Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.086
- Поени од реакции
- 45.966
Земи го Extra, вториот му доаѓа, премиум не вреди искрен да бидам а и после пола година драстично може да му падне цената па да дополниш, т.е. сигурно ќе му падне па ќе го докупиш ако сакаш, ама и тогаш не вреди, еве сеа ми е 4 евра пример до крај на Февруари, и не го зиам, лани така се сјебав, не дека ми е жал за парите него едноставно нула корист имав од тоа. Све што ќе немаш е опција да не играш класични стари игри од пред 20 години, да стримаш, и да имаш опција за демо верзии на нови игри, да ги тестираш, голем ташак све ова, за таа пара не вреди.Уште еден нуб за прв пат во животот си купи конзола - PS5, за Black Friday. Ве исчитав цела тема и мислам дека горе доле ми е јасно што треба да направам, ама ако може некој да направи step by step „туторијал“ (или да ме упати на веќе постоечки туторијал на reddit или што ти знам каде) како да ја оспособам конзолата за играње и кои игри да ги купам (воедно и што е попаметно - да купувам поединечни игри, или да купам PS Plus plan (и кој?), или да чекам кога ќе има попусти за PS Plus?), навистина би ми значело многу. Првенствено ќе биде наменета за децата, зашто јас никогаш и не сум бил по игрите, па така добро би било да знам кои игри се a must have за деца од 10 и 5 години, но и некои кои би можеле да ги играме заедно. И секако, не е на одмет некој предлог и за мене, што можеби ќе ме преобрати во гејмер . Thanks in advance.
пс плус обавезно би ти рекол да земеш зашто секој месец имаш 3 гратис игри кои се твои засекогаш (независно кој пакет го имаш), ако ги ставиш у Library, без да ги инсталираш, со Екстра пакетот добиваш плус цел каталог на стотици игри по принципот на нетфликс со серии и филмови (истиот каталог е и на Премиум,), тие игри можеш кога сакаш да ги инсталираш и играш, ама и да внимаваш да не ги тргнат, секој месец излага листа по нетов за тоа кои игри ги тргаат од каталог па ќе си знаеш. Зашто може да почнеш некоја игра и у меѓувреме да ја тргнат, тогаш нема да можеш да ја играш дур не ја купиш или дур не ја вратат пак.
Али обично повеќето игри седат со месеци (или години), Returnal пример што мора да ја играш, е таму 2 години веќе, ghost of tsushima и Death Stranding исто, со години, моментално и гта 5 е и вичер ама овие не верувам дека ќе седат повеќе месеци, Uncharted e исто тука, must play, и all in all во моментов еве гледам над 300 наслови имаш во каталогот ама ко што реков, треба да внимаваш еднаш месечно да не тргнат некој што планираш да го играш иако повеќето таму си дремат и со месеци и ко што реков, години.
Тие 3 игри гага што ги даваат секој месец, во глобала не се некои ок наслови ама некад знаат да убодат со јака игра и тука, и тие игри ги добиваш и со најслабиот пакет ко што реков погоре, ама со истиот толку, до каталогот немаш пристап.
Така да комбинација од двете, и игри ќе купуваш со гифт карти (глеј го видеото од Горазд што е ставено на темава таму све ти е објаснето како оди тоа и како треба да си го сетираш профилот, еден американски акаунт за купување гифт карти и купување игри од PS store, и еден британски, за да играш игри ако ги зимаш како хард копија од Галерија), и да го имаш екстра пакетот, тоа е мојот совет.
Секако, ако купуваш игра провери за секој случај да не ја имаш и во каталогот, иако кога ја купуваш до играта ќе видиш икона која ти означува дека ја имаш во екстра пакетот, ако седи само премиум пакет икона а не екстра, тоа значи дека само имаш game trial на истата со премиум, да не помислиш дека ја има на премиум а не на екстра, тоа не е можно зашто, again, све што е на екстра каталогот, е и на премиум.
Што се однесува за попусти на пс плус, за цел пакет, а не да допуниш само, такво нешто немам начекано долго време а и читам сега на редит дека веќе не практикуваат така, туку само ако земеш еден пакет, па после извесно време да добиеш попуст за друг, ама тоа ќе ти е допуна само, односно ке ти трае додека заврши првичниот пакет. Пример ја лани за 2 евра си допунив од Екстра на Премиум, некаде од Ноември или Декеври до крај на Февруари, до кога ми траеше екстрата.
Последно уредено: