да бидеш сестрана личност т.е да имаш познавања од повеќе области.
Е сега,малце си избувлива и експлоизивна личност и често знаеш и да се зарчкаш и не попушташ во тој поглед,или до крај ќе ја истераш работата или не ја почнуваш и нормално гледаш да биде со твој позитивен исход.
Прилично цврсто стоиш на својот став,кажуваш што мислиш.
Меѓутоа во суштина си чувствителна,ранлива и те повредуваат некои работи иако на површината не покажуваш ништо и се правиш храбра.
Сум забележала дека имаш прилично високо мислење за себе,поседуваш самодоверба,што е нели добро,секој човек треба да го има.
Сепак иако си храбра и јака,ти треба секогаш некоја потпора,некоја сигурност која ќе ти даде сила да продолжш.


И така има многу....ама да не забегувам...ми се спие...

Наредни:

Геџо
Мрно.
Кристи
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Фала Нудл :)

Пујол,ти на мене само фала?!
Јас на тебе анализа, после Дивајн, Тонинтер, Крејзи ин Лав а пред Мистичен :)

btw, не ги прам одма едни после други оти исти работи ке пишам :)
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
Cekam analiza od edna wosha administratorka veke eheheeee vreme ama ko da me ignorira nesto:)
aj nekoj drug dobrovolec ako se naoga,Someone, Anyone?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Cekam analiza od edna wosha administratorka veke eheheeee vreme ama ko da me ignorira nesto:)
aj nekoj drug dobrovolec ako se naoga,Someone, Anyone?
Мила, колку што памтам, првин ТИ треба некој да анализираш, па да те анализираат тебе.
И плус ако админката е wоша, тешко дека ќе те анализира тебе, или било кој друг :pos:
Евентуално ако пуштам Позитивни вибрации, па да се оправи работата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom