Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ПРИМАРНА ПОДЕЛБА

Столбови
Ова се луѓето кои прават форумот да живее, да се движи, да расте и да се развива. Кога некој ќе отвори тема во која поставува некое прашање - веднаш го имаат одговорот, кога некој ќе побара совет - несебично го даваат, кога на некого му треба утеха или охрабрување, повторно се тука за него. Ваквиот тип на членови не се воопшто контроверзни и го претставуваат срцето на он лајн заедницата. Токму поради нив, останатите доаѓаат на форумот и им е пријатно. Знаат да се дружат (и негуваат) пријателства со останатите членови и надвор од форумот.

Пицикато, педантерија
Сакаат темите да се средени и организирани, а доколку видат тема која се дуплира знаат и да се стават во улога на модератор или админ и да реагираат - да побараат канта, спојување на тема и слично. Доколку забележат трол, знаат и да пратат приватна порака до модератор или администратор. Едноставно, сакаат се да е педантно и подредено. Пишуваат кирилица, го почитуваат правописот, знаат каде треба да стават запирка, не ставаат по три извичници на крај од реченицата...

Упропастувачи на теми
Или - оф топик дрдала. Едноставно, колку и да се трудат, не можат да пишуваат на темата. Највеќе создава нервоза кај оние педантните и кај оние столбовите. Всушност, загатката е дали воопшто знаат дека на форум се дискутира на тема? Ги боли стојко и за кирилица, и за правопис.

СЕКУНДАРНА ПОДЕЛБА

Калимеро
Едноставно, мисли дека сите го мразат (од само нему познати причини), а највеќе неправда "му нанесуваат" модераторите и администраторите. Убеден е дека му ги бришат темите и мислењата од "лични причини", а од истите причини и го банираат. Според неговата логика, во тешка дилема е дали правилата на форумот се измислени за да се прекршуваат, или за администраторот секогаш да биде во право (за тој да биде "угнетуван"). Во секој пост од администраторот наоѓа двосмисленост, а доживува душевен оргазам кога ќе види пост од администратор за да му реплицира, а на останатите членови да им покаже колку се администраторите самобендисани и лоши. Има револуционерски погледи кон светот, а борбата со замислен противник му е љубов од детството, поготово ако тренирал карате (кати). Најчесто има аватар од Че Гевара.

Дрвен адвокат
Најсреќен е кога ќе има "клиент", односно кого да брани. За разлика од калимеровците, овој е убеден дека правдата постои, а дека обесправените и угнетените можат да стигнат до правдата само доколку тој им помогне. Тука е за сите банирани, за сите кои не се повеќе модератори и за сите кои се мета на било каков ремет. Нагоните за изигравање адвокат најчесто му се предизвикани поради локал патриотизам (живее во ист град со калимерото), поради иста партиска припадност или симпатии кон иста политичка опција, а најчесто поради дудлачки побуди (доколку калимерото е од спротивен пол).
 
Ајде сега за домашна некој да ги смести сите активни членови во моментов во некоја од овие категории :)
 
:smir:aj tamarce napraj mi edna mene
 
Ајде сега за домашна некој да ги смести сите активни членови во моментов во некоја од овие категории :)
Сега сите членови од категориите кои ги наведов треба да ми направат на мене :)
 
dobro neka e zabaeno ama da ne e zaboraeno ke pamtam da znaes
 
Ај за мене една, ако има некој шо ме познава шо ме сознал по мнооогубројниве постови. Тyvm. =)
 
еј Океј е.. ја уште ке си чекам...:(


Вие заборавате ама ја памтам :( :(
 
Хех Маc)) богами додека ги најдов постовите пропљукав баеги крв. Anyways here goes.
Мац ме потсеќаш многу на едно добро другарче од маало по чиста случајност и тој го викаат Мац (Маријан) и уште почудно да биде и тој го бива доста за компјутери, технологија и игри (меѓу првите у маало имаше компјутер). Ај забегав малце па да ја почнам The procedure.
Првото што ми западна е дека си доста отворен (искрен). Не го криеш своето мислење, се искажуваш онака баш како што ти сакаш (што на уму то на друму:pos:) Супер ти е таа ствар (многу се поштува по свет) само припази другата страна да не ја повредиш. За желбите, ухх тука има доста поделени мислења: некаде спомнуваш пари, некаде тоа што најмногу ти значи, мислам дека преодни ти се желбите - што посакуваш во моментот, на тоа си сконцентриран најмногу додека нешто друго повеќе не ти го првлече вниманието. За тоа дали си вреден, работлив заклучив у еден пост - има моменти кога ќе те фати некој инат и цела соба ја правиш цакум-пакум (вакум:pos:), а некогаш те мрзи и да го фатиш далечинското да го смениш каналот. Едноставен си - не сакаш многу да ги комплицираш работите. Колку веруваш на луѓето? Веруваш на тие каде што си сигурен, не секому (не си наивен). Заклучоците сам ги вадиш, не сакаш многу друг да ти се меша. Упорноста ја користиш до максимум, ако си 100% во право. Тука заклучив и дека не си премногу тврдоглав. Околу самоконтролата хммм... викаш дека ја имаш во големи количества што малку се коси со она првото што го кажав но можеби тука мислиш за другата страна да не ја повредиш... Ако е тоа (што најверојатно мислам дека е) тогаш нема проблем. За нервозата... бурно реагираш на неправди, а како - со мавање боксови во ѕид. Тогаш ништо не чувствуваш а после, за те кинат руките од болење. Но честоапти кога сакаш да си сам се повлекуваш во соба, легнуваш на земја (не на кревет) chill out музиче и мозок на пасење. Кога некого ќе повредиш несакајќи, најфино се извинуваш. Хумор... го поседуваш, едноставно го вметнуваш во скоро секоја мисла. Широкоград си доста, повеќе даваш отколку зимаш. За љубовта, таа со која си, искрено ја сакаш, секој момент безрезервно го делиш со неа, и` го нудиш целото срце.
Аххх толку.... се уморив..Anyways ако погрешив нешто (или све) слободно кажи, прифаќам критики. Afterall тоа е дел од учењето низ животот.
 
А бе и јас сакам...или ме заборавивте?:nesum:
 
Саладин,ај една за мене бе,може??
Може ама до вечер... најдоцна утре... Ми рикна рамот од 64 MB (мислам рамот у глава) па малку поспоро кркља мозокот. Кај и да е резерва рам секогаш се наоѓа:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom