PlayStation 5

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.086
Поени од реакции
45.966
Уште еден нуб за прв пат во животот си купи конзола - PS5, за Black Friday. Ве исчитав цела тема и мислам дека горе доле ми е јасно што треба да направам, ама ако може некој да направи step by step „туторијал“ (или да ме упати на веќе постоечки туторијал на reddit или што ти знам каде) како да ја оспособам конзолата за играње и кои игри да ги купам (воедно и што е попаметно - да купувам поединечни игри, или да купам PS Plus plan (и кој?), или да чекам кога ќе има попусти за PS Plus?), навистина би ми значело многу. Првенствено ќе биде наменета за децата, зашто јас никогаш и не сум бил по игрите, па така добро би било да знам кои игри се a must have за деца од 10 и 5 години, но и некои кои би можеле да ги играме заедно. И секако, не е на одмет некој предлог и за мене, што можеби ќе ме преобрати во гејмер :D . Thanks in advance. :love:
Земи го Extra, вториот му доаѓа, премиум не вреди искрен да бидам а и после пола година драстично може да му падне цената па да дополниш, т.е. сигурно ќе му падне па ќе го докупиш ако сакаш, ама и тогаш не вреди, еве сеа ми е 4 евра пример до крај на Февруари, и не го зиам, лани така се сјебав, не дека ми е жал за парите него едноставно нула корист имав од тоа. Све што ќе немаш е опција да не играш класични стари игри од пред 20 години, да стримаш, и да имаш опција за демо верзии на нови игри, да ги тестираш, голем ташак све ова, за таа пара не вреди.

пс плус обавезно би ти рекол да земеш зашто секој месец имаш 3 гратис игри кои се твои засекогаш (независно кој пакет го имаш), ако ги ставиш у Library, без да ги инсталираш, со Екстра пакетот добиваш плус цел каталог на стотици игри по принципот на нетфликс со серии и филмови (истиот каталог е и на Премиум,), тие игри можеш кога сакаш да ги инсталираш и играш, ама и да внимаваш да не ги тргнат, секој месец излага листа по нетов за тоа кои игри ги тргаат од каталог па ќе си знаеш. Зашто може да почнеш некоја игра и у меѓувреме да ја тргнат, тогаш нема да можеш да ја играш дур не ја купиш или дур не ја вратат пак.

Али обично повеќето игри седат со месеци (или години), Returnal пример што мора да ја играш, е таму 2 години веќе, ghost of tsushima и Death Stranding исто, со години, моментално и гта 5 е и вичер ама овие не верувам дека ќе седат повеќе месеци, Uncharted e исто тука, must play, и all in all во моментов еве гледам над 300 наслови имаш во каталогот ама ко што реков, треба да внимаваш еднаш месечно да не тргнат некој што планираш да го играш иако повеќето таму си дремат и со месеци и ко што реков, години.

Тие 3 игри гага што ги даваат секој месец, во глобала не се некои ок наслови ама некад знаат да убодат со јака игра и тука, и тие игри ги добиваш и со најслабиот пакет ко што реков погоре, ама со истиот толку, до каталогот немаш пристап.

Така да комбинација од двете, и игри ќе купуваш со гифт карти (глеј го видеото од Горазд што е ставено на темава таму све ти е објаснето како оди тоа и како треба да си го сетираш профилот, еден американски акаунт за купување гифт карти и купување игри од PS store, и еден британски, за да играш игри ако ги зимаш како хард копија од Галерија), и да го имаш екстра пакетот, тоа е мојот совет.
Секако, ако купуваш игра провери за секој случај да не ја имаш и во каталогот, иако кога ја купуваш до играта ќе видиш икона која ти означува дека ја имаш во екстра пакетот, ако седи само премиум пакет икона а не екстра, тоа значи дека само имаш game trial на истата со премиум, да не помислиш дека ја има на премиум а не на екстра, тоа не е можно зашто, again, све што е на екстра каталогот, е и на премиум.

Што се однесува за попусти на пс плус, за цел пакет, а не да допуниш само, такво нешто немам начекано долго време а и читам сега на редит дека веќе не практикуваат така, туку само ако земеш еден пакет, па после извесно време да добиеш попуст за друг, ама тоа ќе ти е допуна само, односно ке ти трае додека заврши првичниот пакет. Пример ја лани за 2 евра си допунив од Екстра на Премиум, некаде од Ноември или Декеври до крај на Февруари, до кога ми траеше екстрата.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164

Го гледав тоа, јасно ми е како се купува, со тоа што мислам дека британски акаунт нема да ми треба, зашто Digital Edition е PS-от, не планирам да купувам дискови.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Земи го Extra, вториот му доаѓа, премиум не вреди искрен да бидам а и после пола година драстично може да му падне цената па да дополниш, т.е. сигурно ќе му падне па ќе го докупиш ако сакаш, ама и тогаш не вреди, еве сеа ми е 4 евра пример до крај на Февруари, и не го зиам, лани така се сјебав, не дека ми е жал за парите него едноставно нула корист имав од тоа. Све што ќе немаш е опција да не играш класични стари игри од пред 20 години, да стримаш, и да имаш опција за демо верзии на нови игри, да ги тестираш, голем ташак све ова, за таа пара не вреди.

пс плус обавезно би ти рекол да земеш зашто секој месец имаш 3 гратис игри кои се твои засекогаш (независно кој пакет го имаш), ако ги ставиш у Library, без да ги инсталираш, со Екстра пакетот добиваш плус цел каталог на стотици игри по принципот на нетфликс со серии и филмови (истиот каталог е и на Премиум,), тие игри можеш кога сакаш да ги инсталираш и играш, ама и да внимаваш да не ги тргнат, секој месец излага листа по нетов за тоа кои игри ги тргаат од каталог па ќе си знаеш. Зашто може да почнеш некоја игра и у меѓувреме да ја тргнат, тогаш нема да можеш да ја играш дур не ја купиш или дур не ја вратат пак.

Али обично повеќето игри седат со месеци (или години), Returnal пример што мора да ја играш, е таму 2 години веќе, ghost of tsushima и Death Stranding исто, со години, моментално и гта 5 е и вичер ама овие не верувам дека ќе седат повеќе месеци, Uncharted e исто тука, must play, и all in all во моментов еве гледам над 300 наслови имаш во каталогот ама ко што реков, треба да внимаваш еднаш месечно да не тргнат некој што планираш да го играш иако повеќето таму си дремат и со месеци и ко што реков, години.

Тие 3 игри гага што ги даваат секој месец, во глобала не се некои ок наслови ама некад знаат да убодат со јака игра и тука, и тие игри ги добиваш и со најслабиот пакет ко што реков погоре, ама со истиот толку, до каталогот немаш пристап.

Така да комбинација од двете, и игри ќе купуваш со гифт карти (глеј го видеото од Горазд што е ставено на темава таму све ти е објаснето како оди тоа и како треба да си го сетираш профилот, еден американски акаунт за купување гифт карти, и еден британски, за да играш игри ако ги зимаш како хард копија од Галерија), и да го имаш екстра пакетот, тоа е мојот совет.
Секако, ако купуваш игра провери за секој случај да не ја имаш и во каталогот, иако кога ја купуваш до играта ќе видиш икона која ти означува дека ја имаш во екстра пакетот, ако седи само премиум пакет икона а не екстра, тоа значи дека само имаш game trial на истата со премиум, да не помислиш дека ја има на премиум а не на екстра, тоа не е можно зашто, again, све што е на екстра каталогот, е и на премиум.

Што се однесува за попусти на пс плус, за цел пакет, а не да допуниш само, такво нешто немам начекано долго време а и читам сега на редит дека веќе не практикуваат така, туку само ако земеш еден пакет, па после извесно време да добиеш попуст за друг, ама тоа ќе ти е допуна само, односно ке ти трае додека заврши првичниот пакет. Пример ја лани за 2 евра си допунив од Екстра на Премиум, некаде од Ноември или Декеври до крај на Февруари, до кога ми траеше екстрата.
Имаше сега за блек фрајдеј попуст како лани јунито 30% на пс плус ама со заебанција ако не си во моментот корисник… а јас идиот заборавив да тргнам од таа месец за месец и на 20 ноември ми се продолжи а од 24 ти почна акцијата :pos:

@Zlatikevichius Иначе вреди категоријата екстра за парите, се додека не ги изиграш тие што се маст плеј 10 -15 игри, после ако не играш онлајн( и тоа мултиплеер на одредени игри дека Фортнајт, роблокс, Cod и др. можи и без пс плус да се играат) можи да ја уплаќаш некој месец кога ке стават некоја екстра игра како Last of Us remake i Dead space remake.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
А пример, дали се исплати да уплаќам месец за месец PS5 и да чекам да се појави некој попуст и тогаш да го земам за цела година? Или од ова погоре од @zee German нема да можам така, зашто веќе ќе имам акаунт?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.086
Поени од реакции
45.966
Го гледав тоа, јасно ми е како се купува, со тоа што мислам дека британски акаунт нема да ми треба, зашто Digital Edition е PS-от, не планирам да купувам дискови.
Eпа тогаш само американски, и од специфична држава, не ми текнува која беше само, и толку, игрите ќе ги зимаш од сонито на пс сторот, е тука би ти препорачал да чекаш попусти за одредени наслови и да не се леташ одма, исто заборавив да додадам и дека со пс плус екстра пример, одредени игри имаат попуст на пс сторот само ако имаш пс плус пример, и тоа е така некаков бонус иако повеќето игри се со регуларни попусти.

Така да терај си од каталогот 300 наслови имаш, и дел се must play игри, исто и нови имаш тука не само стари наслови, дел од нив веќе се со некаков култен статус, и чекај попусти за поновите.

А јас игра што би ти ја препорачал да ја играш е Read Dead Redeption 2 (да не те буни тоа што пишува дека има само пс4 опција, зимај ја така), оваа исто беше на пс плус aма мислам ја тргнаа, али секогаш е на попуст, за мене ова е најдобрата сингл плејер игра некогаш направена во историјата, а сум човек што мрази western тематики. Не ми се верува уште дека некој направил вакво нешто, ваков attention to details e надреален и тотално ги сфаќам Rockstar зашто им треба доста долго време за нови наслови, а за приказната боље да не зборам, едноставно ова е нешто што секој мора да го изигра барем еднаш во животот, со side мисии со све.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.534
Поени од реакции
59.198
Инаку колку што знам по истек на PS Plus ако не продолжиш ги губиш игрите од library.
И не секогаш пуштаат нешто интересно за играње.

Ради тоа што си бираш сам, преферирав една по една да ги купува. За black friday, christmas со US акаунт се наоѓаа баш добри попусти (и до 80%)
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
А пример, дали се исплати да уплаќам месец за месец PS5 и да чекам да се појави некој попуст и тогаш да го земам за цела година? Или од ова погоре од @zee German нема да можам така, зашто веќе ќе имам акаунт?
Ако земеш за цела година ти испаѓа како 8.34 да плаќаш за месецот, ако плаќаш месечно е 11 долари/фунти.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.108
Инаку колку што знам по истек на PS Plus ако не продолжиш ги губиш игрите од library.
И не секогаш пуштаат нешто интересно за играње.

Ради тоа што си бираш сам, преферирав една по една да ги купува. За black friday, christmas со US акаунт се наоѓаа баш добри попусти (и до 80%)
Ги губиш(заклучени се) се додека не го активираш повторно, при повторна активација на пс плус игрите пак се отклучуваат.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Инаку колку што знам по истек на PS Plus ако не продолжиш ги губиш игрите од library.
И не секогаш пуштаат нешто интересно за играње.

Ради тоа што си бираш сам, преферирав една по една да ги купува. За black friday, christmas со US акаунт се наоѓаа баш добри попусти (и до 80%)
Не ги губиш, јас немав три месеци продолжено, и сега се тука тие 3те месечни што ги даваат. Само кога немаш претплата не можиш да ги играш.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.313
Го гледав тоа, јасно ми е како се купува, со тоа што мислам дека британски акаунт нема да ми треба, зашто Digital Edition е PS-от, не планирам да купувам дискови.
Обично искусни гејмери не советувам да купуваат PS+ зашто е тешко срање во поглед на игрите што ги имаат во нивната библиотека, но со оглед на тоа што конзолата ќе ја користат повеќе твоите деца и игрите што ќе ги играат претпоставувам ќе бидат детски тогаш и те како ќе ти се исплати да земеш PS+.

Зашто парите што ќе ги дадеш за годишна претплата за PS+ ќе можеш да ги дадеш за втор контролер (не знам дали имаш) со што би ти отворило можност да можеш заедно со детето да играте co-op игри.

Кога сме кај игри, PS+ во моментов ја нуди можеби и најдобрата co-op игра, која освои и Игра на годината пред некоја година и се вика It takes two.
Одлично искуство ќе биде да ја изиграш со твоите деца.
Останати игри кои што би можеле да ги играте заедно се Overcooked 2, Crash Team Racing, Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredder's Revenge, MultiVersus.

Индивидуални игри кои што би можеле да ги играат твоите деца се AstroBot и двете, LEGO игрите (Star Wars, Batman), Sonic, Crash Bandicoot, Hot Wheels, Ratchet and Clank, Sackboy, Cat Quest II.

Имај предвид дека не проверував дали овие игри ги има во библиотеката на PS+.

За игри за тебе, ќе мора прво да кажеш каков жанр на игри сакаш да играш за да знаеме што да ти препорачаме. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Инаку колку што знам по истек на PS Plus ако не продолжиш ги губиш игрите од library.
И не секогаш пуштаат нешто интересно за играње.

Ради тоа што си бираш сам, преферирав една по една да ги купува. За black friday, christmas со US акаунт се наоѓаа баш добри попусти (и до 80%)
Јас ко што прочитав - се губат само додека немаш PS+. Кога ќе ја обновиш претплатата, се враќале. Поим немам, може сум грешка, ама некаде прочитав такво нешто.
Зашто парите што ќе ги дадеш за годишна претплата за PS+ ќе можеш да ги дадеш за втор контролер (не знам дали имаш) со што би ти отворило можност да можеш заедно со детето да играте co-op игри.
Си купив одма и тоа. :D Само ќе ми треба и трет, па макар и расипан да е, зашто некој ќе плаче. :pos:
За игри за тебе, ќе мора прво да кажеш каков жанр на игри сакаш да играш за да знаеме што да ти препорачаме. :D
На PC, на времето сум играл само strategy games, како Civilization, на пример. И секако - Football Manager, NFS, она што не верувам кој не го играл. RPG games многу малку имам играно, речиси воопшто. Реков - даааааалеку сум од некој кој сака игри. Јас и на телефон немам буквално ни една игрица инсталирано. Ама секако дека ќе пробам, нема да го оставам така PS. :D
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.313
Поистекување на PS+ игрите не се губат се додека си ги ставил во твоето Library.
Доколку ги имаш ставено во Library ги имаш за цел живот, меѓутоа ако немаш во моментот активна претплата ќе бидат заклучени и нема да можеш да ги играш.
Откако ќе обновиш било каков вид на претплата, истите ќе ти се отклучат и ќе можеш да продолжиш со играње од онаму од каде што си застанал.

Единствени игри што се губат се оние кои што ги даваат секој месец и тоа само доколку не ги ставиш во твоето Library.
На пример во за месец декември од трите игри кои што ги даваат за без пари, савиш само две во твоето Library по завршување на месецот тие две игри ќе ги имаш, а третата нема да ја имаш.

Супер чим си купил втор контролер, една од подобрите работи што си можел да направиш.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.534
Поени од реакции
13.868
Уште еден нуб за прв пат во животот си купи конзола - PS5, за Black Friday. Ве исчитав цела тема и мислам дека горе доле ми е јасно што треба да направам, ама ако може некој да направи step by step „туторијал“ (или да ме упати на веќе постоечки туторијал на reddit или што ти знам каде) како да ја оспособам конзолата за играње и кои игри да ги купам (воедно и што е попаметно - да купувам поединечни игри, или да купам PS Plus plan (и кој?), или да чекам кога ќе има попусти за PS Plus?), навистина би ми значело многу. Првенствено ќе биде наменета за децата, зашто јас никогаш и не сум бил по игрите, па така добро би било да знам кои игри се a must have за деца од 10 и 5 години, но и некои кои би можеле да ги играме заедно. И секако, не е на одмет некој предлог и за мене, што можеби ќе ме преобрати во гејмер :D . Thanks in advance. :love:
И тоа би било тоа од филмови и книги за 2025та :pos:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Кога ќе сакаш да се откажеш од сонито, само почни ја Wukong или Sekiro (y)

Со здравје да се служи, мене и после 2 години уште ме држи хајпот за игриве.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.086
Поени од реакции
45.966
Супер чим си купил втор контролер, една од подобрите работи што си можел да направиш.
И ја купив втор контролер, па ја играв Returnal.

Па пак купив втор контролер. :pos:

Не се фалам, само кажувам каков беше развојот на настани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom