A koj e kontekstot ustvari, ne e prv pat Toni Nadal da gi vadi na povrsina frustraciite od Novak da bideme realni, zadnji godina dve redovno znae da go spomne vo ne taka dobar kontekst, nekad da, nekad ne. Ama pa do nekade i go sfakam, ne ni ocekuvam da go vozvisuva so ogled deka cel koncept so Nadal mu go poremeti od 2011 nagore.
Da ne bidam sfaten pogresno, nemam nisto protiv toa, da ne go saka, i ne treba da go saka, najgolem rival istoriski gledano im e, samo znam deka go respektiraat, i on i Nadal pred se, ama ne znaci deka pod difolt treba da ima ligavenje i slicno, ima granici i toj respekt taka da taka i treba da ostane i vo idnina i so idnite generacii, a ne najbolji drugari da se teniserite i taka da se ponasaat, preku kur od toa.
Sega gledam uporno gi forsiraat Alkaraz i Siner da se best buddies
, uredu e, ako ne i reketi posle sekoj epski mec neka razmenuvaat ko vo fudbal, bog da cuva, premnogu mek sport stanuva tenisov nekako niz godinive.
Тони Надал низ годините највеќе респект покажувал пред Новак така да контекстот на оваа изјава не е да се навреди Новак во никој случај. Небитно, за кликови свашта ќе пишат дебиливе, а како што гледаш и самиот и Рафа и Новак се поштуваат премногу и не им се ладни односите како што се збореше на темава низ годините. Може не се БФФ ама имаат и повеќе од коректни односи и комуницираат нормално.
Него, малце ми е криво што Рафа се опрости со пораз од... БОТИК ВАН ДЕ ЗАНШЛУП
После мечот и самиот Рафа изјави дека ако бил капитен во моментот не би се избрал себе за да игра, алудирајќи на нивото кое го има моментално, а истото се едначи со просечен ИТФ играч. Нема везе, битно го испратија со сите нишани, деновиве хоум пејџ на инста ми е поплавен од честитки и постови за Рафа од сите страни, тоа е доказ колкаво тениско и човечко богатство има создавано низ годините. За мене како негов фан уште од времето кога имаше 0 слемови ова е и повеќе од доволно, ни во лудило не очекував дека ќе освои 20+ слема, а ни во најголемото лудило не очекував дека тениски ќе трае до 38 години.
22 слема, втор во историјата позади Новак, 14 РГ- нешто што тешко дека некој некогаш ќе го достигне и оствари на било кој слем, не мора да е РГ, 36 Мастерси, 11 пати освоен Монте Карло, 10 пати Рим, 12 пати Барселона, двоен олимписки шампион, еднаш во дубл, еднаш во сингл, сите слемови освоени по најмалку 2 пати, најмлад со Career Slam, 10 години по ред освојувач на барем еден ГС турнир годишно, најмногу титули на земја во историјата, најдобар процент на победи на земја во историјата, најдобар процент на добиени мечеви на земја во 3 сета, само 4 порази има (Содерлинг 2009, Новак 2015 и 2021 и Ѕверев 2024) итн итн, можам да редам до бесконечност.
Најголем респект од мене, а верувам и од останатите фанови има за својата скромност, кариера без ниту еден скандал, кариера без ниту една дамка, никогаш нема скршено рекет, секогаш респект према противникот и на и вон терен, апсолутен рол модел за било кое дете кое сака да биде спортист.
Нека ти е среќна пензијата мајсторе, заслужена 102,3%.