Шашави комбинации кои функционираат

Член од
16 октомври 2021
Мислења
637
Поени од реакции
1.425
Само шо пробав ова, без мајонез. Путер од кикирики сам по себе го нејќам ич ама со џем е добро комбо.
Добра е таа комбинација, додај повеќе така џем и ќе ти се засвиѓа јадењето. Е после кога ќе отрпнеш скроз од вкусот додај го неговото височество - Мајонезот :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.764
Поени од реакции
36.684
Пинџур и кисело млеко, не измешано, туку наместо пинџур и сирење, пинџур и кисело млеко, исто и јогурт оди. Баш ми текна на ова, затоа што еден постар колега кога му кажував за ова комбо ми одговори дека прв пат слуша и дека не јадел така претходно.
Ова за мене е најмалку чудно од се, јас цел живот така јадам - пинџур / ајвар / летна манџа со кисело млеко / јогурт / ајран.

Мене најчудната комбинација што кога слушнав прв пат не сакав да пробам, ама пробав и сега ми е стварно убаво е турски десерт што се вика ќунефе и е уствари кашкавал (моцарела) прекриен со слој од кадаиф и прелиен со шербет. Оди најчесто со кајмак или топка сладолед одозгора и е преубаво.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.636
Поени од реакции
34.039
Шот со виски и pickled water, нешто ирска измишљотина. Јас кога пијан и шот со сјај од умивалникот што мијат чаши ќе се напијам ама ирскиот специјалитет ме уби. :sick:

Иначе за мене комбинација што секоја храна ти ја прави послатка е гане два три дима пред јадење па ти се дешава експлозија у уста (стоп!) и не ти текнува за доста.

Мене ме нервира овошје по секоја цена во ручек, океј ајде грозје-кашкавал charcuterie-даски пикник-филмање ама кај нас на работа е стално, еве подолу свинско со ананас, или калинки врз некој кари ориз, портокали у салата… Не поштувам овошје во јадење. Освен можеби риба печена во шлупка од банана поштувам, индонезиски диш ако не се лажам.

Најчесто не знам што јадам од ручеците па одам на сендвичи. Примери од изборот денес:

IMG_0819.jpeg

IMG_0817.jpeg

IMG_0820.jpeg

Одма ловам сендвич.

Инаку во Јапонија годинава пробав прв пат живо јајце со месо. Превкусно. Храната таму ме осакати за живот. Дури грицките им се заебани, бадеми со риби на пример.


IMG_0827.jpeg
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.824
Поени од реакции
10.696
Паштета од гуска(џигер) намачкана и озгора мармелад.

Ќебапчиња со додадено срнечко месо. (Ваљда на Бамби мајка му :oops:)

Ама овакви комбинации, силум прилике. Нејќам експерименти инаку.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.764
Поени од реакции
36.684
А, да, го заборавив и најдобриот овошен јогурт - банана и кисело млеко. Може да се додадат и овесни снегулки и имаш homemade јогобела.

Сум пробал и со други овошја - јагода, праска, кајсија, ама многу е кисело. Со бананата е друга приказна.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Смоки и јогурт стандард, уште си јадам. А исто смоки со еурокремче. Земаш едно и мацкаш у кремчето. Мераци.
Смоки рулз.
Ne smoki, probaj so grizini, solenki ili kako i da gi vikate i eurokrem ;)
Nazad na temata, prazen sendvic. Znaci pupale vnatre so zelka salata, kecap i majonez. Nekogas i kompiri klavaja, zavisi od denot. Ehhh sirotinjo, i bogu si teska :(
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Празници се ближат, на исландските трпези има карамелизирани компири за божиќ, се јадат во комбинација со солено-слатко пушено свинско месо.
Ajkuli od onie fermentiranite nema :cautious:
Автоматски споено мислење:

:cautious: Што е бе ова?
Lepce za sendvic, ona trkaleznoto.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Јас сум изненаден од комбинациите, како и количеството сирење што го конзумираат моите, и до пред некој период речиси секојдневно имавме недоразбирања на таа темика. Сирењето буквално се користи за СЕ

- Грав, ОБАВЕЗНО со леб и сирење (макар и кога има некое парче месо)
- Пилешко месо, ориз, ЛЕБ И СИРЕЊЕ (лебот му оди во комбинација на татко ми, исто како и сирењето - се конзумира со се)
- Шпагети или тестенини со мелено месо, и пресечено парче сирење(во ситуација кога имаш пармезан дома, или било каков кашкавал што може да се изренда врз шпагетите)
- Тост, во ситуација кога ретко имаат под 2 различни кашкавали дома, се разбира со било што сувомеснато има дома и сирење (многу често и само тост со сирење, без додатоци)
- Летно време комбинациите лубеница и сирење, грозје и сирење, круши и сирење не ми се ни дискутираат..

Земаат некое овчо сирење директно од бачило, веќе почнувам да се сомневам дека овие што го произведуваат ставаат нешто во него што ствара зависност, онака не е нормално да се јаде толку сирење, во секоја комбинација искрено..
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.035
Поени од реакции
9.720
- Џем од кајсија на лепче и наросено со овчо сирење.

- Потпечена полента со горгонзола

- комбинација на било кое сирење со суво овошје

- Пилешко печење прелиено со сенф и мед.
Автоматски споено мислење:

Имам јадено шпагети со мелени ореви, не е лошо...некогаш и мед ставам
Пробај шпагети со бел сос од горгонзола и ореви интересна комбинација е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom