- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.502
- Поени од реакции
- 13.408
Паднала Француска влада. Тибам и санкции, и се'...
Неможат да се договорат за буџетот. Премногу кратење треба а и добро се задолжени. Мали Напалеон паметно изигра, во политичка криза ја турна Франција после изборите на кои изгуби.
Слава Украини!

Па зарем постои цена која еден народ не е подготвен да ја плати за да одржи во живот нео-нацистичка хунта во друга држава на другиот крај на континентот, додека дома му гори на презадолжениот народ ?
Па за НАТО и за Европа го прават ова бре, идните генерации ќе им бидат благодарни бидејќи ги презадолжиле за трети лица да гинат во трети држави за воено-профитерските интереси на четврти гнаси кои прават профит од презадолжувања, долгови и од мелење на топовско месо.
Како бе сите влади испопаѓаа низ НАТО земјите рецесии инфлации кратења кризи, само Русија остана јача него икад? Како?
А бе каква јача него икад Русија, не гледаш дека британски Телеграф објавува дека најновата жртва на руската воена интервенција во Украина е путерот, кој завршил под клуч бидејќи Русите почнале да го крадат ?
Гејм чејнџер ќе биде кога путерот ќе им биде заменет со маргарин низ продавниците, па Русите ќе збеснат.
Кога британски Телеграф објавувал лажни информации ?
https://off.net.mk/vesti/svet/rusija-na-kolena-poskape-puterot
Русија на колена, поскапе путерот
3 декември 2024 - 13:57
Најновиот јавач на неизбежната апокалипса на руската држава е информацијата дека во Русија почнал да се краде путер во супермаркети заради неговата висока цена, а дел од сопствениците почнале и да го заклучуваат.
Кражбите и заклучувањето се последица на пораснатите цени на путерот, што пак се последица на војната на Путин во Украина.
Британски Телеграф прогнозира дека проблемите со путерот би можеле да помогнат во постигнување мир во Украина. Ваквиот оптимизам се базира на извештаи дека од октомври годинава неделно се пријавуваат до 50 кражби на путер.
Русија изминатиов период има и сериозна инфлација, а каматните стапки се пораснати на 21%. Според американски пресметки „инфлацијата претставува најголема закана“ за руската економија. Таа исто така ја поткопува и довербата во рубљата, која изгуби една третина од својата вредност од август годинава.
Телеграф ги пренесува и руските медиуми кои предупредија на раст на цените, низок раст на БДП и висока невработеност.
Аналитичарите со кои разговара Телеграф објаснуваат дека инфлацијата нема да предизвика масовни протести во Русија, но неизбежно ќе наштети на популарноста на Путин.
Други експерти тврдат дека слабата рубља е во корист на плановите на Москва за поголемо трошење на одбрана. Речиси половина од сите приходи на Кремљ доаѓаат од извоз на нафта и гас. Бидејќи овој извоз вообичаено се плаќа во странска валута, тоа значи дека Русија има повеќе пари за трошење кога средствата ќе бидат префрлени во рубљи.
Последно уредено:
