Мистичен
Човек
ПРИМАРНА ПОДЕЛБА
Столбови
Ова се луѓето кои прават форумот да живее, да се движи, да расте и да се развива. Кога некој ќе отвори тема во која поставува некое прашање - веднаш го имаат одговорот, кога некој ќе побара совет - несебично го даваат, кога на некого му треба утеха или охрабрување, повторно се тука за него. Ваквиот тип на членови не се воопшто контроверзни и го претставуваат срцето на он лајн заедницата. Токму поради нив, останатите доаѓаат на форумот и им е пријатно. Знаат да се дружат (и негуваат) пријателства со останатите членови и надвор од форумот.
Пицикато, педантерија
Сакаат темите да се средени и организирани, а доколку видат тема која се дуплира знаат и да се стават во улога на модератор или админ и да реагираат - да побараат канта, спојување на тема и слично. Доколку забележат трол, знаат и да пратат приватна порака до модератор или администратор. Едноставно, сакаат се да е педантно и подредено. Пишуваат кирилица, го почитуваат правописот, знаат каде треба да стават запирка, не ставаат по три извичници на крај од реченицата...
Упропастувачи на теми
Или - оф топик дрдала. Едноставно, колку и да се трудат, не можат да пишуваат на темата. Највеќе создава нервоза кај оние педантните и кај оние столбовите. Всушност, загатката е дали воопшто знаат дека на форум се дискутира на тема? Ги боли стојко и за кирилица, и за правопис.
СЕКУНДАРНА ПОДЕЛБА
Калимеро
Едноставно, мисли дека сите го мразат (од само нему познати причини), а највеќе неправда "му нанесуваат" модераторите и администраторите. Убеден е дека му ги бришат темите и мислењата од "лични причини", а од истите причини и го банираат. Според неговата логика, во тешка дилема е дали правилата на форумот се измислени за да се прекршуваат, или за администраторот секогаш да биде во право (за тој да биде "угнетуван"). Во секој пост од администраторот наоѓа двосмисленост, а доживува душевен оргазам кога ќе види пост од администратор за да му реплицира, а на останатите членови да им покаже колку се администраторите самобендисани и лоши. Има револуционерски погледи кон светот, а борбата со замислен противник му е љубов од детството, поготово ако тренирал карате (кати). Најчесто има аватар од Че Гевара.
Дрвен адвокат
Најсреќен е кога ќе има "клиент", односно кого да брани. За разлика од калимеровците, овој е убеден дека правдата постои, а дека обесправените и угнетените можат да стигнат до правдата само доколку тој им помогне. Тука е за сите банирани, за сите кои не се повеќе модератори и за сите кои се мета на било каков ремет. Нагоните за изигравање адвокат најчесто му се предизвикани поради локал патриотизам (живее во ист град со калимерото), поради иста партиска припадност или симпатии кон иста политичка опција, а најчесто поради дудлачки побуди (доколку калимерото е од спротивен пол).

) Супер ти е таа ствар (многу се поштува по свет) само припази другата страна да не ја повредиш. За желбите, ухх тука има доста поделени мислења: некаде спомнуваш пари, некаде тоа што најмногу ти значи, мислам дека преодни ти се желбите - што посакуваш во моментот, на тоа си сконцентриран најмногу додека нешто друго повеќе не ти го првлече вниманието. За тоа дали си вреден, работлив заклучив у еден пост - има моменти кога ќе те фати некој инат и цела соба ја правиш цакум-пакум (вакум