Шашави комбинации кои функционираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум пробал (а и не сакам воопшто да пробам), али по западов често јадат пица со ананас
Наша шашава комбинација тука е Симитот, кифла со бурек (тесто со тесто) ама функционира, креваме мрснотии со нејзе :D
@коцка не читај!

Сега најново е да се прават пици со урми, значи нормална пица и ситни парчиња урми низ неа.
Во Шведска имаше пици печени со помфрит врз нив.
 
Ладен грав со топло пиво, шпагети со нутела еурокрем, скара на жар полиена со шумски мед, печени компири со шеќер, пастрмка во сос од кечап, путер од кикирики и ракија, ќебапчиња и виски
Објасни ми само за путер од кикири и ракија, како иде тоа зимаш лажица путер и на екс една ракија? :eek:
 
Еднаш ми текна да направам цедевита со кисела вода наместо со обична. Во моја глава имав замисла дека резултатот што ќе го добијам ќе биде некој добар еквивалент на Фанта.

Лонг стори шорт-не беше.

Ја еднаш(15 тина годинки имав) немав вода дома и пробав да сварам кафе со Пелистерка. Секоја илузија за поседување некаква интелигенција и сходно на тоа-светла иднина во животот умре тука.
Од тогаш навакa, барем еднаш неделно најмалце ми текнува на тој подвиг.
 
И јас имам пробано шпагети со шеќер. Искрено не е лошо.

На една колешка пред некој ден и беше чудно што јадам макарони со туна, сенф, мајонез и кисели краставички :oops:.

Никогаш нема да пробам лубеница и сирење заедно, круша и сирење заедно, грозје и сирење, риба и сирење и пача.

Ја на ова додавам и варен морков.
 
Во Шведска имаше пици печени со помфрит врз нив.

Не е ова скандинавска измишљотина.
Уствари исто како и останатите пици, оваа комбинација потекнува од Италија.
Осумдесеттите години и ширењето на Мекдоналдс во Италија ја предизвикуваа оваа фикс идеја кај еден пица мајстор во Неапол и така е креирана првата пица со помфрит. Многу е популарна кај италијаните особено кај децата.
И јас кога прв пат ја видов оваа комбинација на Малта во една италијанска пицерија ми беше ептен сомнителна ама ја имам јадено многу пати што уопште не би рекол дека е шашава комбинација. Уствари у таа пицерија ја правеа со вуди виршли и баш беше добро комбо. Истотака пица со туна е добра комбинација.
 
Кој не јадел има право да проба пица со тенок слој болоњезе сос врз неа. За мене таа комбинација е рамна на еден ручек.
 
@коцка не читај!

Сега најново е да се прават пици со урми, значи нормална пица и ситни парчиња урми низ неа.
Во Шведска имаше пици печени со помфрит врз нив.
Зошто ОООО ЗОШТО не ја снимав фацата на маж ми дур му читав хахахаха
 
Кој не јадел има право да проба пица со тенок слој болоњезе сос врз неа. За мене таа комбинација е рамна на еден ручек.

Што и да е само рамно да е. :icon_lol:
 
Не е ова скандинавска измишљотина.
Уствари исто како и останатите пици, оваа комбинација потекнува од Италија.
Осумдесеттите години и ширењето на Мекдоналдс во Италија ја предизвикуваа оваа фикс идеја кај еден пица мајстор во Неапол и така е креирана првата пица со помфрит. Многу е популарна кај италијаните особено кај децата.
И јас кога прв пат ја видов оваа комбинација на Малта во една италијанска пицерија ми беше ептен сомнителна ама ја имам јадено многу пати што уопште не би рекол дека е шашава комбинација. Уствари у таа пицерија ја правеа со вуди виршли и баш беше добро комбо. Истотака пица со туна е добра комбинација.
Имам јадено со туна и морски плодови. Нат бед.
 
Макарони или шпагети со гулаш од озгора сте пробале?
Автоматски споено мислење:

Еднаш ми текна да направам цедевита со кисела вода наместо со обична. Во моја глава имав замисла дека резултатот што ќе го добијам ќе биде некој добар еквивалент на Фанта.

Лонг стори шорт-не беше.
Па ова е супер комбинација. Добиваш газоран сок. Не е како Фанта ама сто пати подобро од Цедевита во обична чешмовача вода.
 
Макарони или шпагети со гулаш од озгора сте пробале?
Автоматски споено мислење:


Па ова е супер комбинација. Добиваш газоран сок. Не е како Фанта ама сто пати подобро од Цедевита во обична чешмовача вода.

Заебанцијата е што мора да измешаш со лажица при што се губи газираноста и се добива изветреана Миринда. Пробај ако сакаш.
 
Заебанцијата е што мора да измешаш со лажица при што се губи газираноста и се добива изветреана Миринда. Пробај ако сакаш.
Пробано супер е. Јас земам од Heba кисела вода и таа ми е повеќе некако на вкус газирана. Овие нашиве Пелистерка, Кожувчанка не ми се некој јак вкус на газираност.

Од Heba 3-4 чаши испиени кога ќе ждригнам имам чувство дека излегува мирисот на храна и од завчера што сум јадел :pos:
 
Последно уредено:
Штета одамна ги немам видено кај нас. Милка со чили.
Прегледај го приврзокот 439178
Убаво ти пишува дека е лимитирано што значи не го има за секогаш во продажба. Знаат нема многу да се продава, не сите се храбри да го пробаат овој микс од вкусови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom